Јас од клупа за 11.000 почнав. Пред 15 години. Минимална беше толку. Сега сум над 1000еур, ама искуство јбг
Бев на интервју за работа во приватна фирма и ми рекоа дека ќе ме исконтактираат во рок од две недели максимум ако сум примена, доколку не сум ништо нема да ми се јават. Е сега јас прашав за платата бидејќи ја немаше на огласот, ми рекоа какви очекувања имам, јас реков околу 35.000. Бидејќи сум почетник не знам да не претерав? Дали може поради тоа нешто да ме елиминираат? Таа запиша на ливче таму и ми го рече тоа погоре. Дали вака кажуваат кога не сакаат некого да примат а можеби е незгодно во моментот апла да ме одбијат? Инаку прво интервју ми беше за работа.
Не мора да значи,зависи од која дејност е фирмата. Секој си има право да каже очекувања за плата(секако донекаде реални),фирмите си имаат некои методи и начини за селекција сепак фер е барем на мејл да пишат една реченица дека кандидатот не е примен. Да не те изненадува и обесхрабрува многу приватни фирми може да те повикаат на интервју дури и на второ па повторно да нема одговор. Обично бараат да каже кандидатот ранг на очекувана плата,истата ја запишуваат но никогаш не реагираат одма на побараниот износ.
После тие две недели да им пишеш доколку имаат разултати. Секогаш имај комуникација со фирми и регрутери и да не те примаат заблагодарим им се за можноста. Така оставаш добар впечаток ако имаат друга поција може да ти ја понудат.
Трговија на мало. Се работи за работна позиција економист, немам никакво искуство, но сметам дека имам добра основа од факултет (затоа и реков таква сума, според мене е реална со оглед на то дека минимална е 26.000). Отпосле дознав дека минимала давале таму за почетници и сега си мислам да не ме елиминираат нешто заради тоа, а ја сакав позицијава баш. Ме интересираше дали го зимаат в предвид при селекцијата, секако они ќе дадат онолку колку што сакаат.
Мислам дека е во ред што си кажала реално што очекуваш. Подобро да не работиш ич, отколку да работиш за плата која ти е под долната граница. Која е поентата инаку на одењето на работа? Сега секако ќе се најде работа за оној што сака да најде. За високо образование тоа не е преголемо барање, без разлика што е почетно ниво. Бог да чува се...Сакаат со ВСС ама да го платат како со ССС. А биди сигурна дека ќе добиеш задачи кои не се само за едно работно место, туку за три. Со среќа нека им е потрагата...
Чисто од искуство можам да ти споделам дека за жал во многу сфери каде што се бараат економисти без искуство па дури понекогаш и со 1-2 години искуство платите се нешто над минималната.И во сектор ревизија да си многу фирми нудат почетни плати околу 27-28.000 па дури по година-две може да стигнеш до кај 32-33.000 но земи предвид преголем број на обврски,прекувремени саати работа и слично.Обично за плата прашуваат да кажеш некој очекуван ранг од до,а после тоа секако они си одлучуваат кого ќе примат и која плата ја предвиделе за таа позиција.
Здраво некој да сподели искуство за интервју во НЛБ банка, имам закажано па како оди дали има после и писмено тестирање што опфаќа малку подетално би ми значело.