И кај мене почна од пред некој месец,а не е по негово се луте,плаче,вика,исто 4год е. И со другите деца што се друже на роднини/другари гледам исто сите се однесуваат. Како некоја епидемија да е. До пред некое време беше бубалче,мирно,послушно.. Но верувам од преразгаленост си ги доведуваме децата до овој степен. Ретко го карам,скоро никогаш,мм го гледа многу ретко заради работата па ни тој не го кара .. Инаку само дома вака се однесува,на гости или во продавница е мирен. Се надевам дека е фаза и ке помине за брзо.
Мајки , имам еден проблем во врска со ќерка ми , би сакала некој совет ако некоја има некакво познавање Ќерка ми има 6 години и е во период кога и паѓаат забите. Пред 2 недели (додека бевме во Мк неколку дена пред да и падне забот) а и се клатеше , нејќеше да јаде , плачеше цело време се додека не ја однесовме на забар и и го извадија забот. Сега пред неколку дена , баш во понеделникот , оддеднаш се затвори во себе , почна со мимики да кажува да , не , и е страв да зборува , да јаде , се држи за долниот дел на устата и постојано потплачува. Ја прашувавме цело време што ти е те боли и само одрекува не со главата. Завчера ја носевме на забар ајде викам да не не кажува на нас , тој и ги виде забите и рече дека ниеден не и се клати идека ов ред и се забите. Нешто додека се заигра е ок потоа ако и текне пак ешто во врска со забите се фаќа кај устата и плаче. Денес ја однесовме на педијатар ја прегледа и кога виде дека со здравјето општо се е ок , не прати кај детски психолог. Таму жената и зборуваше , ја потпрашуваше разни прашања и малку ја опушти ,па фала богу нешто јадеше , почна да ни зборува , ја шетавме со мм.. дојде сега дома и истата песна , плаче , се гледа декаи ма некој страв.. Го имате ли ова поминато? Прв пат ова ни се случува и ме фаќа страв ден ноќ смао тоа мислам.Истото и во забавиште го прави , кога оди сабајле ок е ама кога се враќа пак тоа и е во мисла. Жената исто така ни рече да не и зборуваме ништо во врска со забите , да не и обврнуваме внимание во врска со ова. Се надевам дека е некоја фаза
Ќерка ми кога направи 6м , почна да и се познава на левата страна малку како кривинка на грпчето ...Ја однесов на 3 доктори ортопеди , а зборев и со матичната они упорни не гледале искривување... Веќе имаме 15 м и искривувањето уште по приметно е совет ?
Вежбички нешто....може ако од едната страна и се послабо развиени мускулите да дојди до неправилно држење на телото, па така да ти делува како искривена. Со вратчето како е? Дали преферира да се врти на една страна повеќе на лево или на десно?
Не ,нормално си се врти . Спие на двете страни ,на меше ..се наведнува на двете страни. Немам забележано такво нешто.
А сега кога е веќе поприметливо што ви вели педијатарот? Мора таа да ве упати некаде...биди упорна и не чекај со месеци.
Мајкички имам проблем со лутината на ќерка ми. Ако нешто не и е по кејф или сака веднаш да оди надвор да си игра а јас не сум во можност тоа да и го остварам,таа се фрла на земја и се треска со рачињата и со нозете... Некогаш ако е на кревет од таму се фрла на земја и плаче хистерично,ми е страв да не се повредиИма 22 месеци,разбира се,зборува се,се трудам да и одам по кејф ама некогаш ме збеснува до тој степен што едвај се контролирам да не и направам нешто.Обично ја оставам да плаче и одам во друга соба бројам до 10 и пак се враќам како ништо да не се случува.Што е ова,тантруми ли,карактер ли?
@Manuela. Исто се однесува и малата моја, со големата сум немала такви ситуации. Таа и надвор ако нешто не и е по ќеиф знае да легне на сред улица и да се треска....страшно е за гледање, а богами и за справување со ситуацијата. Интересно, а во градинка е највоспитато дете вика воспитувачката. Мислам дека почна така да прави околу 20 месеци и сеуште трае
Две години и три месеци. Ја игнорирам колку можам, дури сега можам да кажам дека мааалку поретко прави така. Да се надеваме дека е фаза.
Тантруми, кај некои деца помалку кај некои повеќе изразени. И мојата знае да изреагира сеупте не до толку бурно со трескање на земја ама пак. А сум чула дека траат и некаде после 3г
Ајде овде ќе ја пренасочам темата оти не станува збор само за зборување. @fuki дали детето има некоја игра што му е омилена? Дали има работи кои ги прави нормални за возраста и дали можеби има некои работи во кои детето е понапредно за таа возраст? Со други зборови, дали сметате дека заостанува во се или само во одредени работи? Еве јас на пример имам две дечиња кои сосем разично се развиваат. Син ми е тотално различен од цел свет, а ќерката е по сите стандарди. Син ми е исклучителен скоро во секој поглед во развојот од останатите деца. Некаде е далеку пред возраста, а некаде многу забушава. Има некои чудни навики, игри и сфаќања што не се карактеристични за деца на таа возраст.
секое дете е различно, син ми мн повеќе сваќа отколку што можи да се изрази, ги препознава луѓето кои се лажни и глумат, а има 3 год. една воспитувачка воопшто не ја сака бидејќи и таа не ги сака децата туку работи ради реда. а со другите две е супер. а не зборва многу и е палав премногу. сепак за нешто секогаш детето ќе биди понапред, а за нешто не или ќе заостанва.
Несакав да отворама нова тема па ке го поставам прашањето овде... Мојата пријателка има 9 годишно синче кое е малце специфично.Детето е нормално, убаво воспитано, многу интелегентно, почна да зборува на неполна година, пред година почна да рецитира песнички, веке на година поврзуваше цели реченици.Од 5 години научи англиски, сега зборува течно и на англиски може слободно да разговара.Се е во ред освен фатот дека го интересираат повеке активности кои се вообичаени за девојчиња. Од многу мал не пројави воопшто интерес за коли, топки, и др, типични машки играчки, тој се играше со пластелин, кујна, чајанки и слично. Детево го интересира да црта, прави фигури преубави од пластелин, украси ама тешко се снаоѓа во друштво на други деца. Додека беше помал и не беше некој проблем ама сега се повеќе има мака да си најде другарчиња, децата му се смејат, го викаат женче, дома татко му почна да му забранува на детето да се игра со работи за кои предходно не му биле забранети, баш на пример скоро сецка хартија и прави цвекиња и татко му се развика во стилот: -демек што ти реков јас за тие цветови и глупости...и детево баш се растажи.Доста е блиско со мене, го чувам од мало, и ми вика : никој не ме разбира, само ме караат, никој не ме сака. Тие одеднаш како да сакаат да му го потиснат карактерот на детето и да го направат типично машко дете.Има помало братче кое од мало се игра со коли, спајдермени, топки, со сите играчки кои овој не ги перцепира.Малово често го задева да се тепаат а секогаш поголемото на крај е карано и за нешта кои не ги прави. Детево ми лежи на срце и ептен го сакам ама незнам како да му помогнам, единствено кога е кај мене му дозволувам да биде тоа што е, да се однесува како сака, да цртаме ,да боиме, украсуваме, гледаме цртани, ми прави фризури.Премногу време му даваат да гледа на компјутер и тоа плус мислам дека тоа додатно смета.Јас немам мои деца сеуште па секоја моја забелешка или совет околу децата е дочекана во стилот ти немаш деца и неможеш да солиш памет.Што мислите вие, сте сретнале ли сличен проблем?
И јас слушнав нешто слично за детето на едни наши познати. Од мало сакало да облекува фустани од мајката, сега си готвело и со женски работи играло. За роденден кујна му купиле (ајде тоа и не е така страшно). Не знам што да кажам, треба да се разговара со детето, да му се објаснуваат некои работи за да не се затвори во себе. Неможе одма да се каже дека е феминизирано, можеби е само фаза.
Жално е што нема разбирање и подршка од дома. Со забранување да си игра и да прави тоа што го интересира само орават полошо. Ама тоа е тој балкански татко што смета дека ако синот не сака да се тепа, не е заинтересиран за фудбал, коли, мотори... мора да е феминизиран. А и да е тоа не се менува со забрани, само повеќе ќе се исфустрира детето и ќе се затвара во себе. А и децата на таа возраст се многу сурови, посебно со се што се издвојува од толпата. Се надевам како расте ќе си најде своја средина и круг на луше со счични интереси и размислувања. Треба да се разговара со росителите, да разбераѕ дека него му треба подршка и разбирање најмногу од дома. Но како да ги натераш да разговараат и да прифатат стварно не би можела да кажам