Толку многу сум разочарана во таа процедура барање работа преку оглас, ужасно. Можеби на 1 во 10 000 се посреќило, но другите 9999 се со лоши искуства гарант. Пред 2 години се пријавувам на оглас за странска компанија, оглас кој беше повторен затоа што на првиот оглас немало пријавени. На вториот оглас, ми се јавија, бев на интервју во Скопје каде ми беше лично кажано дека покрај тоа што ги исполнувам условите за работа, бараните критериуми дури и сум единствена пријавен за мојот регион, за брзо ќе бидам известена. А интервјуто траеше 7-8 мин, како дознавте за огласот, дали сметате дека ги исполнувате условите, како би придонеле за фирмата И така си чекав јас 2 недели изгубив надеж нормално, за подоцна (после 2 месеци случајно) да дознаам дека моето работно место стоело 2 месеци празно, додека не била примена некоја со несоодветно образование, некоја цурица која не ни била пријавена на огласот. Претпоставувате како, да не објаснувам Кога политиката влезе и во странските фирми, жално грозно страшно.............. и ќе бегале странство, ма нека бегаат, нека трчааат
Луѓе утре одам прв пат на интервју за платена пракса. Па бидејќи е за пракса си мислам можеби нема многу прашања да ми поставуваат? Може некој да ми каже какви прашања најчесто поставуват?
Бидејки сметам дека нема подобар кандидат од мене. Бидејки сметам дека јас го заслужувам ова вработување. Сакам да сум дел од вашиот тим. Сакам да придонесувам за оваа фирма ( или што и да е). Веке се гледам како вработена и успешна кај вас. Сметам дека тука можам да ги докажам моите квалитети бла бла бла. Малку ја филуваш тортата и на крај не заборавај ја јаготката- да се заблагодариш со насмевка и ентзијазам ( а се вежба и пред огледало).
Девојки ми стигна порака дека ме викаат на тестирање во Фешн Груп, па во зависност од резултатите од тестирањето одредени ќе бидат викнати на интервју. Имате ли искуства со тестирање? Како би било, што би ве прашале итн? Ако има некој таков да ми одговори, не знам дали да одам воопшто. Фала ви.
Пoглупaвo интервју не пoстoи кaј нив. Прaшaњa: -Дaли некoј твoј близoк рaбoти вo КАМ и aкo дa, кoјa пoзицијa рaбoти. -Кoлку плaтa oчекувaш? Пoсле нa еден лист имa уште пoглупaви прaшaњa oд типoт: -Кoи прoизвoди ти се нaјoмилени? -Штo нaјчестo купувaш? -Вo кoј КАМ мaркет пaзaрувaш и тaкви слични. Срaње. Ти штo нaпрaви, кaкo пoминa?
Бев и тие беа прашањата се чекам ако ми се јаватДали си мажена деца? Мене и во Жито Маркет ми го поставија тоа прашање Кoлку плaтa oчекувaш? Јас им пишав секој ден дека пазарувамбидејќи преку пат ми е, амаа за платата одговарам онаа минимална што е 11000 денари зошто во мојов град отпрлика сите плати тука се
Ова е патот како да не ја добиеш работата, бидејки од авион се гледа дека е улизување. Модерните менаџери сакаат критика и решение како ти тоа би го направила подобро, а не улизување.
Јас се сметам за професионалец кога станува збор интервју. Поминав многу интервјуа додека ја најдов онаа работа ШТО МИ ОДГОВАРА МЕНЕ ЛИЧНО, плус локација и плата. Прашањата се What are your strengths? What are your weaknesses? Во овие две треба да ги направиш сите твои слабости во јакост... Why do you want this job? What attracted you to this company? What did you like least about your last job? Why are you leaving your present job? What do you know about our company? Сите треба да се изведат со насмевка и се треба да биде позитивно во нив. Наогјам многу од компаниите да бидат total scams кои презентираат работа за менаџер а уствари влагаш у sales department за телевизиски програми.... А ии да очекуваат веќе да си пролистал каква компанија те поканила на разговор.. Не знам како е у Мк никад не сум ни барала работа.
Најчести прашања на интервју Доколку ова е вашето прво интервју за работа, заминете подготвени. Дознајте кои се најчесто поставуваните прашања од страна на работодавачот и обидете се да им најдете соодветен одговор. Добрата подготвеност, резултира со поголема самодоверба. Детали од CV- то Што знаете за нашата компанија? Зошто сакате да работите кај нас? Колку сметате дека сте квалификувани за работната позиција за која аплициравте? Зошто сакате да го смените работното место? Прашања за поранешниот работодавач Зошто не сте работеле одреден период? Дали сте тимски играч? Како вас ве опишуваат пријателите? Вашите планови во следните 5 години? Што ви причинува задоволство во работата? Наведете три зборови кои најдобро ве опишуваат. Како поднесувате пораз? Дали имате натпреварувачки дух? Што ве депримира? Како себе би се оцениле на скала од 1 до 10? Кои се вашите слаби страни? Дали можете да работите под притисок? Дали почитувате рокови? Со што се гордеете? Што досега бил вашиот најголем предизвик? Дали се сметате за креативна личност? Имате ли хоби? Омилена книга/филм? Наведете некој пример од работното искуство кога сте примениле некоја нова идеја Која е вашата цел во животот? Што сакате да постигнете во кариерата? Која е очекуваната плата? Прашања поставени до работодавачот Многу е веројатно дека разговорот за работа ќе заврши така што Вам ќе ви дадат шанса да вие на нив им поставите прашања. Добро е да поставите барем едно прашање, со што ќе покажете интерес. Примери на прашања кои можете да ги поставите: Опишете ми еден типичен ден/работна недела на лицето кое одговара на таа работна позиција Како ќе се оценува мојата ефикасност и перформанс? Кои се можностите за учење, личен развој и напредување во кариерата? Кои вештини и познавања се клучни за таа работна позиција? Кои се најголемите предизвици си кои компанијата се соочува денес? Кажете ми нешто повеќе за новиот производ/услуга X? Најчести грешки Доцнење Непознавање на компанијата Озборување на претходниот работодавач Недостаток на цели и планови во кариера Нагласување на важноста на парите Нефлексибилност (работно време, ниска позиција) Лошо изразување (жаргони) Лоша невербална комуникација Практични совети за интервју за работа Немаме втора шанса за прв впечаток! Доволна е секунда да го оставиме првиот впечаток пред личноста која ја гледаме прв пат во животот, а за само 4 минути активен разговор кај нив се оформува цврсто мислење за кое што би било потребно околу 10 средби да му го промениме мислењето. Дали сакате кај работодавачот да оставите впечаток по кој веднаш ќе посака да станете дел од неговиот тим или да се надева дека никогаш повеќе нема да мора да ве сретне? Пред самото интервју… Добро информирајте се за самата компанија. На нивната веб страна можете да ја најдете мисијата и визијата на фирмата, информации за производите и услугите кои таа ги нуди, општествената одговорност итн. Работодавецот мора да стекне впечаток дека сте тука бидејќи навистина сакате да работите токму во таа фирма. Веќе треба да знаете дека е многу важно да дојдете на време, дури ако можете и 20тина минути порано на интервју. Не оставајте на случајности, бидејќи може да налетата на гужва во сообраќајот. Тогаш е добро време да го исклучите мобилниот телефон. Деловна облека Најголемиот дел од впечатокот кој го оставаме кај другите доаѓа врз основа на невербалната комуникација, која го вклучува и нашиот изглед – модел и боја на фустанчето или костумот, фризурата, мирисот и шминката. Проверете дали компанијата има одредена политика на облекување, па на интервјуто облечете се слично. Бојата на облеката во најголем број на случаи не прави разлика кај работодавачот, но сепак црвената се смета за непосакувана боја за на интервју. Исто така, ако можете избегнувајте ги сите живописни бои. Ако постојат корпоративни бои, би било добро ако барем еден дел од вашата облека ја содржат таа комбинација, па така им давате до знаење дека припаѓате во таа команија. Девојките треба да внимаваат и на ноктите и фризурата, а и накитот кој ќе го одберат во комбинација со класичната облека (која треба да е добро испеглана) не треба да биде премногу упадлив. Не заборавајте на чевлите – одберете затворени чевли кои не се на превисока штикла. Тие треба да бидат добро исчистени. Немојте да пушите пред интервјуто. Ставете рачен часовник, а можете со вас да понесете и копија од вашето CV. Очилата за сонце тргнете ги од главата. Истражување Персирајте! Многу е важно да ја персирате личноста која ве повикала на интервју, без разлика на нејзината возраст. Не употребувајте ги изговорите од типот на “значи”, “како се вика”, како и жаргонски изрази. Избегнувајте да користите стручни изрази, освен ако не сте сигурни што значат и како се употребуваат. Одговарајте со полни реченици, не со а-ха, м-хм, и не чекајте некој да “ви ги вади зборовите од уста”. Обидете се да се изразувате позитивно.
Би ве замолила, доколку има некој вработен во Охридка Банка или знае некој што работи таму да ми кажит дали за врабтување има тестирање или директно на интервјуа се иди?
Здраво, Сакам да ве прашам дали некој од вас бил на тестирање во Македонски Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС). До сега сум била во неколку компании на интервју но никогаш не ми правеле тестирање
Здраво. Јас сакам да прашам дали некој е бил на тестирање во Халк банка и какви прашања содржи тестот?
Прашуваат општи прашања за тебе, што имаш завршено, работно искуство... потоа за банката нивна што знаеш, потоа стручни прашања, и исто и на англиски прашуваат да видат како стоиш со јазикот. Јас задоволна излегов, се одговорив, но не ме исконтактираа