1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашања и одговори поврзани со растот и развојот на децата

Дискусија во 'Дете' започната од kristinamk, 20 февруари 2011.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Немаш потреба од грижи. Ќе израснат каде и да е, кај ќе бегаат :) . Не и прави трауми за заболекар. И моето ги израсна околу 3-3,5год не се баш точно сеќавам, така некако беше. Најбитно е да и створиш навика уште од мала редовно да ги мие со паста за заби
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ме интересира каде ги носите децата поточно бебињата на ортопед.
    Ние малата ја носевме во Ремедика.
    Сакав и малиов да го носам таму на преглед/контрола, ама цел месец им се пополнети термините, има само една д-рка и слободен термин има тек на 21 септ., а треба да го носам до крајов на неделава, ајде и до крајот на наредната, некако 21 септ. ми е далеку.
    Искуства и бројче ако може.
    Одапред благодарам. :)
     
  3. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас син ми го носев кај Видоевски,а ќерка ми ја носам кај Аневска (тоа е исто ординација на Видоевски)
     
  4. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Dragi majki, ne znam kako da objasnam ama kje se obidam... Kjerka mi ima nekoe isfrluvanje na nozete, prvo samo na ednoto nodze malku, pa se ceskala i raskrvarila, a sega gledam se rasirilo na taa noga, a ima i na drugata..i vikam da ne se cesa, ama mala e... Kako lisai se, ama ne sum sigurna... Imate nekoja sugestija ili care ili da ja nosam na lekar? :(

    [mod-kirilica:1hfkhxdb][/mod-kirilica:1hfkhxdb]
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Драги мамички, само да ве прашам, некоја ако имала искуство, да ме посоветува. Имено, син ми, како и секое дете кога трча надвор некогаш знае да падне и страдаат колениците. Сега засега нема ништо, меѓутоа, забележав малку под коленото едно мало топченце, како бубуличка е. Претпоставувам дека има нешто внатре, можеби трнче, можеби камче, не знам, и зараснато е. Кога му го притискам малку повеќе, син ми плаче и ја трга ногата, што значи дека навистина има нешто. Ќе одиме во понеделник кај матичната да ме посоветува, ама ако некоја од вас имала искуство, би била благодарна ако ме посоветува. Знам дека ако има нешто најверојатно ќе треба да се засече и да се вади тоа што е внатре, ама ме плаши како би го правеле тоа, бидејќи син ми место не го држи.

    Темава може не е најсоодветна, ама да не отворам нова тема за само едно прашање :)
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас би ставила облога со кантарионово масло и така да стои.Кантарионот може да извлече гној доколку постои .
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. respect

    respect Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    12
    Јас би те советувала да одиш уште денес на дежурен лекар,можеби ништо не му е,ама јас како мајка не би чекала ниту еден ден..(извини,можеби многу се потресувам,ама имам причина)..Син ми имаше година и пол и му загнои коленото.Беше утро кога падна на колено и мислев дека ништо не му е и само го исчистив со марамче,меѓутоа вечерта детево го гледам многу млитаво и кога ќе видам, коленото му беше потечено и беше многу топол,дигнал температура..Нормално одма го однесовме на лекар,ни дадоа упат за на клиника и таму со целосна опивка му го вадеа гнојот..Тоа беше дефинитивно најнепријатна случка,да не речам траума за него,а и за мене.Е сега уште еднаш големо извини,дај боже ништо да не му е на син ти,ама сакав само да ти го пишам моето искуство..
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Respect, ти благодарам за мислењето и советот, ама син ми не падна вчера. Ова му е од пред некое време, беше гребнат, не многу удрен, си зарасна местото. Нема рана, ништо, само топче, како гребаницата да не е зарасната убаво, како да има нешто внатре. Во секој случај, јас ќе го носам на лекар, а што и како ќе му прават, ќе видиме. Не мислам така да го оставам, никако, не дај Боже, може да се влоши, а јас тоа не го сакам. Ќе пробам денес со кантарионово масло, а утре на лекар.
    Јас се надевам дека на твоето синче му е подобро и нема проблеми со коленото :)
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Сите страни тела како што се трнчиња, многу мало каменче и сл. со тек на време самиот организам ги исфрла. Ако има некаква реакција местото загнојува со појава на црвенило од страна и тогаш е алармантно за одење на лекар.
    Имам искуство со мали трнчиња и кај можеш мало дете да трауматизираш и да му вадиш трнче со стискање на местото и игла во рака па имам резервен план. Му полнам корито со вода и го оставам да се капе додека кожата не му биде многу мека а потоа со сува крпа го тријам местото (штипкам како да стискам бубулица :tmi: ама сум сликовита :) ). Доволно е, колку да го отворам местото за да трнчето само излезе и после неколку дена го снемува.
    Ова е нешто слично и со кантарионово масло. Значи ги отвора доволно порите за да страното тело само излезе без да го стискаш и боли ;)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Докторката рече дека не верува оти има нешто заостанато во мозолчето, а дека најверојатно се работи за продолжено зараснување на гребаница или рана. Ако имало нешто, ќе се јавело воспаление и гноење, ама такво нешто нема. Јасно ми беше мене тоа, ама ај, да си прашам сепак. Ни рече ако сакаме да се увериме дека нема ништо, да направиме крвна слика, конкретно да ги провериме вредностите на ЦРП, па ако има нешто, ќе бидат покачени. Ама немало потреба, останува да чекаме убаво да си зарасне. Јас ќе ставам кантарионово масло и понатаму, ама облоги и само навечер. Преку ден нема шанси да стои со облога, малиов нема да трпи што и да му ставам, па само го мачкам.
    Ви благодарам на сите на советите! :) :) :)
     
    На AIT и slavica999 им се допаѓа ова.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Дали некој знае каде работи д-р Филип Дума - педијатар неуропсихолог?
     
  12. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    дали некој знае кој витамин е во недостаток за кожичката на почетокот на ноктот да што се лупи и тоа на палецот
     
  13. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    Незнам твојата керкичка колку е голема исто такви лиши на керка ми се појавиа кога имаше 15 месеци и јас незнаев од штоисе и тоа на стапалото , и неа ја чешкашеа и уште се повеке ширеа, јас одма ја намачкав со црвена вода потоа бев на лекар ми даде еден сируп против алергија да пие и само се давало ако детето не е настнато тој сируп искрајно и давав 1 недела видов нема резултати па незнаев што да направам се задржаа лишите едно 2-3недели и бев спремна да ја водам на кожно во скопје ама потоа видов дека ги однемало поплека и не отидов сеуште се незнам од што може да се појават знам дека тој ден несакајки падна и таа се малце повеке исплаши тогаш и се си мислам да не од стрсот што го добила тоа што се исплаши
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Б витамини и цинк
     
  15. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Брат ми има 2 год. и 4 месеци, ама сеуште не зборе. Мислам не дека не, ама ете тежок е на зборење. Знае да каже само мама, тато, дада, баба, некои така пократки и полесни за изговарање зборови, ама не и да си праве муабет со некој, не и да сврзе неколку зборови. А, разбира се’ што му се каже, ама тешко му оди зборењето. На мајка ми сестра и‘ има внук само 2-3 месеци постар од брат ми, а си зборува многу убаво. Братучетка ми пак, на другата тетка, исто така како мала тешко зборувала. Треба ли да не‘ загрижува? Не сме му дале големо значање на ова до сега.
     
  16. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Феминки помогнете! Син ми повраќа еве 2 недели, значи не повраќа константно туку на периоди на пример на вечер станува кај 1-2 повраќа и призаспива, сакам да кажам повраќа еднаш- двапати во денот.Пред 2 недели крена висока температура 39,7 примивме инекција и инфузија и од тогаш детето не јади како што јадеше, му давам храна ради реда, не ја јаде со мерак. Го однесов на матичен вика нема никаков проблем , грлото повеќе не е црвено, крвната слика му е ок. Ми остана да го провериме и третиот крајник. Почнав да се загрижувам. Исто така имама проблем со голтањето не можи да голта поголеми парчиња....... Незнам што да преземам навистина ако имате некој совет кажувајте.
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ако се качени леукоцитите значи има нешто што треба да загрижува а ако не се тогаш веројатно некој си вирус. Баш сега актуелен е овој стомачен вирус. Ние го легавме со 1-2 дена температура, па 2 недели добар, па потоа се исповраќа 1-2 пати па 1 недела добар, па доби пролив и конечно сега (пу пу) е добар.
    Најак одговор од еден лекар ми беше ,,абе од промена на клима е,, , да бе да детето е метеоропат на свои 5 год. - смешки во боја.
    И јас испитав се, брисеви, крв, мокраќа, копро и се ок резултати и како да го заплашив вирусот и си отиде :D . И моето во тој период слабо ми јадеше, што е нормално. Не дека неможе да голта од трет крајник или што ти ја знам од што туку од вирусот бидејќи нема апетит. Вари повеќе чај од нане и давај лесна храна и колку може повеќе јогурт, преварена вода или купена флаширана вода.
     
    На SuNsHiNe989 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Можеби не ја доџвакува убаво храната или пак му е премногу зачинета и со оглед на тоа дека стомакот сеуште не му е смирен повраќа. Давај му малку електролит прашак(ова е замена за инфузиите) за да не почне да мириса на ацетон,а и тие ќе го подигнат малку,кај мојот син ова секогаш успева. Повраќањето во сон може и да е од стрес ,зошто сепак примал инфузии и кој знае како го доживеал сето тоа.Деновиве давај му полесна храна,претежно кашеста и тоа супи со зеленчук,природни сокови(не портокал ,тој го нагризува желудникот),палента,пудинг,јогурт и чајчиња. Со ваков начин на исхрана за 1-2 дена би требало да се среди.
    Инаку Славица децата се поголеми метеоропати од нас возрасните,тие сеуште немаат регулирана температура и имунитет и нив повеќе им пречат овие климатски промени,но бидејќи се околу нив ги интересира ,не придаваат значение на тегобите,а и ние кога се поспани мислиме дека им е од умор или од навиката за спиење.
     
    На SuNsHiNe989 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Абе да, можеби јас бев изненадена кога го чув тоа, а можеби има и вистина.
    Околу пудингот кој се прави со пресно млеко едно големо НЕ, за деца кои имаат осетлив стомак.
     
  20. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Нишестето е многу добро за раздразлив стомак ,а топлиот пудинг за грлото.Јас употребувам 0,5 млеко и досега ова ми е добитна комбинација(мислам на сите работи кои предходно ги набројав)