1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашања и одговори поврзани со растот и развојот на децата

Дискусија во 'Дете' започната од kristinamk, 20 февруари 2011.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.797
    Допаѓања:
    202.772
    Пол:
    Женски

    Јас така му правев на малиот зимата кога ќе осетев дека носот му тече... користев капки Фиталп, во полно корито со топла вода и малку морска сол ставав неколку капки, и одма цела соба замирисуваше, а и детето полесно ми дишеше. Исто и на градите и грпчето го мачкав со маст на база на еукалиптус од Др. Тајс, Мукоплант се вика, исто како и тие капките што си ги гледала. Дефинитивно помага за затнато носе и проблеми предизвикани од тоа.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.214
    Допаѓања:
    107.426
    Пол:
    Женски
    Сестра ми малата зимоска ја мачкаше често со Еукалиптусовата маст на Мукоплант, Др.Тајс, арно ама ни кажа докторката дека не е во ред толку често да се мачка детето со Еукалиптус, се таложело на градите, не знам како, ама веројатно од дишењето на кристалите, арно ама ние потрошивме доста, и во водата стававме кога се бањаше и ја мачкаше на грбчето и градите и сега за сега немала проблем. Да напоменам, нашето мало прасенце нејке да помисли на капки и спрееви за нос, дури ни на бришење на нос, исклучиво она што само ќе истече да и го забришеме инцидентно. Со сирупчето на Мукоплант се продаваше дури и купка специјална за ноќно капење при настинки, ама рекоа тогаш да не се претерува со еукалиптурот и сестра ми не ја зема, би требало да помага, дури мислам и дека се работи за истово што го видела Славица999.
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Ја имам пробано оваа маст - фантастична е :) , сигурно и оваа друго е на таа база и има ефект

    Да, мислам дека за исто зборуваме.

    За оваа маст и мене матичната ми кажа да не се мачка пречесто туку еднаш дневно највеќе 3-4 дена. Што знам тој тогаш имаше 2 год. Ја имам пробано и на моја кожа :)
    (напочеток а и сега кога станува збор за некој нов сируп или нешто сл. прво јас пробувам па потоа на малиот :$ )
     
  4. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Една од контраиндикациите на Мукоплантот е БРОНХИЈАЛНА АСТМА.

    Ние употребувавме Мукоплант по совет на матичната неколку пати додека не почнаа да не водат во Козле под дијагноза - предоминантна астма.

    Значи кај деца со астма, Мукоплант - НЕ!
     
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    107.856
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање и ке го поставам овде ( нема соодветна тема)

    На керка ми сабајлето гледам на раката и се појави нешто како бубуличка ама внатре има малку гној. А навечер пред да си легне на тоа место имаше малку црвенило и се чешаше. Поточно се наоѓа на дланката од внатрешната страна близу палецот. Што ли може да е ова па сега?? Што да ја намачкам?
    А сега незнам дали дека мислам на тоа , еве сега гледам и мене нешто ме чеша на истото место па си викам да не се пренесе и на мене :?:
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    И на мојата ќеркичка и се појави нешто слично на челото,а од синоќа и на рачето. Исто прво беше само црвено ,па после личи на бубуљица и следниот ден е повторно само црвено. Слично на овие се овчите сипаници,но кај мојава не може да се бидејќи еве веќе три дена има само 2.Исто така јас исклучувам и алергија бидејќи не ми личи на таков осип,а и повторно се само 2 :x Е сега пред некоја година син ми имаше еден вирус кој се карактеризираше со осип на дланките,стапалата и устата(внатрешниот дел) и осипот траеше една недела -инаку се вика Hand,mouth and foot disease.
    Јас за мојава ќе видам уште денес и утре и ако излезе уште некое ќе си го посетам педијатарот.
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    107.856
    Пол:
    Женски


    Офф леле само проблеми некои излегуваат со децава :!: прво алергијана , па сега ова.. и јас се мислев да не е пак некоја лаергија ама гледам ова внатре гној има.. а твоето синче што го мачкаше? или така му поминаа?
    свекрва ми ми кажа дека овде во комшии има едно девојче му се појавиле некои бубулички и каде ке се допре таму ке излезат :o па дополнително уште толку ме преплаши и на нејзе и откриле дека има стрептокока и и дале да пие антибиотик :| и сега се секирам да не е ова.. а во последно време цело време се испружува на балкон па рацеве во уста , па бакнува маси столици ѕидови итн , и сега се си мислам и она да не закачила некоја бактерија :envy: ај ако не помине пак ке се влечеме по докториве што да правиш :|
     
  8. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Син ми не го мачкав со ништо ,ептен ако некое многу го чешаше му ставав од течната пудра .Седеше цело време бос и тие се сушеа,а јадеше поблуткава храна за да не ги надразнуваме. И овој вирус е заразен и се пренесува со допир и син ми го фати во градинка и се мислам дека го поминаа и повеќе од половина деца од групата.Ајде ќе почекаме ден-два па ќе видиме ако се шират ќе одиме по лекари,може не е ништо страшно.
     
  9. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    сипаници да не се? има прележано?
    и сипаниците се црвени и полни со течност.
     
  10. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Може е малку смешно прашањево, ама имам проблем откако ќе ја избанјам ќерка ми заспива веднаш откако ќе ја облечам, така прави од бебе. Е сега косата и порасна и не може брзо да и се исуши. Дали препорачувате сушење со фен кај 15 месечно дете? Јас мислам дека ќе и биде страв, не сум пробала, ама пак да спие со мокра коса и тоа не бива. Совет?
     
  11. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    ^ јас и ја сушам косата од бебе со фен. се роди со многу долга коса и не можам да ја оставам сама да и се исуши (освен во лето), па затоа секогаш и ја сушам прво убаво со пешкир и после со фен. Никогаш до сега не сум ја оставила да спие со мокра коса.
     
  12. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    да во право си за наталија прекрасна докторка е
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.365
    Допаѓања:
    142.439
    Јас подоцна почнав да ги сушам со фен затоа што кога беа помали немаа многу коса, ама кога едното ми заспиваше уште недооблечено, го сменив терминот за бањање - наместо навечер почнав да го бањам сабајле, а кога почнав да одам на работа го бањав веднаш после работа. Инаку може да се плаши од фенот, мала е, а на таа возраст децата се поплашливи - барем моите беа. Со мокра коса јас не би ги легнувала.
     
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Ние проблемот со фенот го решивме така што јас почнав да си ја сушам мојата коса пред неа, необрнувајќи внимание дека ме гледа (демек „не е ништо страшно, не го потенцирам, ниту те терам да го правиш истото“) па по некое време и таа го посака истото.
    Секогаш кога требаше да и` ја сушам косата, и` велев “Ете, исто како мама ќе си ја сушиш косата со фен“ и ептен беше горда, демек пораснала :lol:
     
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Сите деца се различни. Еве на пр. мојата ич не се плашеше од фен, кога ќе ја избањав уште во бањарче јас и` ја сушев косата со фен, а потоа се облекувавме, па и да заспие сува и` е косата ;) (а заспана можев да ја облекувам).
    И мене не ми се случило да ја легнам со мокра коса.
     
  16. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Ајде сега мамички помагајте мојата керкичка која има веке 2 години и 3 месеци во последно време поточно последниве два месеци е некако доста плачлива и кенкава за секоја ситница само плаче.И Плус секое сабајле кај 4 сатот се буди со плачење ке се исплаче 15 минути и ке заспие.Што може да е и како да се помине оваа фаза?
     
  17. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    Во тој период до три годин како што сум читала сите деца најмногу се плачливи, нервозни , но да станува ноке да плаче малце е чудно размисли малце да не се има исплашено од нешто, давај и подршка љубов, ја со керка ми сум немала до сега проблеми но како секое дете има на моменти кога знае да почне да плаче најчесто гледам да ја сменам темата да и сврта, внимание за друго нешто и толку престанува,и кога ке се смири и почне да се занимава со друго, и тогаш обрнувам повеке внимание да знае дека сум тука за неа се додека не сум сигурнаа дека е весела доволно за да продолжи сама да се игра.
     
  18. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Да не и искачаат заби? Ќерка ми беше многу кенкава кога и искачаа заби. Посебно ноќе, се будеше плачејќи од сон. Уствари не плачеше, туку вриштеше! Тоа траеше се додека не и излезе запчето, после како ново дете беше. Во тој период дури и одбиваше да јаде.
    Провери и ги непцињата, може си има проблем со запчињата
     
  19. Poisoon

    Poisoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    и јас си имам маки со моето 14мес бебе,сеуште не оди ни пак зборува,кога имаше 6,7мес си викаше тате,тете,коко,сега воопшто ни зборче не кажува,а уште повеќе сум загрижена што не јаде скоро ништо,живее буквално од млеко,чај,вода,овошно јогуртче пудинг и тоа е се,матичната ми вели дека има резерви затоа несака да јаде,ке пројаде кога ке сака,крвната слика му е ок,а и напредува во килажа има 15кг.
     
  20. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Забите веке сите и се излезени дури и петките.Овај совет баш ке го применам бидејки можно е да плаче за малу внимание јас тепајки ги обврските по дома и не си играм доволно со неа.Ама ова на вечер ме плаши абе како сат е точна а дојде 4 сабајле и вреска.
    Poison ова со нејадењево како за моето постаро дете да зборуваш кога беше мал истово мени како твоето имаше и еве сега има веке 7 години и насабајле јаде попара бисквити преку ден некоја смока чоколатче ако го понудиш за леб му се лошело ке поврател и никако не јади.Го однесов на болница крвта килажата во ред со годините си е.Е малку подобрување во апетитот сетив кога почнав само зимно време да му давам рибино зрно да пие.