Прашања и одговори поврзани со растот и развојот на децата

Дискусија во 'Дете' започната од kristinamk, 20 февруари 2011.

  1. Poisoon

    Poisoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    кога ке ме види дека носам нешто за јадење веднаш бега од мене,и несака уста да отвори,сега пред 2недели почнав да му давам сируп киндервитал,али пак си е се по старо,незнам што да правам и до кога ке биде вака ! а, и забите го мачат сега почнаа да му излегуваат,ама незнае да ми каже и само си се нервирам секој ден .
     
  2. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Незнам еве 7 години веке има и си е истиот за јадење да не му речеш оди нашколо и е најмал од сите ташната го влече наназад има само 22кг и незнам дали некогаш ке има апетит веке изгубив надеж а твоето е уште малечко и сигурно од запчињата го болат пробај нешто потечно давај му само лапни голтни се надевам брзо ке помине овај период кај вас.
     
  3. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    И ние си имаме мака со јадењето, има денови кога си јаде нормално и јаде се, посебно од понеделник до петок, а за викенд со молење и плачење едвај еден оброк аласно ќе го изеде. Не знам што и се случува, хемоглобинот и е на граница и не сакам пак да падне па да мора да пие сируп и лекарства. А и многу е нервозна. Значи - неподнослива е на моменти. Има 3.5 години, не знам дали се работи за некој скок во развојот или нешто и пречи, од нешто е незадоволна па вака покажува револт.
     
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    ^ Могуче, 3 и 6 години велат дека се скок во развој....јас не знам лично, не сме стигнале до таа возраст, ама скокот во развој во 3от и 6от месец не да ги осетивме :x Посебно 3от - со одбивање на цицање, вриштење, сакаше во раце, а плачеше кога ќе ја земевме, плачеше за спиење а не заспиваше...драми.
    Е сега на друг начин се манифестира кај поголеми дечиња нели...или стварно има нешто што и` прави незадоволство, а не знае да го искажи, т.е. не знае да го детектира. Оди во градинка? (извини, не се сеќавам, може си кажала)

    Едит: Иначе педијаторот на малава уште на 18 месеци не` предупреди дека од 18 до 24 месеци е т.н. „период на анорексија“, кога одбиваат јадење, бираат што ќе јадат, не` тестираат со живците :lol:
     
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ако трчате по децата со тањирчето и лажичето, ќе одбиваат да јадат, затоа што така привлекуваат внимание. Тоа е најголема грешка.
    Јас за малата користев мултисаносвит (го има во секоја аптека, па и во големите маркети). Многу добар витамински сируп. Едно што ја подобрува крвната слика, второ го зголемува апетитот и трето кога сме го користеле ни Н од настинка немало. За оние деца кај кои е слабо железото во крвта се препорачува Мултисаностол.
    И едниот и другиот, мултисаносвит и мултисаностол се пијат по едно лажиче на ден, секој ден во месеците со Р (септември, октомври, ноември, декември, јануари, февруари, март).
    Мојата ќерка и во градинка одеше, каде вирусите ги има едно чудо, па пак беше многу здрава. само еднаш до 7 години има пиено антибиотик.
    И еден совет ... детето од мало не го заучувајте со антибиотици. Борете се со природни лекарства, пред се многу овошје и зеленчук во исхраната. Не паничете ако крене температура. Нашиве доктори, да не биде досадно еднаш цефалексин, еднаш амоксиклав ... а како резултат на тоа кај детето ќе се јави слаба имуност. размислете пред да дадете антибиотик ... освен кога мора, нели?
     
    На AIT, Li0ness и Moira им се допаѓа ова.
  6. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Не трчам по неа за да ја нахранам, но ова со нејадењево ептен ме нервира. Некогаш со плачење ќе изеде се на маса, некогаш нема ништо да проба. Има периоди кога без проблем јаде се што ќе и биде понудено. Но, ја гледам деновиве дека е ептен бледа и до модри кругови околу очите и затоа настојувам почесто да јаде и здраво да јаде, не бисквити и грицки - ко што би сакала таа.
    Во моментов и давам пиковит пробио, ама деновиве ќе земам Саностол. Го користевме минатата година и ептен бев задоволна. Што се и немам дадено од вакви витамински суплементи, затоа што првите 2 години откако тргна во градинка нон стоп беше болна. Од пневмонии до очни инфекции и бактерии...да не набројувам....2 дена во градинка 2 недели дома. Ама еве од пролетва навака е подобра, мала настинка, течење нос и сл. ама ништо посеиозно фала богу.
    Оди во градинка од 14 месеци, а сега има 3.5 години. Дури 2 години и требаа да се навикне на болестите од градинката :)
    Ова со нервозата не знам од кај и е, вика дека во градинка си поминала супер, ама само што ќе дојдеме дома се претвара во мало ѕверче, почнува плачење и негодување, се додека не легне. За викенд е хорор филм кај нас дома.
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Ми изгледа ко „барање на внимание“, штом го прави само кога доаѓа дома и за викенд....нешто слично ко мојата, кога ќе ме види мене. И не дека јас нешто ја разгалувам, ама ете, на мене реагира така....
    Затоа кога доаѓам дома ништо не ме интересира освен неа :) Ни требаат едно добри 20на минути гушкање, смеење, ја оставам да се изнарипа од среќа, па ми покажува нешто, па демек цртаме, па 300 глупости што ќе и` истекнат во моментот, и тек после тоа се спремаме за ручек :)
    Ако случајно го прескокнам овој момент (ако сум прегладнета на пример и седниме одма на маса), не престанува да вика Мамо ма, мамо ма, мамо ма - ко навиена, и да ме влечи за рака за да ми покажи нешто. Ако ја одбијам (најчесто несвесно) почнува да прави глупости за да ми го привлече вниманието и веќе влегуваме во магичен круг....

    Иначе откако почна да јаде друга исхрана, не сум ја форсирала за ништо од аспект на јадење. Ми се случувало цел месец да е само на млеко и житарки, и така преживеа. После супер јадеше се`, за сега да ми изиграва вегетаријанец и следбеник на суровата храна :D и така....се` ќе помине, јасно ми е, ама јас не се нервирав затоа што ми има супер имунитет природно (пу пу), а ако гледав дека нејадењето и` создава проблеми со здравјето, како кај бејбимама, нормално дека на секој начин ќе пробував да и` протнам барем нешто од хранливите состојки...

    Бејбимама, почни обавезно да и` правиш Smoothies, шарени, интересни


    барем така да прима витамини и минерали....
     
    На babymama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Фала за идеава моира...ќе си правиме заедно смутис, ем мама здрава ем Н. здрава. може така ќе ја напунам со витаминчиња потребни за да ја поминеме здрави зимава :D :hug:
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    За да ги заблажиш малце, ставај и маџун, ќе и` го поттикне и апетитот, па со 1 удар 2 муви ќе убиеш :lol:
     
  10. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Дали може на ќерка ми да и давам Ревита? Има некој искуство со овој напиток?
    Треба јас да го пијам, ама се мислев дали и на неа може да и дадам. Ќерка ми има 3 години и 9 месеци.
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Претпоставувам дека станува збор за матичен млеч, од она што сум слушнала а ШТО сум прочитала дека на деца може после 4-5-та год. бидејќи е алергенс.
    Ако немате некои алергии и во консултација со педијатар пробај со некоја ептен мала доза да видиш како ќе ти реагира малата.
    Знам дека има некој си матичен млеч и за мали деца (немам лично искуство туку од искуство на други мајки) ама сепак се консултирале со педијатри
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.402
    Допаѓања:
    143.037
    Јас им давав на моите Ревита, мислам дека синот имаше 2, а ќерката 4 тогаш. Таа зима се им давав, а никогаш не биле поболни.
    За Ревита имав читано доста добри работи, ама ете, јас некои придобивки и не видов.
     
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.977
    Допаѓања:
    108.434
    Пол:
    Женски
    Јас во последно време имам еден проблем од кој веќе ми се здосади и живциве ми ги кине :envy:
    Значи со свекор ми и свекрва ми имам супер однос , многу се сложуваме и скоро секој ден им ја оставам малата по 2 часа кај нив да си поиграат со нејзе. Ама проблемот е кога ке ја земам - луѓе нејке никако да си оди од кај нив, плаче и го гушка дедо и. Мене ме бута со рацете , клоца , не сака да ја земам во раце.
    Буквално цела зграда ја дига од плачење. И не се смирува се додека не дојдеме дома. Уфф значи ке полудам. Незнам кој како ке го свати ова , но почнува да ме нервира. Си викам ајде ке помине но веке 2 месеца вака прави. А со мене е цел ден по дома слушаме песнички , си играме , се гушкаме , не дека другите ја занимаваат повеке... Што е работата нормално ли е вака да прави? Ќе помине ли некогаш ова? :sweat:
     
  14. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    сите деца се така, бабите и дедовците кои не ги гледаат цело време туку мал период од денот знаат да ги разгалат внуците да им одат по газот се да им дозволуваат, и децата го сакаат таквиот однос. Истото се случуваше со моите братучеди и вујна ми беше љубоморна што децата повеќе сакаа да бидат кај баба одколку дома, и јас бев таква цело детство ми помина кај баба а дома не сум сакала да си одам. Ама кога ке почнат да разбираат повеќе ке сватат кој каква улога има во општеството и дома ке биде дома, а мама, како и кај секое дете на прво место. не се секирај периоди се тоа.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    ^ Не е само тоа....

    Кај тебе коритсаки мислам дека е обратно од она што ни се случува на нас во моментов - ти си по цел ден со неа, а старите по само 2 саати, па и` фалат повеќе за игра, за дружба, за разлика од кај нас на пример, каде малата е 8-9 саати со мајка ми, и едвај чека да не` види нас - одма и` вика Чаоооо и затвора врата од внатре :D
    И толку и` фалиме ние, што не сака ни да оди кај другите баба и дедо. И ако одиме, за максимум 1 саат ме зема за рака и Чао, ги поздравува сите, облекува чевли и мора да напуштиме терен :lol: (тука да напоменам дека толку и` одат по газот, што дури не и` се ни интересни)

    Почни да работиш и ќе ја осетиш разликата ;)
     
    На Ariel и koritsaki им се допаѓа ова.
  16. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.326
    Допаѓања:
    261.350
    Пол:
    Женски
    Kortisaki не се секирај има и бетер. Ќерка ми ја вика баба и МАМА :D
    И она е кемкава кога си оди од кај нив, некогаш и плаче ама мене па тоа ми е знак дека и е убаво со нив па не се тревожам многу.
    Сепак мајка си е мајка.
    Јас поаѓам од мене, многу сакав да одам кај бабите и секогаш сакав да останам уште малку.
    Уживај и биди среќна што имаш каде да ја оставиш да си поигра а во исто време и да и е убаво.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    43.239
    Пол:
    Женски
    Баш така е како што кажа Моира ..
    Бидете среќни што сепак имате кај кој да ги оставите дечињата , барем и на 2 часа
    Јас што да речам .... ни свекрва нит мајка ..
    Него јас се мислам како ке праиме со чување на малата од наредната година , јас немам на кој да ја оставам :( :( свекрвата она си работи жената до 12 ч , а градинките земаат деца од 2 годинки
    а мене ми треба некој да ја чува до 13ч :) којзнае што како ке правиме , што ке смислуваме :^)
     
    На DeMelo и koritsaki им се допаѓа ова.
  18. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Маченце нема таму како тука дневен престој? Тука има и плус и од 9 месеци а и помалецка знаат да земат за чување. Тука се вика Fritidshjem па и таму нешто слично би морало да има, некоја алтернатива?
     
  19. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    Нема градинки или дадилки кај вас?
    Па како прават другите?
     
  20. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228

    маченце ена, вие во Германија живеевте? Имаш можност да си побараш Tagesmuter. Многу жени во Германија, кои треба да се вратат порано на работа, а нели децата не можат да ги остават во градинка ги носат кај овие жени. тоа се најчесто жени кои се исто така дома на породилно и имаат бебенце па се грижат и за двете деца истовремено.