Оваа година бев на голем број интервјуа за работа. У кратки црти, чест на исклучоци, на повеќето фирми 90% од прашањата им беа чепкање у интима, или детално те замараат за нерелевантно работно искуство, па зашто не го работиш тоа, па ово па оно. Ме испопрашаа шо работат моите, дали имам сестра брат, што работат и они. Дали сум мажена, деца дали имам. Па ќе видат си работела у странство, одма мислат ќе им избегаш. Исто и за курс по нешто нерелеванто, да речеме програмирање, одма прашања поврзани зошто тоа го учам а нема врска со нив. Едноставно екстра скил, нема програмер да бидам со едно курсче. И тука мора да навлезат у тоа наместо да прашаат за нешто што би го работела. Друга идиотска ствар, пред нос им е моето ЦВ, секоја работа ми била работа на компјутер, а ме прашува дали знам да користам компјутер?? Кој ви ги дал прашањава?? Уште потрагично е кога те интервјуираат тројца. Поготово у ек на пандемија, сите без маски. Голем дел со надмено инспекторско однесување, а станува збор за канцелариска работа шо може да се работи и со средно, не е нуклеарна физика или работа у ЦИА.
Леле тотално се согласувам со тебе, толку сум исфрустрирана од целиов овој процес, смотани прашања, прашања без поента, прашања тотално нерелевантни ... Исто така има и случаи кога фирмата не е ни сигурна дали ќе вработи човек но ги прави тие интервјуа за да во случај да треба да имаат човек на лагер. Фирми кои ветуваат дека со сигурност ќе добиеш одговор дали си или не си примен а потоа ги нема никаде ниту со еден мејл да известат чисто да си знаеме. На прсти се бројат фирми што се професионални и го прават тоа. Па тоаа круговии интервјуаа анализи правење за што... за најобична административна работа ккоја се учи за еден месец со ефективна обука. Како за Гугл да сум аплицирала па тоа мотивационии писма па препораки да имало ..за што? За најобични услови пријавен и редовна плата ....РЕДОВНА плата потенцирано во огласот ..па нормално дека треба редовна да биде. Ама тоа е.. таква е годината работодавачите се свесни дека кај нив е моќта кога станува збор за плата и услови бидејќи многу фирми затворија, многу невработени, границите се затворени свесни се дека работната сила нема многу избор. 2020 МРШ
Со ова се сетив кога бев на интервју додека студирав, не споменувам име на фирма, бев пријавена за маркетинг, а студирав копмјутерско инженерство, фирмата беше на три спрата и најгоре требаше да се качам. Прво на фб имаше една адреса, а во меѓувреме се преместиле тие така јас пред 15 мин пред интервјуто се јавував во човечки ресурси да прашам за адреса, фатив такси и со трчање стигнав, по скали до трет спрат и веќе бев изморена, задишана. Кога влегов едвај зборував и се наместија тројца да ми прават интервју и првата реченица им беше `ти си најчудниот кандидат имаш познавање од програмирање, а се пријавуваш за маркетинг', потоа следеа прашања повеќе за програмирање и на крај ми рекоа не си за овде барај си работа со програмирање.
Што си работела,колку време зошто си имаш отидено од други работни места,за која плата би работела.Јас лигно дека имав како Магационер работено,а они никогаш немале во магацин женски па прашуваше дали би работела и јас само кажав да и немаше поминато ни недела дена пак ми ѕвонеа за во Магацин да работам
Не, таму бев ама ова беше пред короната.Тој што прави интервју е супер човек . Пола саат се имав задржано.Јас имав аплицирано за декларации лепење али тој дел им е ужас.Минимална плата и плус добиваш процент од тоа колку што ќе сработиш т.е. оние што се нескафе 2+1 гратис кутиите што се со шоља внатре они ги пакуваат на основа на тоа колку ќе сработиш толку и плата ќе си имаш
Се уште си таму? Слушнав дека со плати почнале за заебаваат висина е ова? Имам роднина таму работи, ама незгодно ми е да прашам за исплата дали е на време.
За колку време отприлика ти се јавуваат после второ интервју за да те известат дали си вработен или не ? Искуство некој..
Ако си вистинскиот избор после 1-2 дена. Треба да ти кажат на самото интервју ако си избор за колку време ќе те известат.
Здраво,би сакала да добијам одговор од некој од вас дали бил на тестирање и интервју во Халк Банк и како поминале и што имало на тестирањето и какви прашања се поставуваат на интервуто? Ви благодарам
Треба да кажат уште со огласот. И да, треба да прашаш оти ако не одговара нема потреба ни од докажување на интервјуто.
Сите одиме за плата на работа, а не рекреативно што значи нормално е да прашаш и јас прашувам секој пат ако во огласот не пишува.
@Skylar не знам за каква позиција аплицираш и фирма. На последните неколку интервјуа на кои бев исклучиво тие ме прашаа колку плата сакам. Никаде во огласот ниту во интервјуто не сакаа да спомнат буџет. Наместо да ми кажат ме прашаа кажи ми некоја сума од - до што ќе ти одговара, или сума под која што не би прифатила. Затоа моја препорака ти е да си спремаш долна граница под која не би прифатила да работиш и да си спремаш сума која што ја бараш за таа позиција т.е што би ти била идеална. Не значи дека секогаш ќе ти ја дадат долната граница. Ако те прашаат за плата во претходната фирма, додади си + 100/200 евра или целосно избегни го тоа прашање. Ако си кажеш долна граница ќе мислат дека таа сума ја земаш сега. Си имам прашано колку е платата на интервју, ми кажаа, но не ми одговараше таа плата и не прифатив понуда од нив. Е сега, ако сакаш да ги прашаш директно може да ги прашаш колкав им е буџетот за таа позиција, пошто обично сакаат најдобриот да го исценкаат за најмалце, затоа и не откриваат. Ова е само моето искуство со фирми, обично не се ценкам за плата, наместо тоа за долна граница што не би ја прифатила си кажувам повеќе од сегашната плата, па и да ми ја дадат таа сума, пак одам погоре од тоа што сум сега. Со среќа.
Да се претставиш, да кажеш за тоа каде и што си работела претходно, ако имаш факултет за тоа ќе те прашуваат, добри/лоши страни, зошто сакаш да работиш во таа компанија... типични HR прашања,ништо посебно
@Mala30 може не ти е ни битно сега, колешка моја бивша беше годинава на интервју во Инплеер. Долг им е процесот, прво со хр, па со колегите од тимот, па со шефовите. Англискиот мора да ти биде ептен таман, логично, со странци работат. На колешкава (која меѓу другото е тата мата за јазици) која има и бајаги искуство во продажба и тоа они што барале, не знам точно за која позиција, и понудиле 500 евра за втора смена мислам од три-четири саат попладне, викенди и прзници не се работи, дома се работи поради коронава (не знам дали уште важи). Нејзе одма ја викнале, ептен ја бендисале ама мала плата за втора смена, според неа и нејзиното искуство. Толку знам.
Дали некој знае што се прашува на второ интервју? Бев на едно ме прашуваа само што имам завршено и дали и што имам работено, а потоа ми закажаа друго..