Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашања на интервју за работа

Дискусија во 'Барање работа' започната од Dijana, 18 ноември 2009.

  1. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Ме викнаа да одам до Скопје иако имаат централа кај нас во Охрид. Прво има интервју со основни прашања од типт работно искуство, обрзование....
    Второ одење Скопје следува тестирање на 300 лица кои влегле во потесен круг. Тестирањето беше хаос. За половина час да решиш 15 тешки математички и логички задачи. Се пријавуваш за работа за средување роба по маркети а тие ти поставуваат равенки со 6 непознати. Се сеќавам на едно прашање кое беше единствено кое не го одговорив: Квадрат со димензии *** се сече како круг. Колкави се триаголниците кои остануваат од квадратот?(facepalm)
    Влегов во 50-те најдобри па следуваше уште едно интервју малку продлабочено со претерано многу лични прашања. Повторно одење Ск и се на се ме чинеше 200е.
    Откако помина се не ми се јавија а јас разбрав дека една недела пред пријавувањето на огласот веќе биле пополнети сите работни места. Зарем не е жално да не тормозат три пати да одиме Ск?
     
    На maichka, anakonda88 и okcenzi им се допаѓа ова.
  2. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Не само што е жално, бесмислено е. За средување роба такви прашања? :o Божем конкурираш за професор по математика. |( Логички задачи да разберам, ти проверуваат начин на размислување и способност, но математички... Јас како што сум тапа за основни работи а не за повеќе, треба никогаш да не се вработам. :D Кој маркет ако не е тајна?
     
  3. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Можеби не е лисправно ама ќе кажам. За фирмата НЕЛТ станува збор
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Не сум чула... :shake:
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Leela

    Leela Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Целата ситуација не е во ред. :|

    Пред повеќе години сакав да променам работа. Пратив CV до една приватна фирма за која имаше оглас (мислам дека на најди работа сајтот го видов) за кој што ги имав сите потребни квалификации дури и повеќе. После неколку минути откако го испратив CV-то веднаш добив одговор. Во одговорот пишуваше дека за соодветниот оглас веќе имаат друг работник и дека пуштениот оглас е само поради правна (законска) процедура. Ми се извинија поради тоа и ми пишаа дека следен пат кога ќе имаат отворена работна позиција која би одговарала на моите квалификации дека ќе ме контактираат. Помина некој месец и навистина ме контатираа, но јас веќе си имав убава работа и несакав да го променам работно место. Мило ми е што беа искрени со мене: да не се надевам воопшто, да се стресуваам со тестови, да трошам пари на превоз, излегување од работа и слично.

    Но од друга страна случката што ја пишав ми се има случено само еднаш. На почетокот кога барав работа, пред да се стекнам со искуство и тазе дипломирана, најчесто и не добивав покана за интервју. Немав врски, а ним најверојатно не им требаше човек што само што завршил факултет. Во некои случаи каде ќе ме повикаа ми се случуваше истото како и анина.
     
    Последна измена: 17 јануари 2015
    На galapce и anina им се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Дали некој бил на полагање на писмен и практичен испит за судски службеници (соработници, референти итн.). Каков е тој испит што го спрема комисијата, дали за сите е ист, од какви прашања се состои, каде е полагањето, како се полага, исто ли е како испитот за државни/јавни службеници?
     
  7. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Дали некој бил на тестирање за администратор на продажба ?
     
  8. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Одам на интервју во позната фирма, добро платена работа,ме интервјуираат 3 особи.
    Завршува интервјуто, ми кажуваат дека се многу задоволни од извршеното интервју, дека сум многу паметна, многу убаво размислувам, опуштена сум при зборување и тоа е супер за работното место за кое конкурирав и на крај утредента ми пракаат меил дека не сум влегла во потесниот круг на кандидати.
    Се разочарав максимално, во што е проблемот, зошто толку многу ме изнафалија, ми ја дигнаа самодовербата до максимум, за на крај да ме спуштат на земја? Стварно не ми е јасно.
     
  9. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Здраво дечкии, сакам да ве прашам дали некој знае да ми каже нешто за интервју, за вработувањето во СЕТЕК ( се од технологија) ?
     
  10. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    286
    Дали некој знае што со се занимава поточно индустри сервис ?
     
  11. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.327
    Пол:
    Женски
    Зависи од школото има секакви
     
  12. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    Првпат бев на интервју пред месец дена, таму кај шо работам моментално не беше потребно интервју.
    Оваа докторката 35-36 годишна почна на ти да ми се обраќа. Си викам или се опушти малку или дотолку сум небитен што не сака ни да ми персира. :D
    Прашуваше дали сум живеел под ќирија во Скопје или бил мој станот. за колку плата би работел. Тоа што го пишале на огласот го пишале произволно 17 000 и платата сигурно ќе била поголема.
    И дали сум бил женет :D Али ја виде дипломата дека сум роден 90та година и сама заклучи, млад си да си женет. И чекам интервју сеа со директорката на установата.
    Имам работа ја сеа, али не е штета да видиш што услови нудат и други.
     
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Сфаќам никој дека не сака мрзлив и неук работник, али па газдава кога е неук, а прашува, тогаш е јакото.
    Претходно кај што работев, одам кај типчево демек на интервју и ми објаснува топла вода у стилот како се прави повик на Скајп, а баш кога дојде главното, вика „...ама да не ти објаснувам сега тоа, шпанско село ќе ти биде“...ахам, океј.
    За два месеца таму, типов се изнатресе толку зелени, што напуштив за да не оглупавам.
    Ме прашува culture дали било религија, кога не знае што да прави со клиентот, не му враќа, па прашува можел ли клиентов да види дека он си пишува со други, ми збори имало нешто за Евреи (џулереј, по негово)...оно да ми ти било jewelry...и врвот - ќе одел во Чешка на море. Иди, брате, пливај.
    Кога дојде време да напуштам, мене ме викна да ги интервјуирам и „тренирам“ (јак тренинг па што требаше) новите, со истиот муабет „...али да не ти објаснувам сега тоа, шпанско село ќе ти биде“.
    Пошто ти многу учен...

    Али да, најглупо е она „Зошто мислиш дека си за оваа позиција?“
    Зашто не знам да градам згради или да лечам луѓе?
    Па иди препотувај се, па фали се без да испаднеш сноб. Со една ваква маица да им се појави човек.
    61746186.jpg
     
    Последна измена: 31 август 2015
    На Sanniii, Animali, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Irena888

    Irena888 Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    11
    Да погодам која? ВИП? :)
     
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.003
    Допаѓања:
    133.911
    Хаха, мене еднаш ми рекоа и стан да барам у Скопје или цимерки, дека сум примена, за да не ми се јават 3 недели, и на крај кога се јавив ми рекоа, ах па одамна се примени тие што треба :) Нема разочарување :)
    Една па уште да ме изнавреѓаше како не сум знаела нешто, а прашањето комплет неповрзано со мојата струка. Не им обрнувајте многу внимание, нека ви се мотив за следна апликација, успешна.
     
  16. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Дали си пушач ме прашаа :D и јас излажав дека не сум и стварно не пушев три години таму кај што работев :D:D но и така не дозволуваше работното место.
     
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Гледам многу од вас се запрепастени од прашањата што ви ги поставуваат. И не ме чуди... Живееме во земја каде што во огласот за работа пишува “испратете CV со слика(задолжително)“. :^)
    Поготово жените со какви прашања се соочуваат на интервјуа, па тоа е страшно.
    Лично сум била сведок на прашањата:
    Дали си во врска?
    Дали сакаш да основаш семејство во брзо време?
    Кога планираш да се мажиш?
    Дали планираш да останеш трудна во блиска иднина?
    Уште да ме прашаа дали редовно имам заштитен однос.....|(

    Лично јас, а и моја пријателка сме биле сведоци и на ваква изјава:
    -Нас твојот приватен живот не не интересира. Дали го имаш или го немаш. Дотолку подобро и да го немаш, бидејќи сакаме да си на располагање 24/7, а обврски од приватен живот како дечко, врска и сл.немаат место овде. :drunk:

    Прашањата во врска со живеалиштето и не ме чудат толку. Знам дека и во други земји имаат практика да прашуваат дали поседуваш сопствен стан или куќа и сл. И со кого живееш.

    Мислам дека е кореткно да се поставуваат прашања со кои работодавецот ќе дознае повеќе за личноста која е на интервју. Од типот на: Дали имате поставено цели за иднина? Добра и лоша карактеристика? Па дури и хороскопски знак :) А тоа што кај нас се забегува со ваквите прашања е сосема друга работа.

    Иначе колку за инфо, во Србија една малда девојка, дипломиран правник, тужи едн Нотарска канцеларија каде што и поставувале прашања од горенаведените, а потоа и кажале дека нема да биде примена заради тоа што се големи изгледите да основа семејство набрзо и да оди на трудничко... Ова го читав на Фб некаде, па баш следам каков ќе биде исходот од постапката.
     
    На Bender Rodriguez и Priroden им се допаѓа ова.
  18. Ichbinschmetterling

    Ichbinschmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Најпрво да се извинам можеби и не ми е прашањето за оваа тема меѓутоа морам да прашам.
    Дали некогаш ви се случило од кога официјално сте се вработиле да ви побараат листа од претходни
    вработувања од ПИОМ?.Ова беше случај со мене на последното работно место.
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.003
    Допаѓања:
    133.911
    Да, нормално е тоа. Како ќе ти пресмета стаж и плата?
     
  20. Ichbinschmetterling

    Ichbinschmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Феминки дали случајно некој/а можеби беше на интервју во Мотиви груп(20ти и 21ви јануари) за работата што ја нудеа за техничка поддршка за корисници за белгиската фирма?
    Јас сеуште немам одговор рекоа најкасно до оваа среда ќе ги известеле сите кандидати:|.Anyone?