Значи да се надоврзам сега пак на темата-пред 2 саати се вратив од интервјуто,се осеќав ко на испит...госпожата имаше испринтано на лист прашања во табела-во кој празен простор ги пишуваше моите одговори....значи клише на прашања исто па исто....3 најдобри твои особини-сигурно ќе кажеш све ок,нема да речам -пааа тврдоглава сум,мрзлива или незнам што,така да тие и самите треба да се свесни дека ќе кажеш се најдобро за себе,или дека однапред си се припремал за самото интервју...најмногу можеш да видиш некој каков е по пробен период-но нека биде тој недела,две,не со месеци...замислете пред некоја година конкурирав за во бижутерија и типката ми рече 3 месеци пробно Инаку ,не ми се допадна што го водат интервјуто без везе,на претходни интервјуа кај шо сум била баш беше спонтано ,опуштано си правевме муабет-а денес кај шо бев навистина бев вака како на испит И еве ги прашањата: -Кажи ми нешто за себе -Работно искуство -Каде во Ск живееш и со кого -Што те привлече да конкурираш за оваа работа -Ако те земеме за на работа-дали ќе ти фали старата работа -Каде се гледаш за 5 години -Ком вештини и јазик-колку степени си завршила ,и дали си спремна да ти правиме тест на англиски а потоа и интервју -Од кога имаш возачка дозвола ,имаш ли твоја кола,и како се снаоѓаш со возењето -Спремна ли си да работиш под притисок и сабота и недела да си достапна,некогаш ќе биде потребно и после 4 да остануваш -Во какви услови сакаш да работиш -Дали си комуникативна и би можела ли да работиш тимски -Дали трпиш критики -Дали си спремна за чести отсуства од дома-во странство и низ македонија -Дали си спремна да учиш и да се надоградуваш -Дали си спремна да истрпиш секакви карактери на луѓе,и да не избувнуваш во некои ситуации -и следува најбитнот0-дали си спремна да се откажеш од приватниот живот во наредните година,две Кога ме праша каде се гледам за 5 години искрено си се видов со моето мажуле и детенце ама се свестив за да одговорам нешто соодветно,после се изнасмејав кога искочив...за некој ден ќе чекам дали ќе добијам повик за второ интервју,ама гледам дека ова би барало премногу жртви од моја страна,всушност би требало да одберам меќу кариера и мојот живот...така да ќе размислам...
леле на едно итервју што го имав трааеше 30 мин и се осекав како на испит више немаше што не ме праша (стручно).......и на крај ништо
Јас денес бев на интервју за работа ..... и си викам мн лесно билоо ако е секаде вака... Само 1 прашање : дали имаш претходно искуство и тоа... потоа ми кажа нешто за компанијата и кои се условите за работа и дека послем 17часот ке ме известат без разлика дали ме примија или не.... И ме примијаа кефој сум.... инаку прва работа ми е .....
Доколку мене не ми одговараат условите за работата како културно да ја одбијам? И дали е паметно истовремено да испратам Сv на повеќе работни места?
не кажувај дека не ти одговараат условите за работа или сл. туку едноставно: Ви благодарам многу за вашиот повик и за тоа што ми ја нудите позицијата на ___________. И покрај тоа што цврсто верувам во мисијата на вашата компанија и ја ценам можноста што ми ја нудите, имав друга понуда за работа за која верувам дека повеќе се усогласува со мојата моментална кариера, моите идни цели и интереси. Затоа, иако тоа беше тешка одлука, морам да ја одбијам вашата понуда. Ми беше задоволство што ве запознав вас и остатокот од вашиот тим. Најдобри желби за континуиран успех. а за CV праќај колку што можеш повеќе! ако чекаш на една компанија да ти одговори, ќе се изначекаш
Искрено нерва искинав со ова аплицирање за работа и убаво напиша една од феминките ако не си примен/а барем да ти пишат дека не си квалификуван/а за таа позиција.Имав аплицирано за продавачка во продавница за играчки знаете ли што одговор добив?-премн квалификувана сум била бе за работата бог да чува дури ни со факултетска диплома не им одговараш...А на друго место исто бараа продавачка за во еден маркет,и бев на интервју газдата ми вика Читам дека имаш 2год искувство во книговодство Да-викам имам и опишувам што знам од страна на книговодство да работам.И ме запознава со нивната книговодителка и ми кажува нешто демек како таа и книговодство водела,и на каса знаела да се снајде,и кога ќе дојдело комбе со роба знаела што и како...Си викам жено јака ти душа 10 во 1 си . А и прашуват на кого си,што работат твоите.
Да не си од помал град па таму речиси секој со секого се знае. Или помала фирма каде не можат стручни прашања да те прашуваат. Не може за висока позиција он мене за мама и тато да ме прашува. Не му одговарам јас на тоа. А често прашање е за брачната состојба, посебно се плашат да не се вработиш и оп стомаче те нема 10 месеци. И ова прашање за мене не е на место. Едно фино прашање на 3та тура интервјуа го имаат прашано другарче. Пушиш? И овој ДА. Колку? И рекол 1 кутија дневно просечно. и фино лепо менаџеров си прерачунува колку паузи би правел и дали тоа ќе се одрази на работата. Мора да признам многу убаво, за да те збуни максимално Многу е добро кога поставуваат прашања со цел и прашања да ја видат твојата реакција пред се, како се снаоѓаш во безвезални прашања и ситуации. Дрскост? Срамежливост? Молчиш? Мразам поставување на прашања кои веќе ги пишува во ЦВ И една значајна работа на интервјуа е и ти да поставиш прашање. Со тоа ја покажуваш заинтересираноста кон работната позиција
На последното мое интервју една од тие што интервјуираше ме праша Што е вашиот најголем мотиватор во работата? И јас како од пушка одговорив јасно и гласно: ПАРИТЕ! Како ги ококори очите, мислиш од платата ќе и земам. А што треба да кажам, мене мотивација ми е самата работа, работата го краси човекот, а мрзата го гнаси... Абе ајде. Јасно си кажувам дека не би волонтирала ниту ден без пари и си прашувам колку ќе изнесува месечниот надомест, т.е. платата. Кога бев помлада ми беше некако незгодно и срам, но откако се изгорев неколку пати, работејќи буквално без пари (работава џабе работи, џабе не седи) не ја правам повеќе таа грешка. Немам спремени одговори, ниту читам такви клише реченици, одам сосем слободна, без грам трема и кажувам што имам да си кажам. Совет, бидете свои на интервју и не глумете лудило. Не пишувајте глупости во CV, бидете природни, убаво стокмени и насмеани. Дојдете како да имате веќе друга работа обезбедено, ова ви е само за проба. Само да си докажете дека може да ве викнат после интервјуто. Инаку намирисуваат очај, и дури и да ве викнат, ќе започне макотрпно малтретирање затоа што знаат дека немате излез и ништо подобро од таа солуција во моментот. Мене дури на последното интервју ми рекоа дека ќе ми се јават да ме известат после 17 часот, а ми се јавија уште во 15.45 мин. да ми кажат дека сум примена. Но, јас ги одбив, затоа што сметам дека можам многу подобро и многу повеќе од таа работа. Врв на се' - им реков - извинете, ама пред 15 минути ми се јавија од друга фирма со многу подобри услови за работа и веќе прифатив. И таа од таму - така си е, квалитетот секогаш испливува на површината. Иш ма.
леле девојки мн.инервјуа ама малку вработувања страшно што викате смешна работа ни со диплома или дополнително знаење не им одговараш аман веќе
Зашто ве чуди ако прашуваат за тоа дали сте пушач или не?! Па значи бе луѓе,особено сега со новиот закон кога не може да се пуши на биро и мораш да излегуваш на 10 мин.пуш пауза и му трошиш драгоцено време и ескивираш од работа,а ако му пушиш внатре пак,ако го фатат,тебе фирмата две недели ти е казнета,не смее да работи.Многу разумни прашања се тоа.Да не потенцирам фирма,ама една од поголемите и со странски капитал кај нас,ги мотивира вработените со зголемување на плата и преговара со вработените за намалување на цигарите и ги наградува ако бидат успешни,а и секаде во свет е така.Времето е пари.А и за бременоста,малце ти се меша во приватност,ама ... што па него го занима,тој тера бизнис. Има и прашања до степен да те прашаат зошто баш твоето име си го носиш,зошто не те крстиле поинаку?! Треба да сте подготвени за која позиција аплицирате и да не паѓате на трик прашања.Во зависност од позицијата,таква реакција се бара од тебе,дури и на смотани прашања.Некогаш е пожелно да бидеш дрзок ко прашањата што се поставени,а некогаш не смееш да бидеш предизвикан и културно да одговориш,жива психологија е и од двете страни.Треба да го опипаш и испитувачот и да тераш обратна психологија. А што се однесува со волонтирањето,мала дигресија од темава...јас сум тотално за и би волонтирала (и сум,ама од друг тип малце) колку што е законски пропишано,максимум 3 месеци.Прво искуството е непроценливо,а второ добро е за во св, чекор до она што можеби повеќе ќе ти одговара и ќе биде солидно платено,имаш едноставно лице да побараш тоа што ти треба тебе.Пре ќе волонтирам,него да седам дома,зошто ќе имам што плус да шкрабнам во св,а и воопшто не искуство како работа баш,туку и искуството со луѓе,едноставно се учиш како да се снаоѓаш во дадени ситуации.Да удрам груба пресметка од седење дома и волонтирање,придобивките се неспоредливи.
Горе долу истите прашања ги вртат,ама некогаш и знаат да те зачудат со некое.Значи очекувајте прво нормално-првото е секогаш да кажеш нешто за себе.Што те натерало да се пријавиш за таа работа,да се опишеш себеси,каде живееш и со КОГО ,што работат моите-да ме прашаа на последното интервју во поголемка фирма од Ск.,каква работна средина очекуваш,што ако немам комуникација со колегите,дали е битна комуникацијата,која плата би ја очекувала,и тоа ми бараше да кажам од-до ,и тоа,ако ми текне уште нешто ќе допишам
После едно мое интервју пред 2-3 недели веќе ништо неможе да ме зачуди Значи аплицирав за работа во градот од кој што е дечко ми. Интервјуто го водеше самиот директор на фирмата (не е премногу голема). Директорот ми го разгледа CV-то и почна да ме испрашува првин од него. Ме праша каде работи татко ми, а каде мајка ми . Ме праша дали ќе му потпишам договор од 5 години. Ме прашуваше и од оние постандардни прашања често поставувани на интервју и кои се наведени и погоре да не се повторувам. Е сега нормално не живеам во истиот град па му паднало чудно веројатно или незнам од која причина ме праша дали имам дечко...ме праша од каде е и кога кажав дека е од овој град (кај што се наоѓа и фирмата), почна да ме прашува што работи дечко ми, што работат и неговите татко и мајка замислете. Спојлер Незнаев како да го сфатам ова и сега уште незнам Незнам дали човекот така ги обавува сите интервјуа ама знам дека прашањата му беа премногу луди, за на крај да ме праша и дали јас планирам да се преселам во градов да живеам за да не морам да патувам или да барам стан. Ме испофали ептен ама стварно ептен и еве после 3 недели ни трага ни глас не ми се јави. Така драги мои ништо не треба да ве изненади во прашањата на интервју, па со среќа
Незнаев каде да прашам, ако треба во друга тема слободно префрлете, вака сеа прашањето ми е дали некој бил на интервју во Стопанска банка, какво искуство имате, кои прашања ви беа поставени и слично, споделете доколку некој бил или сте слушнале како е , однапред Ви благодарам девојки