Виспитувачката во градинка ми рече дека причина за подавувањето и повраќањето можеби бил и третиот крајник, не сум запозната колку крајникот може да биде причина ама во секој случај совеста да ми е мирна ќе го однесам да провериме.
Денеска забележав дека сестра ми има првут. Има 9 години, нели е мала да има уште од сега првут? И таа го примети и почна да ми вика да и го извадам, не сакала да има, па и реков дека ќе и купам шампон против првут. Моментално користи Бекутан. Каков да и земам, греотка ми е, и се познава ептен. Имал ли некој некое вакво искуство, што презел? Не знам како порано не сум ја запикасала.
Јас лани го имав тој проблем со ќерка ми, нас ни помогна Еуцерин шампонот 5% уреа, малку е посолен околу 450-500 дн. зависи во која аптека се продава, ама ефикасен. Spoiler
И ќерка ми имаше првут, па и уште го има. И јас користам Еуцерин, не сум сигурна дали е ист како овој што го користи Лолита, ама против првут е. Јас никако да и го отстранам целосно, се влече веќе две години, само не цело време, има периоди кога го нема. Може некој ќе си помисли дека шампонот нема влијание, ама забележав дека кога користам друг шампон е многу полошо. Исто така забележав и дека многу е важно редовно убаво да и ја масирам главата со четка за коса, т.е. ја чешлам подолго време, со тоа што четкањето е по површината на главата. Да не се чуди некој како поинаку би ја чешлала - неа косата многу и се плетка, па ја чешлам прамен по прамен, и така масажата на главата изостанува. Важно е и редовното миење, кое веројатно зависи од дете до дете. Во нашиот случај, морам да и ја мијам косата на најмногу 3 дена, инаку и се појавува првут.
Јас и` ја мијам косата 2 пати неделно и 2 пати и` ставам од шампонот и убаво и` ја измивам косата. Кај ќерка ми имаше дури и цели парталчиња првут на одредени места на главчето, посебно на тилот долу. Каде се` не ја однесов , среќа една д-рка ми рече покрај шампонот да ја мачкам и со Синодерм крема 10 дена навечер пред спиење на местата каде најмногу се перута и дека целосно ќе и` се изгуби првутот. Така и бидна. Минатиот месец ми се потроши Еуцеринот (сум заборавила да купам) и си викам- ај нема врска ако ја измијам еднаш со Бекутан, утредента главата пак и` беше расперутана , ми идеше да си мавнам шамар. И од тогаш само со Еуцерин се миеме. Нас тоа ни е лекот.
И мене истото ми се случи, и го искоренив, еднаш ја измив со Бубхен, и одма и се појави и тоа многу. Лолита, кремата Синодерм по аптеки ја има? Да пробам и со тоа, ако и помогне - супер.
^^Jас ја купив во Зегин, еве сега ја видов и цената 79,91 ден., Синодерм гел 30гр., 0,025%., нас ептен ни помогна. Прво и` се исперута целото место на тилот, да не се исплашиш ти кажувам, ќе почне да се лупи вишокот кожа, паѓаа лушпички и сега и`е скрос чисто, нема ништо.
Ќерка ми пред две недели имаше воспалени крајници и пиеше сируп, ама за време на терапијата почна многу да кашла и да повраќа еднаш дневно. Докторот рече дека тоа е нормално, морала да ги истера балгамите.Три дена е мирна не кашла, ама само кога спие има проблем со носот, не и тече не и е затнат, само некако чудно хрчи како да има некој внатрешен секрет. Јас мислам дека кашлањето и е од тој секрет што и слегува низ грлото и ја тера да повраќа, оти кога ќе поврати мрсули повраќа. Имал ли некој вакво искуство, што да преземам да и се прочисти носот и недај боже да не се ова знаци за проблеми со трет крајник???
Ќерка ми хрчеше неколку години пред да и ги извадиме, и тоа сите три. И таа повраќаше секое воспалување на крајниците. Син ми нема проблеми со крајници, а понекогаш хрчи кога е настинат. Може да се знаци на трет крајник, а може и да е затната. Види дали ќе потрае. Ако помине некое време, и се уште хрчи иако е веќе оздравена, тогаш дефинитивно е трет крајник.
Помош!!! Имам син од 2 год и 8 месеци и буквално ми ја вади душата, прави работи кои му викаме да не ги прави, пцуе иако самиот знае дека не треба а тоа го научи од дедовците, не удира, растура по дома... Инаку ова се случува од кога се роди вториот син кој има 4 месеци! Знам дека сака да привлече внимание, но јас се трудам по цел ден да бидам со него, му се посветувам целосно , а бебето го земам во раце само за доење или кога поголемиот син спие или шета и не е до мене. Кога се консултирам ми викаат дека тоа е фаза и дека ќе помине, но се чувствувам беспомошна. Дури ми се случува и да го изгубам трпението и да му се развикам и да го удрам по газето, а после тоа многу се каам. Но и тоа не помага,продолжува по старо. Исто е и со мојот сопруг, не знае и тој како да постапи! Што да правам? Ве молам за мислење.
Уф се изначитав искуства за трет крајник и сега сум престрашена ако мора јас со моето срценце да поминам низ сето тоа . Јас како мала имав проблем со трет крајник, ама поминав без операција, а татко и ги има извадено двата. Којзнае дали е тоа наследно??? Утре ја носам на преглед па ќе видиме...
на детската клиника одел неврологија работи и со сини картонио ам атреба да цекаш повеке време и приватно работи после3 оди таму има тел број или јави се на 02-3147723
На ќерка ми и ги извадија сите три, и иако е рано за впечатоци, операцијата беше во април, уште не сме поминале сезона на ггрипови и настинки, сепак мислам дека ќе биде многу подобро. За почеток, барем не хрчи и спие мирно, а претходно спиеше многу немирно, цело време се вртеше низ кревет, и стануваше уморна. Сега е друго дете. Првата реакција ми беше - зошто порано не го средив ова. Ако се разболува помалку поради другите крајници, ќе биде супер.
Од кога ќе ги извадите крајниците на дечињата внимавајте на лесно симнување на секретот од носот на плуќа. Ова од лично искуство, се губи таа бариера што е во грлото и секретот полесно се слива надолу. Сепак вадењето на крајниците и мене ми го олесни животот, до 7 год бев нон стоп болна со ангини и потечени крајници од кога ги извадив освен една пневмонија со лежење во козле еве толку год не сум се разболела посериозно.
и јас бев како децата на ариел секогаш болни и уморни, откако ми ги извадија сите крајници станав нов човек да не се подречам еве веќе 25 години сум па не се сеќавам да сум се разболела посериозно од обична настинка по операцијата затоа ако на децата им е полошо со крајниците вадете ги не им се мислите ич (нормално ако докторорот одобри)
Ја носев денеска на преглед и докторот рече дека не е страшно, нормално било да се активира третиот крајник бидејќи сега создавала имунитет по примањето на вакцините. Се додека немала некои големи потешкотии немалопотреба од вадење. Сега за сега ни препорача инхалација трипати неделно и солен раствор, па ќе видиме како ќе биде. Сепак е многу мала и ако треба недај боже операција.
Јас би ти ја препорачала др. Наталија на истата клиника многу е попристапна и подобро ке ти објасни. Дума работи во вторник и петок а наталија мислам понеделник и среда.
Ако си во можност носи ја на третмани во солена соба,а кога ќе ја бањаш во водата ставај по 1 лажица морска сол.Во Зегин има пластични садови за инхалација и во нив ставај топла вода и морска сол и давај и да дише .
...да се надоврзам на муабетот. Видов пред некое време во Тинекс од колекција на Dr. Theiss - Mucoplant на база на еукалиптус и некои др. билки како капки се, кои се ставаат во вода во корито во кое го бањате детето за природна инхалација. Држи вода, нели топла вода- инхалација....ги немам пробано али онака ме интересира дали некој ги има пробано и дали има ефект (чисто инфо за недај боже ). Тешко дека дете ќе натераш на инхалација односно ќе соработува зашто бргу здосадува а овака можеш да му подметнеш во вода во која се капе :geek:
и јас и брат ми како мали имавме крајници-се додека еден ден мајка ми се реши и да ни ги извадат (брат ми многу се разболуваше) се секавам ко вчера да беше, јас имав 9, а тој 6 години коментарот на докторот за мене бил-тоа не биле крајници, тоа било храна како девојчето немало да биде болно а многу добро се секавам секогаш висока температура имав кога бев болна(најверојатно од тоа) мајка ми се уште има крајници ама и се болни и не ги има сеуште извадено па благодарение на нив срцето и е уништено