Мајки Ќерка ми веќе подолго време одбива да јаде. Скоро 3 месеци. Не сака ниту да проба. А ако некогаш ја прелажам да проба максимум две лажици каснува, ако не и се допаѓа. Јогурт, леб, банана, круша и макарони, јаболко и тиквица се намирниците што 90% ни се на мени. Ретко се случува да касне ориз, спанаќ и малини. Многу еднолично ни е менито. Има денови кога по цел ден не јаде, само глода лебче. Цицањето е турбо. Често бара. Денес ја приметив дека сака да јаде тоа што јадеме ние. Иако сите заедно седнуваме да јјадеме, таа не го сака тоа што е подготвено за неа, туку бара од нашето и вришти затоа што не и даваме. Морам да признаам дека ние не се храниме баш здраво и неможам и не сакам да и давам од глупостите што ние јадеме. Она е голема веќе, разбира, разликува. Незнам како да се прилагодиме со исхраната. И како да ја натерам да јаде разновидна храна. А не само малкуте намирници кои ги јаде.
@НаталиЛили Кога кај нас малата одбиваше да јаде јас го променив начинот на кој ја хранев. Ја хранев во игра, на балконот, па дури и додека ја шеткав. Занесена во игра ми се чини дека не забележуваше дека јаде. Не беа некои големи оброци но да речеме пола од јадењето го јадеше. Баталив лажичка пошто плачеше штом ја видеше, и ја хранев со раце , и макав во оброкот со лепче и лапкаше така. Овошните оброци пак и ги правев во сок па преку чашка или преку шише си ги пиеше. Тоагш подметнував (а и сега подметнувам) намирници кои не и се баш омилени во помали количини- сепак нивниот вкус да не доминира. И исто ја оставав саглам да и се пријаде, ако треба да руча во 14 јас и давав дури во 16 часот, кога беше многу гладна некако повеќе ми јадеше. Тогаш се плашев дека учи лоши навики во врска со јадењето, но откако после 2 недели и се поврати апетитот пак ја седнав во столче и си ја хранам нормално. Ако мислиш дека го сака вашето јадење тогаш прилагоди ја вашата исхрана на нејзината. Нека има повеќе здрави намирници на масата кога јадете, во интерес на детето, па и во ваш интерес. И немој да и се грижиш многу, сите деца имаат период на нејадење. Се надевам во скоро време ќе те прочитаме во темата ,, Денешното мени... ,, со големи и здрави оброци за малата принцеза. Имајте убав ден!
Пак јас, мајки зедовме брис и од нос и од грло, ама негативни се, а синко имаше покачено ЦРП 12 и леукоцити 17.7, висока температура, потечени жлезди. Пие антибиотик Амоксиклав од петокот, во понеделник земавме брис, има ли врска тоа. Температура имаше 3 дена, сега е подобар, почна и да јаде. Како покачени се вредностите а ете нема бактерија? Нема и во урина.
Обично покачени гранулоцити и пониски леукоцити се знак за бактерија. Значи или е од вирус или црвено грло?
Ако пие истовремено и антибиотик и брис сте земале можно е да покаже моментално лажни резултати. Леукоцитите ви се доста високи ,сигурно има некое жариште некаде во организамот,но немора да значи дека е баш бактериска инфекција.При вирус леукоцитоте опагаат.Ние со леукоцити 14 имавме бронхит . Проверивте ли аст и алт колку се?
Мислам дека не провери аст и алт, знам дека гранулцитите беа 10.8 или 61 ÷. Јас се плашам за жлездите, какви мисли ми се вртат. Значи недела претходно имаше црвено грло, пиеше алмацин, за после престанокот по три ден да каче температура.
@JuLleE за жлезди зголемени мислиш на крајници?Ако е така јас те советувам да провериш аст особено ако и понатаму имате Т а антибиотик не ви делува.
Па кај крајниците се две и има кај ушите на жилата мали ама тие во близина грлото се поголеми. Т имаше само три дена, носот послабо му тече, секретот не е веќе зелен, почна и да јаде. Добар е сега, мислам дека антибиотикот делуваше. Само 3 дена беше со Т. Инаку синко има доста забен кариес, горните заби му се скроз изронети, читав дека и тоа предизвикува отекување на жлезди. Мајки паничам, др ме убедува да не се плашам, ама неможам са поднесам уште една болест. Ужасно се плашам, блиска особа има тешка дијагноза, и може сум и параноична ама стравот го прави своето.
Штом се повлекуваат симптомите нема зашто да паничиш ниту пак да мислиш на она најстрашното.Ако има проблеми со забите можно е да е и расипано запче,процес некој и од тоа и леукоцитите да се повисоки. Секојдневно имам искуство со најлоши дијагнози и верувај со овие вредности на крвта немаш простор за паника
jas na sin mi mu zboruvam na italijanski ,samo koga zbori so baba i dedo na skype zboruvame na makedonski (malecok e 6 ipol meseci). mojot majcin jazik ke si go nauci postepeno so mene.
Три пати, во рок од 10 дена, на син ми му тече крв од носот. Секогаш на спиење. Вечерва пак му течеше и некако се загрижив. Има 6 години и досега никогаш не му течело крв од нос. Што може да биде причината?
Mozebi od zeskoto, mozebi ispukana kapilara ako si brka vo nosot. Prasaj pedijatar, neka mu zemat briz.
Јас како мала имав ваков проблем. Крв од нос ми течеше понекогаш и по неколку пати во денот бидејќи имам плитки капилари. Може да е тоа, но не оставај на случајност и однеси го на лекар, направи крвна слика и биди си раат.
Бевме на лекар, добар е малиот, сите симптоми се повлекоа освен жлездите. Ги виде пак др и ми вика дека тоа е поради тоа што беше болен, 90 ÷ од децата отекуваат на вратот и препоните. Некни проверив и на препони ама неубаво, сега го фатив подобро и напипав и таму жлезда. Мајки ме убедуваше и матичната со таа крвна слика нема простор за паника, дека доколку постои нешто посериозно и полошо веднаш ќе покажеше. Јас се обидувам да се смирам ама станав параноична. Се вадам од памет.
Ти рекле лекарите да не се грижиш, опушти се малку немој да бидеш напната. Недај Боже да имало нешто ќе покажело на крвната слика. Следи ги жлездите дали се повлекуваат. Да прашам на каква перница спијат вашите дечиња? Ќерка ми спие на таа што и е од бебе. Не е воопшто висока. околу 2 см и е мека. Кога лежи на мојата и е убаво. Не знам дали да и ја сменам со некоја друга малку повисока???
Мајки од што може каката на син ми да мириса на киселина и тоа она внос да те мава ова до сега не ни се случило денес прв пат а и некако овие дена ми подкашлува по малце а вечервава некако и позачестено ми подкашлува .