Здраво на сите. Не знам дали е прашањево соодветно за ова тема. Ќерка ми сега наполни 3 год. Веќе последнава година почна нагло да качува килажа и да и се зголемува апетитот. Гледам секој ден да јаде здраво, јаде манџи, зеленчук и овошје и тоа во нормални количини. Благо кога ќе побара и тоа по малку. Не и забранувам ништо не ме разбирајте погрешно, сакам да кажам дека не е можно до толку да качува килажа кога не јаде повеќе од потребно, не јаде глупости. Бевме на неколку испитувања на клиника, ја испитуваа за интолеранција на глутен и лактоза зошто прво започна со подуено меше. Сега засега е мирно, може понатака да појави интолеранција. Рекоа да ја следиме и толку беше. Сакам на приватно да ја носам за ехо на стомак ако воопшто имаат зошто немам баш добро искуство на клиника, ја избоцкаа на 100 места за на крај пак никаков одговор да не добијам. Дали да се испитуваат хормони, дали нешто друго, зошто толку нагло качи килажа. Дали имате искуство или препорака за доктор? Што прво да испитам и каде? Фала