И јас сакам таму да аплицирам а никаде немам видено оглас, дали може да ми кажеш каде ги објавуваат своите огласи?
Имаше сега оглас на вработисе.мк Јас аплицирав сега пред 1 недела а денес ми се јавија. Инаку огласот беше за во Кочани.
За во Стопанска, интервјуто е пред повеќе директори. Класично интервју, искуство, мотивација, каде се гледате во иднина.... Им требаат многу луѓе, така што примаат по квалитет, не преку врски
Како имаш пишано, мислиш како песна ги примаат. Можеби е според квалитет, ама сепак и врските работат. Инаку неколку тестирања има, а може ли во сите тестирања човек да се покаже во најсилно светло. Сепак и тремата игра улога тука, некогаш и најспособниот кандидат може да се збуни и во него да не видат квалитет. Инаку мислам дека сепак многу голема е конкуренцијата.
Moze nekoj da kaze pokonkretno sto ima na testiranjeto vo KPMG za praktikanti vo Danoci i Smetkovodstvo?
Класика е дека бираат по "најдобриот од сите". Значи ако си се збунила ти - се збунила и таа пред тебе. Ако е тешко за сите е тешко не постои совршено интервју, ниту совршен кандидат.
Здраво,дали некој е бил на интервју за работа на Макпетрол (бензинска) ? Мислам дека овде во Скопје се одвива тоа....
Да бев ти објаснува за работата и условите. На огласот пишуваше плата 20000 на разговорот ти вика 13500 ако се покажеш како добар работник може да има покачување следните месеци. Првите 10 дена ти се тренинг ако те бидува потпишуваш договор ако не ништо.
Ве молам има ли некој што поминал на тестирање во Комерцијална банка и го повикале на интервју? Што прашуваат?
Бев прошлиот месец на интервју и ми поставиа прашање Како ке го продадам истото пенкало? мислам дека сте слушнале за она како ке го проададеш пенкалото но ова беше во слична смисла . Досега од моите интервјуа не сум имала такво прашање барав по интернет нешто да се обучам но ништо не направив. Би ве замолила ако имате некако добар одговор идеа што да кажам ако ми постават пак такво прашање да знам што да кажам.Ви благодарам
Бев пред неколку дена на интервју кое траеше од прилика половина час и типката ме праша сите оние стандарт прашања и ми рече ќе ти се јавиме ако те одбереме за второ интервју. И ми се јавија. Е сега мене не ми е јасно уште што ќе ме прашуваат на тоа второ интервју кога веќе се е кажано на првото? Некој да бил у ваква ситуација, искуство?
Не се секирај. Јас имам одено на второ интрвју, и второто е веќе со поглавен менаџеер за тој сектор. Истите прашања ги поставува. Ништо страшно.