Никогаш не сфатив која е логиката да те прашуваат дали си конкурирал на други места? Мислам озбилно? Сигурно некој чека вие да му се јавите Исто така смешно ми е кога ќе спомнат учење нови вештини и сл. да не се лажеме првенствено сите работат за пари па никогаш не ја сфатив потребата зошто мора да се лажеме со тие "бели" лаги.
Дали си во врска/дали си мажена/бремена и дали планираш у скоро време, на што ти лажеш дека не, фала Богу. Ќе се правам поштена таму кај некој робовласник, жими гзов... Дали си аплицирал на друго место, и да не е така лажеш дека да, и дека чекаат да им јавиш за одлука, па ако сакаат да те вработат нека размислат дали ќе чекаат две недели да те побараат. Која плата ја очекуваш, и кажуваш 1000 помалце од онаа што знаеш дека е, оти нели глумиш скромност, а и ти одговара работата. Ако не знаеш која е, си кажуваш искрено за што најмалку би работел, па ќе видиш што ќе понудат. И секогаш додавајте си месеци у работно искуство, оти на нашиве поштени и искусни газди и еден месец им прави разлика дали знаете да куцате на каса, јес да у ниеден дуќан не е иста касата. Али они се знаат, нели. Затоа се газди, кхм...
Меѓи оние стандардни прашања кои е логично да бидат поставени ми се има случено да ми ги постават и следните: Зошто сакаш да го напуштиш сегашното работно место? Колку ти даваат плата таму? Дали ако ти дадат повисока плата некаде на друго место би си заминала и од кај нас? Дали наскоро планираш да основаш семејство?
Дали некоја од Вас била на интервју во Neuromedica за позиција администратор? И доколку има такви ако може да кажат какви прашања поставуваат.
Мислам дека имам пишувано некаде по темиве, јас кога бев ме прашуваа општи прашање за мене, што имам завршено, работно искуство, позитивни/негативни страни, потоа почнаа на англиски да ме прашуваат што се знаеш за банката, исто и на англиски ме прашуваа и стручни прашања
Бев пред 109404 години само што искочена од факултет, кога мислев у банка сакам да работам. Прво, фати си врски. Второ, прво интервју со све слепо и сакато што немало работа, па ај влегло да ти држи страв, скупно 6 души беа. Трето, ти поставуваат така глупи прашања КОИ НЕМААТ ВРСКА СО ТВОЈАТА СПОСОБНОСТ ЗА РАБОТА. Прашањата се генерични, бирани од интернет, некои и безобразни и после имаш прашања за банката, ШТО СВЕ СИ НАУЧИЛ ЗА НИВ ОД ВЕБ САЈТОТ. Да, прво треба да знаеш каде одиш, нормално, домаќински, амааааааа детално веб сајтот уздуж и попреку, среќа деталист сум, па фатив све испрочитав, па кажав и нешто што ни они го немаа прочитано, па се чудеа дали е така. Не се прашува до толку детали, затоа имаш увод во работа, упатство за работа, укажува дека очекуваат дека кандидатот паднал од очај за работа и цела недела учел на памет се што нудат. Глупости. Така се губи квалитетен кандидат кој можда и немал време до толку, а не дека не е способен да научи, а тоа укажува дека HR врска немаат од работата и дека имаат его ишјус. Ми се јавија за второ, ама веќе почнав да работам, а и да не работев, немаше да прифатам. Најлош HR тим имаат. Кога ќе влезеш и кога ќе видиш толку луѓе у просторија не знаеш дали за наса си аплицирал или за најдосадната банка во Македонија. Мислам дека вработените ги бираат по еден калап - биди доволно нападен и директен, така ги осетив, така се поставив. Ова одамна беше, сега не знам дали нешто смениле. A да, и на англиски беше добар дел од интервјуто. Мислам дека сем да видат дали знаеш јазик, имаа и странец со нив.
Бев, групно интервју, образование, работно искуство, јазици и тоа. Пред вработување следи месец дена обука. Има некој искуство во Nelt St? Логичко-математички тест?
Сите на обука идат што биле на интервју? Јас не успеав да стигнам денеска на интервјуто.. :/ Во Нелт има тестови, брат ми беше сега брзо на интервју кај нив и даваат доста зезнати тестови па потоа има мислам уште неколку интервјуа...
Сите не прашаа кога можеме да почнеме и рекоа во текот на наредната недела ќе се јават на тие што ќе ги изберат. Може да ти каже што од прилика имаше на тестовите, ако се сеќава..
Па вика имало многу глупости на пример што облека носеле некои од историја заборавив како ги кажа, некои математички прашања, општи географски.. не се сеќава конкретно на некое прашање.. имаше по форумов некаде и други искуства со Nelt St. Иначе огласов од Неуромедика уште трае се мислим да ги барам утре ако можат да ми дадат термин пак за интервју.. услови ви кажаа како ќе биде? : )
Фалаа.. Инаку за Неуромедика работното време е 6h прва и втора смена само, зборуваше како треба да сме насмејани, позитивни, средени бла бла, има можност за напредок.. за платата не зборуваше, за тоа се зборувало после обуката ако те вработат, кажа само дека платата е добра за таа работа и за ова поднебје
Скроз така како што пиша Лилит. На второто интервју бев ја безобразлук невиден, немаат култура никаква оние што се во управен одбор, џабе функциите.. исто и второто интервју како првото е, само што се собрани поголеми идиоти.. Генерално мене многу лош впечаток ми оставија во СТОПАНСКА БАНКА, не сакам да чујам за нив, а башка што ново вработените ги ротираат по други градови првите месеци/години, демек ги тестираат дали ја сакаат толку многу работата, па би ги издржале сите препреки.... очај
Не се арни. И неизбежното: каде се гледаш за толку и толку години... Еднаш на едно интервју ме прашаа дали ќе ми пречи да работам со шиптари. Да.