Прашања и одговори поврзани со растот и развојот на децата

Дискусија во 'Дете' започната од kristinamk, 20 февруари 2011.

  1. zagrizenamama

    zagrizenamama Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2015
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Мајки имам непријатна ситуација а со оглед дека е викенд незнам што да правам. Детето од сабајле кога стана од спиење неможеше да застане на ножињата ниту да оди. Поминаа едно 15мин се опушти и почна ама со едното ногче во коленцето цимнуваше. После некое време се движеше без проблем, трчаше, се вртеше во круг, значи најразлични движења... Попладне легна да спие и кога стана се испружи на ножињата и левото коленце пак му се свитка, цимна, незнам како да објаснам и пак неможеше да оди едно 5мин ради левото колено. После тоа се движи пак нормално. Не се жали на болки, го свиткувавме, исправувавме ножето, има осет на ножето кога ке го штипнам или стиснам... незнам дали имате вакво искуство и на што може да се должи со оглед дека го немам видено да се удри претходниот ден... се работи за 2годишно дете.
     
  2. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Мајки, имам голема недоумица околу малиот. Се работи за физичкиот раст, т.е. неговото „заостанување“ вака грубо да се изразам :( Има 3 години и 5 месеци, има едвај 13 кг и висина најверојатно 93-94 (не можам точно да измерам, ама не е повеќе од ова). Здрав е, немаме проблеми со болести, дури и вирусите од градинка или не ги фаќа или многу полесно ги поминува од другите деца. Крвна слика последен пат на крај на Јануари правевме, сите параметри се одлични, а не му давам никакви суплементи за имунитет или апетит, или витамини, ништо од тоа. Не е јадач, ама во последно време не можам да кажам дека ништо не јаде. Споро јаде додуше, ама тоа што ќе му го ставиме во тањирот ќе го изеде, ако остави, малку остава, неколку лажички. Од течности пие млеко и вода, понекогаш јогурт, сок никаков не сака да види, ни природен ни купечки. Овошје јаде свежо сецкано или цело, и зеленчук свеж сака. Од „гревовите“ јаде смоки, ама ретко му давам. Чоколади не обожава и количински не јаде повеќе од едно-две коцки чоколада, не е по благото ич.


    На педијатар одиме од време на време на контроли, го гледаат дека сѐ е во ред, дека менталниот развој му е нормален и сѐ уште не гледаат нешто дека отстапува од нормалното. Не гледаат простор и потреба нешто подетално и посериозно да испитуваат. Дали сметате дека сепак има простор за грижа? Дали некаде грешам јас во тоа што мислам дека некаде во позадина лежи некој проблем што е толку многу ситен? :( Да напоменам, и јас сум ситна, 160 сум висока, мм е некаде 180. Сестра ми и мајка ми се исто 160 татко ми е некаде од 173 до 175, не знам точно. Знам дека нема некои предиспозиции да биде голем, не ни очекувам, ама се надевав барем малку поголем да биде.

    Сметате дека треба некои испитувања да се направат? Ако да, што би требало да се направи?

    Секој совет и мислење се добредојдени :)
     
    Последна измена од модератор: 27 февруари 2018
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.835
    Допаѓања:
    202.886
    Пол:
    Женски
    Просекот според табелите за раст и развој кај момчиња се од 13-15 кг и од 93-97 см. Така што, не гледам проблем бидејќи детето е тука некаде. Ако му е добар менталниот развој, мислам дека немаш причини за грижа. А и сигурна сум дека таму каде што сте, би ви укажале дека има проблем, ако постои.
    Ако сакаш да направиш дополнителни испитувања кај нас, можеби на ендокринологија, да се проверат вредностите на хормонот за раст.
    Ама како што реков, јас лично сметам дека немаш потреба за грижа. И големиот ми е ситен, на таа возраст исто имаше некаде 12-13 кг, а за сантиметри сигурно тука некаде. Можеби повлекол ген на твоите :D
     
    Последна измена од модератор: 27 февруари 2018
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  4. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    И јас се тешам цело време со лошата генетика :D Ама сепак не сум мирна, сакам да сум на сигурно, ако евентуално има нешто проблем да го најдам и да го решиме, каков и да е. Од друга страна, не сакам со сила да буткам некој проблем каде што го нема :| Менталниот развој му е сосема нормален за возраста, во ништо не заостанува. Зборував и со воспитувачката во градинка, има долгогодишно искуство и многу образование во областа, вели дека развојот му е како и кај секое друго дете на таа возраст :?:
    За тоа каде сум и за тоа дека ќе го најдат проблемот........ако го има, ќе го најдат ако се направат испитувања. Ама за да ги направат испитувањата, е огромен проблем. Ако докторите овде не гледаат силна причина да направат и најобично испитување, дури и крвна слика, нема да го направат, не може никој да ги убеди. Колку и да ги молиме, џабе ќе биде. На лепе очи и молба ништо нема да добиеме. Нивниот став е дека нема потреба од ништо да се испитува и да не се грижиме :|
    Следната недела јас ќе правам испитувања на ендокринологија, па барем и него да го однесам :?: Се надевам дека само непотребно се оптеретувам со ова.

    Фала ти @Annath :hug:
     
    Последна измена: 26 февруари 2018
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.608
    Допаѓања:
    76.838
    Пол:
    Женски
    Фатил твој ген мислам :) Јас и мм сме 180, 192. Синко на негови неполни 3 год (во Април ке полни), е преку најгорната граница од табелата за раст и секогаш бил... 101цм беше последен пат и носи алишта за 4,5години дете.. има некаде 18кг. Ама не се грижам, гени си се гени. Имаме внуче кое е поголемо 2год од него, има 4ипол и е поситен од мојов, полека го надрасна :D но родителите му се така двајцата колку тебе еве некаде.. Машките после пубертет се извишуваат, еве знам едно какво мало слатко ситно детенце беше до кај 10годинки, не го видов некое време... леле кога видов колкав пораснал за глава се фатив :o
    Очекував мојов да биде голем, очекував и дадичкава, ама таа како црвче напредува :D а има мм и ниски во фамилијата, па ке видиме чив ген фатила, битно жива и здрава нека е :) Замисли синко на 2м беше 6ипол кг, додека дадичка на 4м е 6кг :lol: Ептен различни гени :D
     
    Последна измена од модератор: 27 февруари 2018
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  6. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    @mariz , машала големи сите :) Супер :) Мене ми се врти филм во глава да не остане премногу мал, да не почне и ментално да заостанува итн итн (facepalm) На се’ ми текна.
    Ќе видиме, сепак не сакам само на генетиката да се потпрам. Нема да имам мир, ќе ме јаде црвот додека не се уверам дека се’ е во ред. :worried: Во недела доаѓаме во Скопје, следната недела јас за мене ќе одам на ендокринологија, ќе видам него каде треба да го однесам.
     
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.608
    Допаѓања:
    76.838
    Пол:
    Женски
    Најверојатно на детска клиника. Ние бевме за фонтанелата дека ептен брзо му се затвори да испитаме, но одамна беше... му земаа крв за повеќе работи (од вена), па после со резултатите бевме кај една докторка на првиот кат, најдесно.. имаше некоја крива на раст, го измери висина, тежина и рече дека си е во ред... :) прашај баш да не те излажам, но најверојатно е тоа, таму..
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AnaBub

    AnaBub Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2017
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Мајки од која возраст се дава омега 3?
     
  9. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.623
    Допаѓања:
    15.731
    @green.eyes ако сакаш да го носеш на Детска клиника оди кај др Кочова само многу тешко со термини се закажува ,вторник и среда мислам има прегледи,ама бидејќи тука немате матичен побарај ако можеш да се видиш со неа лично,на втори кат е Ендокринологија.
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    4.538
    Омега 3 може да се дава после 3 години. Го подобруваат имунитетот, помагаат во растот и развојот на коските и мускулите, корисни се за мозокот и видот.
     
  11. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Минимум гoдинкa, пoсле гoдинa и некoј месец нaјубaвo.
     
  12. AnaBub

    AnaBub Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2017
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    @Miss.Sweet @*Лорена* може да ми препорачате производ и да ми пишете како е дозирањето?
     
  13. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    852
    Пол:
    Женски
    Од кој Омега3 сте задоволни за деца и дали се даваат преку цела година или само во зимскиот период?
     
  14. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    4.538
    Ние ги користиме VITOSI од PharmaS, Меки пастили со вкус на портокал, комбинација на омега 3 и Д3, околу 470 денари се.
    received_10155629326984585.jpeg
     
    На joy1, mariz и azelea им се допаѓа ова.
  15. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    20180306_145901.jpg
    Еднa нa ден, нaутрo oд Oктмври (Септември е сеуште дoстa сoнчев) дo Мaј. Пaкувaњетo е зa 2 месеци, oкoлу 750 ден.
     
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.269
    Допаѓања:
    35.189
    Пол:
    Женски
    Ние користиме KidzOmega ама сирупче. Го давам на две годишно дете по препорака на педијатар.
    [​IMG]
     
    На azelea и *Лорена* им се допаѓа ова.
  17. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    4.538
    Како што кажа Лорена, се користат есен и зима секој ден.
    Vitosi земаме по една пастила на ден, пакувањето има 30 пастили.
     
  18. AnaBub

    AnaBub Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2017
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    За информации за дозирање ги најдов следните податоци:
    Во зависност од возраста на детето, се препишуваат соодветни дозина омега 3, рибино масло. За деца помали од три години препорачана дневна доза е до 0,8 грама. Децата од 4 до 8 години би требало да земаат околу 0,9 грама дневно, а за децата од 9 до 13 години препорачана дневна доза е околу 1,2 грама дневно...или соодветен внес е 1 пастила Витоси која е комбинација на омега 3 и д3.
     
  19. Casey

    Casey Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Како изгледаат пастилите?
     
  20. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    4.538
    Еве слика :) Вкусни се и верувам дека нема дете на кое нема да му се допаднат :) 29472091_10155670712704585_7067373083614511104_o.jpg
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.