Лолита,имам во мојата околина луѓе кои имаат деца со страбизам. Девојчето на едни пријатели се излечи во Битола кај некој човек со биоенергија.Нејзе многу и беше нагласен страбизмот.Одеа подолго време ,мислам околу година дена на терапија,еднаш неделно,ама со успех.Сега девојчето е супер,не носи наочари.Само малата имаше тогаш околу 7 години,поголема беше. А окото ,,здравото „мора да е покриено,за ова ,,мрзливото да поработи„. Ама се изразив ,се надевам дека ме разбра.
^^Да, разбрав, веќе и пренесов на мајката, закажале утре во Визија. Ви благодарам на сите од нејзино име.
да ве прасам како ја одржувате хигиената на ушите на вашите деца?моето има година и пол и скоро секој ден му ги чистам ушите и секогаш има што да се чисти.Dали е тоа нормално и што треба да превземам
^Мислам дека не е препорачливо секој ден да се чистат ушињата на децата, а поготово со чепкалки за уши. Искрена да бидам и јас на ќерка ми и ги чистам со чепкалка ама 2 пати во неделата.
Чистењето на ушите кај децата ми кажале дека не препорачливо.Јас на син ми му ги чистам скоро секој ден,а на ќерка ми еднаш во неделата.Но и многу зависи од тоа колку увото лачи себум, на пример син ми многу се поти , а ќерка ми не се поти.Можеби ова нема врска,се е до организмот.
Јас имам мака со ушите на поголемото дете, па од одење по лекари и прашување сфатив дека чистење уши со стапче не чини ни за возрасни, а не пак за деца. Да не ми се чудите, сега скоро бевме на Клиника за уво, нос и грло и таму една лекарка (специјалист) ми кажа дека грешам со тоа секојдневно чистење на ушите на детето. Требало да се отстранува само она што увото ќе го исфрли (значи што ќе стигне до надворешниот дел). Другото всушност вика ги чува ушите од инфекции и сл. работи. Друг проблем е што со ставањето на стапчето внатре во увото само се туркаат навнатре работите кои увото сака да ги исфрли. Друга лекарка (исто ОРЛ специјалист) ми кажа дека треба да се користат само антибактериски стапчиња со граничник (оние задебелени што се) за да се намали веројатноста од повреди. Педијатарката на бебето пак ми кажа никако да не му ги чистам ушињата на бебето, само однадвор на увото да соберам ако има нешто увцето исфрлено (најдобро со газичка, ама јас некогаш користам и антибактериско стапче со граничник). Вика повеќе проблеми со ушињата имаат бебиња на кои им се става стапчето внатре во увцето при чистење.
И мене на ОРЛ ми кажале дека не е препорачливо да се чистат ушите со стапчиња, т.е дека се чисти само она што увото го исфрла. Јас им ги чистам од прилика на 2 недели, и тоа внетре речиси и не влегувам, само на влезот на увото.
фала многи за одговорите но мислам дека увото не може скроос да го исврли тој себумот и по некое време ако не се исчисти тој како да се стврднува и најверојатно од тоа го чешаат ушинјата и станва многу нервозен ај ке видам ке го однесам на специјалист
Во темава имав пишувано дека ќерка ми има непријатен мирис на главата, дури и веднаш по бањање. Косата и ја миев со различно детски шампони, но состојбата не се менуваше. Во текот на летото косата и ја миев со Еуцерин против првут - за возрасни, бидејќи и се појавуваше и првут. Не знам дали од шампонот, или од некои други причини, ама непријатниот мирис веќе го нема, барем не пред да се испоти на главата!
Ај и јас да си прашам нешто. Денес зедов резултати од брис од грло и нос и како гром од ведро небо ми беа. Малиот има стрептокока во нос. Отидов веднаш на лекар и ми препиша сируп антибиотик и маст хлорамфеникол да му ставам во нос. Бидејќи за прв пат ова ни се случува и прочитав све и свашта на нет па ме интересира дали вие имате некакво вакво искуство. Инаку не му тече носето, суво му е, нема температура, нормално си јаде...(правев рутинска контрола за во градинка). Прочитав дека ако бактеријата не прави проблеми (кашлање, секреции..) се лекува само локално со капки за нос измешани со антибиотик а не и орално да се пијат антибиотици - а ако се спушти бактеријата надолу??? А др. пак велат дека се лекува обавезно со антибиотик и тоа многу тешко се чисти. Некој некакво искуство???
Славица, што направивте со стрептококата? Ќерка ми исто така излезе дека има стрептокока, ама во грло - ни кажаа да пие антибиотик 10 дена, па после 2 недели пак контролен брис. За чудо, симптомите ги снема после првиот ден од третманот со амоксиклав. Е сега нели има различни типови, едната предизвикува пневмонии, оваа на ќерка ми нешто помалку сериозна беше.
Да ти кажам право бев голем скептик и дека воопшто ја има. Едноставно немаше никакви симптоми, ниту кашлаше, ниту му течеше нос, ниту температура, апетит супер. Си пиеше 10 дена оспен сируп и маст хлорамфеникол во нос сабајле и навечер, и на моја рака по препорака од братучетка ми и тоа што читав по интернет,во нос му шприцав капки - солени капки измешани со цитерал капки (антибиотик се нели) 3 пати на ден и многуууу чај од брусница. Можеш и ти преку некој спреј проанги или некој неутрален за грло да раствориш цитерал капки или гарамицин или др. антибиотик па нека е и ампула, кој излегува на дијаграмот на кој антибиотик е најосетлива бактеријата и навечер и сабајле шприцај и во грло, ништо и не е. После му направив пауза и пак испитав брис и немаше ништо. Планирам за едно месец дена да убаво се прочисти организмот од антибиотици да го одведам до Систина (дознав дека и таму има лабораторија) таму да му проверам брис, зашто се сомневам на овие резултати. Без разлика мора да пие 10 дена сируп и + би ти препорачала да и даваш чај од брусница, многу е добар и ја чисти бактеријата (ова од искуство што знам дека ја имале во желудник). Во суштина секој ја има ама при мал пад на имунитет таа се покажува на брис. Секаде прочитав па дури и така Др. Цекиќ вели дека ако нема реакција во организмот не се лечи со антибиотик, а кај нас е пракса да веднаш се даде антибиотик. Бидејќи е пренослива може на неа да не и прави проблеми а кај др дете да направи проблеми а од друга страна многу тешко се чисти од организмот и најлош исход е да удри на срце (да не те плашам ) и направи залисци. Од тие причини дека и оди малиот во градинка (се пренесува преку контакт) често на моја рака на 4-5 мес. му правам контрола.
Извинете што ќе се вмешам, ама баш правев муабет со еден доктор. Јас многу пиев чај од брусница поради зајакнување на имунитетот. Тој кажа дека во чајот од брусница нема ништо посебно. На 100 степени, се губеле сите витамини од брусницата. Најдобро било да се јади брусницата како плод. Ја има во Spoiler Тинекс , на рефус се купува сушена. Пс. Spoiler Сепак бидејќи сум голем мераклија на чаеви пијам чај од брусница, од Виталија ми е највкусен.
^ Да, секогаш. Моите често имаат пролив ако не им дадам, па веќе по навика веднаш им давам. Исто така и во устата знае да им се јави - не знам дали е тоа габична инфекција или што е, јазикот им е бел и прошаран, па за да не дојде до тоа им давам. Инаку треба да пијат Нистатин капки, а многу се гадни.
Ќерка ми има седум и пол години, и уште спие во вреќичка. Веќе и проблем е да најдам соодветна големина, бидејќи главно помалите деца спијат во вреќички. Сепак, многу немирно спие, многу се открива, и некако не се чувствувам удобно ако престанам да ја ставам во вреќичка. Ама не може да спие во вреќа уште долго, сепак мора да се навикне само со јорган или каква и да е прекривка. Ме интересираат други искуства, ако има некој да сподели.
Се сеќавам дека брат ми спиеше дооолго време во вреќичка. Кога ги надрасна сите му ја продолжуваа со шиење хаха Едноставно немаше избор, тогаш живеевме во куќа, па никој не ти води сметка да ти го уклучи парното уште во 5 сабајле или да го исклучи покасно, како сега кога сме на гратско парно. А ептен немирно спиеше, ако не беше вреќата моите ќе стануваа на секои 30 минути да го покријат. Вака мирна глава, си знаеш на детето му е топло