1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашања на интервју за работа

Дискусија во 'Барање работа' започната од Dijana, 18 ноември 2009.

  1. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Ако сте прочитале во секцијата „Кариера“ од овој сајт, тогаш сигурно ги знаете најчесто поставуваните прашања на едно интервју.

    Доколку не сте ги прочитале, еве линк кон статијата:
    Интервју: најчести прашања и соодветни одговори

    Тоа се најчесто поставувани, но не и сите прашања кои можат да ви бидат поставени.
    Споделете со нас кои прашања ви ги имаат поставено вам? Дали тие ве деконцентрираа или без проблем ги одговоривте?
     
    На Lici888 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Daniella

    Daniella Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    44
    Мило ми е што налетав на ваква тема 8) По професија сум професор по Англиски јазик,а на моја огромна жалост,сеуште невработена :( Досега сум била на многу интервјуа за работа и најчесто поставувани прашања ми биле "Што очекувате од ова работно место?" "Со какви групи на луѓе би можеле да работите?" "Дали сте мажена?" .... се е супер додека е во границите на професијата но ова последново-дали сум мажена, алудира на тоа дека сите претпочитаат млади, немажени девојки а на мајките тешко им се пружа таа можност... И морам да спомнам дека,за жал, многу од "реномираните" училишта, сеуште не научиле дека треба да ги известат кандидатите за нивната одлика,каква и да била....
    Е, тоа е тоа :worried:hock:
     
    На Fancy_Nency 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zkjb

    zkjb Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    55
    Да, најчести се тие прашања, ама во последно време се прави и општа дискриминација на жените. Ако на пример не сте тазе мажени едно и мислам приоритетно прашање што ќе ве прашаат е дали планирате да чувате деца. И што да се одговори на тоа? Демек ако планираш да чуваш деца - нема работа. За тие што бараат млади до 22-23 години и плус со добро работно искуство, значи ние над тие години не сме способни повеќе за работа. На пример прашав за мене во една класична цвеќара за работа и добив одговор без никаков разговор или преглед на моите способности за тоа работно место. Нивниот одговор беше дека бараат атрактивни, млади девојки. Јас толку се изнервирав што си дадов за слобода да ја прашам неатрактивната млада газдарица дали кога тие продаваат цвеќе се соблекуваат голи, мислам и така немаше што да изгубам. Лудило е за работа.
     
    На Mother of 2boys и Fancy_Nency 22 им се допаѓа ова.
  4. Daniella

    Daniella Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    44
    Алал ти вера за муабетов! Мислам,стварно е така, дискриминација фрчи на сите страни. Скоро прочитав оглас кај што бараат девојка за одржување на интернет страница ама да е атрактивна. Ало??!?!?!?? Што ќе им е да е атрактивна кога од дома ќе работи? Абе бруки,кај и да се свртиш. :o
     
    На Fancy_Nency 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zkjb

    zkjb Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    55
    epa so toa ke se vidi sto vsusnost treba za taa rabota
     
  6. marti.cookie

    marti.cookie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Sekade vo svet baraat atraktivni zeni, na bilo koja rabotna pozicija.
    Kaj zenite mnogu retko vodat rachun za nivniot izgled, osobeno otkako kje stapat vo brak....
    Sekako deka e diskriminacija toa shto na gospogjata i kazale deka baraat mladi i atraktivni devojchinja, toa ne go opravduvam. No vistina e deka skoro sekade, eve jas sum momentalno na Florida vekje 3 godini i povekje od 50% pod zenite ( i mazite shto lichno gi poznavam) nad 40 godini se izgledaat minimum 10 godini pomladi i stvarno vodat rachun kako izgledaat, vezbaat, se hranat zdravo itn.... toa e nachin na zivot sto bukvalno sekoj moze da si go dozvoli ako saka.

    Nego da se navratam na prashanja koi mi gi postavile na intervjua za rabota...
    - Koi se 3 tvoi najdobri karakteristiki i zashto?
    - Koi se tvoi slabosti?
    - Koi se tvoite celi za vo idnina?
    Zavisno od vidot na rabotnoto mesto mnogu pati mi bilo postavuvano prashanje od tipot na kako bi postapila vo danena situacija na rabotnoto mesto, obichno ovie prashanja se povrzani so konfliktni situacii...
     
    На tea1221 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    678
    Marti.cooki ne se slozuvam so tebe deka site mazeni zeni ne vodat smetka za svojot izgled...
    NE POSTOI ZENA NA OVOJ SVET STO NE VODI SMETKA KAKO IZGLEDA!
    Sekoja zena e ubava na svoj nacin i toa treba da se ceni.
    Mnogu se bitni genite za ubavinat a i vitkata linija e nasledna.
    Ti si na Florida,ama jas sum vo Makedonija i mozam da ti kazam deka iako vodam smetka sto jadam,(ne jadam leb,ne pijam sokovi,ne jadam testenini)MORA da se zeme vo predvid i materijalnata sostojba na 90% od ludjeto i zenite vo Makedonija ,koi MORAAT DA JADAT TOA STO IMAAT..
    Sekoja cest za ludjeto sto mozat da si dozvolat profesionalna griza za teloto,ama mnogumina nemaat sredstva za toa.
    Sekako deka ke se slozam deka ne treba mnogu za da se vnimava na svojot izgled,ama treba da se zeme vo predvid deka nekogas debelinata e i posledica na zdravstveni problemi i primanje na lekarstva.
    Taka sto od iskustvo da ti kazam sto mi se sluci...
    Koag bev 4-ti mesec bremena primav hormoni za zadrzuvanje na bremenosta 3 pati na den.
    Celata bev poduena ,a site sto ke me videa se iscuduvaa i me sovetuvaa deka ne treba da se zdebeluvam premnogu..
    Jas samo se smeskav i nisto ne odgovarav.
    Vo 9-tiot mesec bev poslaba nego vo 4-tiot ,ama prestanav so hormonite.
    Zatoa smetam deka E NEPRISTOJNO da se davaat komentari za nekoj dali i kolku se popravil ,ako samiot toj ne kaze nesto.
    Ne me sfacaj pogresno ,ne mislam na tebe ,tuku opsto na ludjeto.
    Pozdrav i fala za prasanjata za intervju za rabota.
     
    На Ana.Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zkjb

    zkjb Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    55
    Sreco Florida+Makedonija=Magare i Kozmetika,velis sekoj mzeda si dozvoli ,jas ne se slozuvam so toa ,za da imas 40 a izgledas kako na 30 ,prvo treba gen ,kako sto rece bebyketi,pa pari ,mnogu pari,pa vreme i.t.n.a tie atraktivni mladi vo 70%traat samo nekolku mes na rab ,tie se nezni i ne vrtat krpa a ne ducan da ti odrzavaat bez uvreda pozdrav
     
  9. marti.cookie

    marti.cookie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Da veruvam deka e taka....
    Moze ne se izraziv i ne napishav bash kako shto mislev.... Kako i da e jas sum PROTIV diskriminacijata od rabotodavcite za vo odnos na fizichkiot izgled i planovite za formiranje semejstvo osobeno kaj zenskiot pol.
     
  10. lavce

    lavce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    36
    Ајде да ја обновиме темава.

    1) Дали си мажена?
    2) Што работат твоите?
    3) Каде живееш ( во сопствен стан или под кирија )?

    Просто не ми се верува дека поставувааат вакви прашања.А да заборавив уште едно:
    4) Дали би прифатиле да доаѓате 15 дена пробноа потоа уште месец дена волонтерски?
     
  11. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Јас на тие интервјуа што сум била ми биле најчесто поставувани прашања поврзани со моето cv образованието англискиот компјутери....Најчесто поставено прашање досега било откако ќе ми ги објаснат условите дали би се нафатила да работам таму што на крај и не станува реалност пошто влегла некоја со дебели кабли :) На едно интервју ме прашаа што се по професија моите родители што и текако мислам дека е ирелевантно мислам ај можеби моите се и фармери :) а јас сум доктор науки па што?!Некаде се коректни некаде не зависи до луѓето сериозноста на фирмата а ако бараат атрактивни девојки тоа е дискриминација голема,не е во ред!
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.436
    Допаѓања:
    201.012
    Пол:
    Женски
    Не е само до физичкиот изглед... мене ме прашувале дали планирам да се мажам, кога планирам да раѓам деца, па дури и на некои интервјуа ми рекле дека би можеле да ме вработат под услов да не планирам бременост во наредните три години. Па добро, кој тоа мене ќе ми наредува кога јас сакам да имам деца?! Мене ми е тоа глупаво, како може некој така да ме условува да си го планирам животот како што некому друг му одговара?!
    А исто и мене ми пречи што никој, ама баш никој не те удостојува со барем едно „благодарам што аплициравте“ или пак да ме известат со резултатите од интервјуто. Ама веројатно таква е културата кај нас....
     
    На tea1221, Divinebutterfly и Mikimiki им се допаѓа ова.
  13. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    оо тоа највеќе нервира културата е таква да не се јавуваат ни за негативен одговор тоа е крајно непрофесионално!
     
  14. Butterfly87

    Butterfly87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    Ova vo kontekst na mazenjeto na dve razlicni intervjua:
    Prvoto: Dali imate decko?
    Da imam...
    Aha a kolku vreme ?
    5godini!!!!! veke zaCudena..
    aaa znaCi kaj i da e svadba .. fino fino. Dobro ako ima nesto ke vi se jAvime...
    Vtoroto: Dali imate decko?
    Ne nemam
    Zosto?????? Tolku mnogu ucevte sto nemave vreme???? Ne ste sosobna za dve raboti odednas??????
    AKO IMA NEKOJ DA KAZE STO TREBA DA SE ODGOVORI NA OVA PRASANjE GO MOLAM DA KAZE!!!!
    Megu ostanatite imalo i sto e za tebe licna higiena.... i ne mi teknuva sea bas...
     
    На Twinkles и Mikimiki им се допаѓа ова.
  15. butterflyflower

    butterflyflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    да и јас бев изненадена на прашањата од типот :

    Дали пиете ,а пушите ли, излегувате ли а имате ли дечко?? Мислам што менувата тоа дали ќе имаш или немаш дечко, или дали си мажена или не ?!!! глупости

    тоа се прашања што ни на памед не би ми дошло дека ќе прашаат, со исклучок на пушењето.

    Иначе некои од тие понормалните :
    Каде се гледаш себеси за 10 год.? - тоа е стандард прашање
    Ако имаш таков и таков проблем како би го решила?
    А зошто така ?
    Која е минималната плата за која би работеле?
    некои во врска со вашето CV
    и многу други што во моментот не ми текнуваат
    Незнам баш што би било соодветно ама може за рзлични фирми различно да е според мене нешто у стилот :
    дали ќе си способна си да ги одвоиш работниот и личниот живот , па немој мажот или дечкото да те замараат па ти нема да и се посветиш на работата или нема да им дозволиш да те малтретираат и да остануваш прекувремено
    или пак да немам дечко му се посветив на учењето а сега сакам да и се посветам на мојата кариера :D :D :D
    за некои можеби како што и ти напиша би било не способност
    право да ти кажам и јас веќе незнам што да одговорам, глупи прашања а одговорите ќе се поглупи со цел да не си наштетиш на вработувањето, ќе треба да се оцени од самата ситуација и да се обидеш да ги прочиташ и ти нивите намери како што и они се обидуваат да те анализираат целосно , и да им го дадеш одговорот што они го посакуваат
    во секој случај малку насмевка, ведрина , малку отпуштена но не премногу,повеќе самоувереност нема да сметаат
     
  16. Butterfly87

    Butterfly87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    Искрено мое мислење е дека кога ќе ги постават тие прашања веќе имаат некој кој ќе влезе на работа и незнаат што да прашаат, па се трудат да те замислат тебе дека не те примиле заради тоа што имаш или немаш дечко.
    Инаку во посериозни фирми и во банки го нема тоа.
    и еве во прилог ќе ви пратам се што ме прашале мене и некои мои другарки...
    Прашања за интервју:

    1. Кажи нешто за себе?
    2. Знаеш ли нешто за фирмата?
    3. Зошто се пријави за ова работно место?
    4. Колкава треба да ти е платата?
    5. Кои се твоите доблести и маани?
    6. Како се гледаш за пет години? --- Добра професионална личност во вашата фирма.
    7. Кои се твоите работни цели?
    8. Што те мотивира?
    9. Дали имаш работно искуство?
    10. Дали имаш прашање?
    11. Кои се твоите досегашни постигнувања?
    12. Дали сакаш да работиш тимски или индивидуално?
    13. Дали се сметаш за успешен?
    14. Што направи за да го подобриш знаењето?
    15. Дали аплицираш за други работни места?
    16. Колку долго мислиш да работиш за нас?
    17. Зошто треба да те вработам?
    18. Кажи ми нешто за твојата совршена работа?
    19. Зошто ќе бидеш добар во оваа работа?
    20. Што е поважно работата или парите?
    21. Која е твојата способност да се справиш со притисокот?
    22. Дали си спремен да работиш прекувремено?
    23. Како мислиш да го надополниш недостатокот на работно искуство?
    24. Која позиција ја преферираш во тимот?
    25. Која е твојата работна етика?
    26. Дали некогаш ти било забавно на работа?
     
    На glosipgirl и kolovoz им се допаѓа ова.
  17. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Прашања што ми го поставиле на мене, а не се погоре наведени:

    Тие: Како ти се допадна тестот?
    (Ме тестираа пред интервјуто, од 100 поени освои 46, јас го знам тоа, тие го знаат тоа. Си викам ако кажам беше лесен, ќе ме прашаат „Па што си освоил само 46 поени“, ако кажам беше тежок ќе ме прашаат „Ова е за тебе тешко?“)
    Јас: Па...беше многу интересен, вистински ментален предизвик!
    Заклучок: A bullshit question deserves a bullshit answer!


    Друго интервју:
    Тие: Си отпуштил ли до сега некого од работа?
    Јас: (тешко воздивнувам) Да...не беше ни лесно ни пријатно ама мораше да се направи тоа. Не се чувствував баш најдобро после тоа, ама бев сигурен дека сум ја донел правилната одлука..
    Заклучок: Кажи дека знаеш да носиш тешки одлуки...by the way навистина беше така.


    Трето интервју:
    Тие: Имаш ли ти нешто да прашаш?
    Јас: Да...Може ли да ми кажете малку подетално што ќе бидат моите одговорности...мислам покрај оние наведени во огласот?
    Заклуок: Со овој одговор убиваш два зајци со 1 куршум. Прво, секогаш има обврски за кои не ти кажале ама ќе те чекаат. Второ, покажуваш интерес за работата, а не само за бенефициите. Тоа им се допаѓа.


    Тие: Што очекуваш од твојата работа?
    Јас: Па ...секоја фирма си има свој специфичен начин на работа...очекувам да научам како фирмата работи и да се стекнам со знаења кои до тогаш сум ги немал.
    Заклучок: Никој не сака да чуе одговор од типот „Е сега јас ќе дојдам и ќе ви покажам како се работи“. Сите сакаат ти да се прилагодиш на нив, а не обратно. Сите сакаат да чујат дека сакаш да се унапредуваш себеси и фирмата во која работиш. Го имаат твоето CV и веќе имаат претстава што знаеш и што носиш во фирмата. Погрешен одговор би бил: „Па очекувам да не ме гњавите да работам за викенд, да си одам дома на време или по можност пред време и да го користам одморот кога сакам.“ Ти прво влези на работа, па после кажи им го ова!
     
    На BossGirl123, tea1221, Adi888 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Прашања кои предизвикуваат проблеми на кандидати при интервју

    Кажете ми нешто за себе.

    Ова прашање е "тешкo", бидејќи е отворено прашање. Не ви се даваат насоки, што очекува интервјуерот да слушне.
    Не се одговара едноставно. Потребна е подготовка, истражување на себе, за улогата, позицијата, компанијата. Бидејќи интервјуерот не ве познава, сака да слушне конкретни работи, ситуации и примери за вашите вештини врзaни за работното место за кое се пријавувате. Вежбајте на глас да кажете за себе од каде сте, кој сте, но и за претходното искуство и образование. Да се слушнете самите.
    Што правевте откако сте без работа?
    Ова прашање е, исто така, "тешко". Дали ќе се ставите во улога на жртва и ќе се жалите за сè, или ќе постапите како да ви се отворила можност да започнете втора кариера, да почнете друго да работите, тоа зависи од вас.

    Кое се вашите слаби страни?

    Прашање кое не се препорачува за интервју, но сепак, во Македонија с¡ уште се поставува.
    Еден одговор кој често се добива од кандидатите е "мојот претпоставен смета дека сум перфекционист и дека сакам да завршам навреме со сите обврски и во предвидениот буџет. Понекогаш тоа бара да останувам на работа подолго време.# Ова преминува во клише. Многу често се користи и кандидатите како да го имаат научено на памет.
    Внимавајте со одговорот. Перфекционизмот и не е позитивен.
    Од друга страна ако кажете "немам слаби страни#, може да делувате како нереални. Со тоа се добива и впечаток дека не сакате да учите нови работи и не сте отворени за подобрувања.

    Зошто ја напуштивте претходната работа?

    Постои непишано правило да не се говори негативно за претходниот работодавач. Да не се кажува с¡ што се случило. Може, едноставно, да ја наведете потребата за промена или желбата за напредок во кариерата.
     
    На BossGirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Јас сум димпломиран екномист и сега сум на магистарски,а сеуште не сум вработена. Сум била на многу интервјуа за работа и едни од најчестите прашања биле како би можеле да допринесете во компанијата, дали занете да работитте во тим и да изготвувате проекти, дали знаете деловен англиски, компјутерски вештини, дали сте мажена и имате деца, дали би потпишале договор дека во наредните две години нема да забремените,итн. Покрај усните интервјуа има и тестови од типот колку го познаваш англискиот јазик, математички тестови, сметководствени тестови, психолошки тестови итн.Такви тестови правев пред два месеца кога бев повикана на интервју во Владата на РМ за административен работник. Но, најинтересно интервју ми беше во Зират банка и целото беше на англиски, а пред мене кандидатите што излегуваа од интервјуто излегуваа жива вода и во уплаф ,, Леле цело интрвју беше на англиски,,
     
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    На оваа работа кај што сум сега,од прво интерјву ме зедоа,беше баш супер,цело време се оптеретував што ќе ме прашаат,ќе ме тестираат ли-ама директорката баш беше кул,се помуабетивме ,ме праша за она што е во цв-то,дали сум спремна и за сабота да работам,да излезам во пресрет за мењање на колешки,колку мин сум задоволна со плата ,секако почна со -кажи ми повеќе за себе,и после 10мин-ме праша дали можеш од утре да почнеш? :rock:
    Е девојки утре -без да знае директорката секако,одам во поголема фирма на интервју :doh: Таму сигурно нема да биде лесно со прашањата ама ќе се снаоѓам некако :doh: ми е страв ако не испадне нешто да не дознае директорката и сигурно ќе ме избрка :wasntme: ама ова ми излезе шанса ,случајно пуштив цв ме повикаа на интервју, а баш е на мојата струка,се надевам ќе биде :)