Dali nekoj vo skoro vreme bil na intervju za administrativen sluzbenik? Koj prasanja gi postavuvat kako odi tekot? Vi blagodaram odnapred
Одам на интервју (не е битно за која фирма, да не ме препознае некој) и таа ми кажа накратко што како за фирмата и ме праша само дали имам основно познавање на англиски и трипати ме праша дали имам јас некое прашање И бидејќи трипати ме праша, јас не знаев што и ќутев, па четвртиот пат ја прашав колкава е платата и ми вика тоа на второ интервју со директорот (доколку ме викнат). Јас не верувам дека ќе ме повикаат искрено. Инаку ок е работата и работното време, ама изгубив надеж оти четири бевме за интервју денеска.
Зошто да те иритира тоа, обично на интервју не ни прашуваат дали имаш прашања, туку надмено се поставуваат во стил - тебе ти треба работа, ама ние бираме и прашуваме.
Епа како ќе изберат за следно интервју кај директорот ако не прашуваат ништо? Имаше повеќе за интервју, а еден ќе вработуваат.
И мене на секое интервју што сум била ми го поставиле истото прашање. Ако ме интересира нешто за фирмата или конкретно за работното место прашувам ако не велам дека немам прашање.
Не знам кој им е принципот на селекција, може сакаат да видат како се изразувате, што ве интересира поврзано со фирмата и сл.
Прочитале некоја статија по интернет за прашања што Гугл им ги поставува на апликантите, па ајде си рекле Гугл да будем.
Ич...значи не ми е јасно кој е филмот со тоа обуките,и зошто да одам на обука непријавена и тоа да не ми е платено...претераа веќе со се.