Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашања на интервју за работа

Дискусија во 'Барање работа' започната од Dijana, 18 ноември 2009.

  1. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Во петок треба да одам на интервју за работа во продажен салон на Телеком па ме интересира некој да ми пише што прашања поставуваат. Ме фаќа паника како ќе биде.
     
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    На biggirlsdontcry и sesilija им се допаѓа ова.
  3. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    5.315
    Пол:
    Женски
    ај ме молам да ми кажете дали ве тестирале само excel имам закажано тестирање ама не знам што би било тоа?ви благодарам
     
  4. inn

    inn Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    29

    Ќе може ли да ни објасниш малку повеќе за интервјуто за административен работник во Влада на РМ,што прашања може тука да поставуваат???
    Исто така и за какви тестови станува збор?и дали после интрервју ги даваат тие тестови или пак после некое време?

    Ако ни одговориш побрзо би ти била благодарна :) Поздрав !
     
  5. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Гледам повеќето се жалите за прашањата од типот

    „мажена си ; да склучиме договор ама да не останеш бремена за 3 години (на пример) ; дали имаш дечко“ и слично..

    Јас мислам дека тоа не се прашања кои не треба да се поставуваат,напротив.Треба.Затоа што на една компанија и е битно да знае за вас,која сте што сте..Да ѕирне малку во вашата приватност.Сигурно нема да ги гледа само вашите дипломи и да разговара само за вашето знаење и го знае вашето име..И што ако останете трудна тек по некој месец ? И како тие сега ве вработиле и уште не разработена одмор треба да ви се даде.. |( Не ме сваќајте погрешно,и не ме осудувајте веднаш затоа што немам никаво работно искуство..Ова мислам дека е и повеќе од јасно.Строгоста
    за мене
    е една од најважните основни елементи за да некоја фирма работи како што треба.И сите го знаеме тоа.А строгоста подразбира такви прашања,чисто да се знае со кого ќе се работи нели.А ако вие тоа го сваќате „епа нема он мене да ми кажува кога да останам трудна“ ,тогаш барајте работа во помали компании.Не треба некој да се прилагоди на нас и да ни удоволи за ние да си изградиме кариера.Поентата ми беше,немора да значи дека ако работиш несмееш да останеш трудна,прво уходај се како идат работите поработи некоја година,па здравје натака..

    :)
     
    На tea1221 и monique93 им се допаѓа ова.
  6. b6p6vp

    b6p6vp Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    женски ме интересира дали некој до сега бил на интервју за работа во дубаии ...какви прашања поставуваат..
     
  7. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Изивни за офф

    Морам да те прокоментирам малце.Значи станува збор за нарушување на човековите права .Неможе некој да ги условува жените кога да останат бремени "некогаш е и непланирано " .Toa ne значи дека треба да им бидат ускратени сите законски права , или да бидат отпуштени од работа а најмалце да трпат мобинг од своите предпоставени.Јас би додал дека професионалноста на една фирма зависи од многу други работи одколку од строгоста како што велиш ти .Би можело да се почне од стручноста на кадарот и нивото на интелегенција .Oд свое лично искуство можам да кажам дека во МКД не внимаваат што прашуваат , не треба да значи дека ако си дојден на разговор во некоја фирма можат да се однесуваат како што им е по меракот на газдите .
    http://themen.mk/index.php/kariera/bez-rabota/417-chudni-prasanja-postaveni-na-intervju-za-rabota.html
     
    На nightingale, MacenceEna, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Lady.Luck

    Lady.Luck Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    Исто ми се има случено, иако мислам дека тие прашања се нелегални, за да се избегне дискриминација. Меѓутоа кај нас, посебно приватен газда, мисли дека те поседува и може да го диригира твојот личен живот. :swear:
     
  9. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    некој од вас ако бил на интервју за раб, во нашиве банки нека пише што прашуваат и какви се прашањата на тестовите :) :)
     
  10. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.467
    Допаѓања:
    5.315
    Пол:
    Женски
    бев во една фирма прошлата недела на интервју и денес ми се јавија за во петок да одам на практично тестирање ;) кога ја прашав секретарката каков тест не знаеше да и каже :devil: обично кажуваат тест по англиски,компјутери овие ништо..инаку аплицирав за раб.место комерцијалист..има ли некоја од вас идеја???
     
  11. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Јас сметам дека психолошките прашања се тие кој можат да те извадат или да те укопаат длабоко.
    Работата е како ќе се снајдеш, за некого полесно, за некого потешко.
    Еве на пример за цигари. Јас сум пушач, пушам секогаш различно. Можам цела кутија да ја смавтам ко оџачар за пола ден, можам и ниту една цигара да не запалам кога имам обврски. Не ми е проблем.

    Јас сум спремна на работа да не излегувам на пауза (а што би требало да има пауза, но нејсе) само ако постои лична сатисфакиција за работното место и секако мотивација-платата.

    Сум волонтирала, пракси, чуда, доста ми е.
    А тогаш такви прашања не ми поставувале, повеќе ми било, што учам, кој ми е најинтересен предмет, зошто тука сакам да волонтирам, што сум работела на претходната пракса..Конкретни прашања.

    Но, едно прашање секогаш ќе ме буни на интервју.

    "Колку сметате дека треба да е вашата плата"
    И ќе им дадеш некој психолошки одговор, и те сечат од старт. "Во денари"

    -па не е да кажеш премногу, не е да кажеш премалку.
    Ако кажеш премногу добиваш одма шитка, се преценуваш, ако им кажеш премалку, не вредиш доволно, не се цениш.
    Да им кажеш не знам-глуп си, не знаеш што сакаш.

    Прво не ни знаеш како се движат платите, второ ако ти е нож до коска, не е во ред ти да ги поставуваш условите.
    Јас навистина не знам како би одговорила.
    Можеби зависи од ситуацијата.
     
    На eli25 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.038
    Пол:
    Женски
    До сега сум имала само едно интервју истовремено со други девојче ( за среќа другарка ми :lol: ) и не прашуваше следново :

    - Имаш ли брат сестра?
    - Колкав е брат ти/ сестра ти? Што работи?
    - Другарка ми ја прашаа дали пуши брат и , и зашто до сега не се вработил :|
    - Каде работи татко ти а каде мајка ти?
    - Што заврши, што учиш сега? Во која населба живееш?
    - Како аплицира за работава, туку така го виде огласот и ајде одма се пријави? :x
    - Кој е Ченто? :rofl:
    - Другарка ми ја праша за Питагорова теорема :wasntme:
    - А па зашто сте аплицирале за продавачки, а учите за наставнички? :^)
    - Зашто не сте избрале албански јазик да учите место овие кои што моментално ги учите на факултет?
    - Зашто не сте полагале за кола до сега?
    - Искуство имате ли?
    - Имаш ли дечко? Колку време одиш со него? Кога кажав скоро две години вика - Ааа ќе те мажиме тебе :lol: и ме праша после што работи дечко ми |(

    Не прими со другарка ми, ама кај што требаше некоја си "обука" од месец дена за без пари, после тоа требаше да имаме испит за тоа дали сме ги научиле производите |( И да, ни натрупа литература за учење, побогу како да аплицирав за министерка :devil:
     
  13. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    На десетти овој месец одам на интервју во Управа за јавни приходи , аплицирав за волонтер па ме викнаа на интервју, дали некој од вас имаше аплицирано на конкурсот за волонтери, и што мислите какви прашања ќе ми постават???
     
  14. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    жива вистина :@ :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipster, crazylady, daylight и 4 други им се допаѓа ова.
  15. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Споделете нешто ако сте биле во коузон за интервју ?
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Сега кога ќе се присетам чудна работа колку се различни прашањата и начинот на пристап од фирма до фирма.
    Кога бев во ВИП на интервју беше како на филм, 3директори секој на различен сектор, во изолирана просторија, на огромна долга маса,постојано нешто прашуваат.
    Во приватна фирма, ти кажуваат што бараат , на крај едно дали ти одговара?, а те прашале , а не и толку. Немаш ни можност да си кажеш што сакаш, какви се твоите амбиции, што очекуваш...
    Во Космик девелопмент, се гледа фирма на ниво, современо, пред се пристапно , да се осеќа човек како дома, комотно, а не да се тресе дали и што ќе каже. Еден човек, менаџер ти го презентира начинот на нивното работење, ти кажува што се очекува од тебе, и ти дава уште толку време и простор да се искажеш кој си, што си, што сакаш, како замислуваш и сл.

    Страшна работа, како денес функционираат фирмите низ Мкд. :x на секој како му одговара
     
    На SparkyAngel, Ana.Jones, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Половина и повеќе од тие самопрокламирани "експерти" кои ги вршат интервјуата за работа немаат прво основно чувство за култура и човечност. А да не правиме муабет како неретко и немаат абер од работата во која толку ревносно се внесени, со таков некој ентузијазам и сериозност, а всушност сериозноста и посветеноста на фирмата е еднаква на решавање судоку во досадно неделно попладне.

    Знам, затоа што во изминатава година и пол како барам работа, сум била на околу 20 интервјуа.
    Не знам од каде доаѓа таа ароганција, ама кога ќе видам некоја прдла и некој смрдле 3 години постари од мене како се занесуваат ми се иде да им речам - добро знаеш ли каде се наоѓаш? Зошто глумиш ЛУДИЛО во вистинска смисла на зборот?
    Гледаш ли многу амерички филмови, читаш ли многу од тие самопомагачките Како да станете милионер или Како да пливате со ајкули, кој ви го пере мозокот бре луѓе, та се занесувате толку многу?
    До вчера такви сиротки, бетер од нас што бараме работа, за нецела година доживува амнезија, потполно нов човек и се дрзнува да те навредува, понижува, да ти соли памет...

    Нема да ми е криво ако станува збор за паметни и компетентни луѓе (иако тоа реално не им дава за право да се однесуваат на релација роб-господар), ама овие се гледа дека се шупелки, по начинот на изразување, по гестовите, по фацијалните експресии, па се до надворешниот изглед кој не соодветствува со кодекс на облекување.
    Ете на таквите ми се иде да им залепам по една, ама сериозно се контролирам да не станам физички агресивна од што ми брцаат во џигерот.
    Те тераат да се замразиш двојно повеќе после завршување на интервјуто (како да не се мразиш доволно и како да не се чувствуваш и доживуваш веќе како неуспех) и да се прашуваш - што не е во ред со мене?

    Не се прашувајте што не е во ред со вас, туку знајте дека ИМА НЕШТО НЕ ВО РЕД СО НИВ.

    Од 20тина, едно или две интервјуа биле интервјуа во вистинска смисла на зборот, сериозни, одмерени, културни, со смисла и логика.
    Остатокот бил куроперчење, понижување, навреди, глупави шаблон прашања од типот - што ве мотивира вас во работата? |(
    Зини да ти кажам!!!

    Пари! Што друго може да ме мотивира ако не голема плата?

    Нееее, типчето се стави на мисија да ми докаже дека не е се во парите. И си кажа јасно и гласно - сега ќе ви докажам.
    Ми поставува хипотетичка ситуација - како ќе ме плаќале со дупло поголема плата, ама секој ден да ме малтретирале и навредувале со зборовите овцо, краво, свињо (да драги луѓе, со тие зборови ми се обрати компетентниот културен и учен господин сред интервју). Дали би работела во такви услови? Веројатно сакаше да докаже како не е се во приходот, за работата е важна и пријатна работна атмосфера, арно ама не можеше да пронајде посељачки и поглупав начин за демонстрацијава.
    Со сливар сливи не се сади бе бате...

    И ми прекисна. И заземав став, за разлика од сите оние кои подголтнуваат, премолчуваат, црвенеат, климаат со главите. Во името на сите кои молчите и се покорувате.
    Па мирно си реков, цитирам -

    Пријатна и позитивна работна атмосфера се подразбира за работникот, ако сакате да го даде својот максимум, не доаѓа како некоја специјална награда или гратис. Неблагодарна е оваа хипотетичка ситуација, ама да речеме дека вие работите во супер работна атмосфера, сите ве потчукнуваат по рамо, ве фалат насекаде, ви ракоплескаат, честитаат, а добивате месечен приход од 100 евра.
    Ќе доаѓате на работа во тој случај, ако платата не е најважна?
    Ете баш така му се обратив, со овие истите зборови.

    Па се затна господинчето.
    А мене, еве ме гледате, т.е. читате се уште без работа.

    Работодавците си сакаат гзолижачи, да си го пумпаат егото и големината во нивните мали мизерни животи.
    |(
     
    На Animali, Muchaca, Libera и 15 други им се допаѓа ова.
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Лелел и моите кога им ги раскажував интервјуата, како сум поминала и што сум кажала, само ми кажаа “многу збориш, затоа нема да те викнат никаде“ .
    Е што бре да молчам за некој да ми се качува на глава, па знам колку вредам и за што сум способна за да знам дека не треба да го дозволам тоа.
    Трендафилка потполно те разбирам и поддржувам.
     
    На napominuvanje му/ѝ се допаѓа ова.
  19. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    И јас сум од оние кои бараат работа и еве 4-та година ќе затерам како невработена.Имав 2-3 искуства со неплаќање и непридржување на кажаното на интервјуто.После таквите искуства иако барам работа на интервјуа одам со голема доза на недоверба па дури и сама се откажувам од интервјуто кога на лице место ќе затекнам ситуации и услови кои ми алармираат дека таму леб нема.Веќе научив да ги препознавам ,,лажните,, интервјуа со ,,лажните газди,,.На интервју не толерирам поставување прашања надвор од темите работење, работно искуство, работни вештини и сл. Сите прашања кои се доближуваат до мојот приватен и интимен живот ги прескокнувам па ако испитувачот почне да ми треска глупости дека тоа му е битно станувам и си заминувам.
    Сум поминала секакви интервјуа и секогаш се обидувам јас да го водам разговорот и да си ги дознаам работите што мене ме интересираат за даденото работно место.Значи после стандардното клише прашање кажи ми нешто за себе одговарам со јас сум таа и таа, возраст таа, родена таму, живеам таму, завршено тоа и тоа.И одма го поставувам првото мое прашање може да ми ги кажете работните обврски или како тече еден работен ден или што се може да се очекува во еден работен ден.Од одговорот на овие прашања одма гледам дали има леб тука или не.Дури и да прифатам некаде да работам ако после првиот месец не ми исплати ништо и почне со клише изговори одма си заминувам.
    Ако некој не си го цени сопствениот збор незнае да цени ништо.
    Па дури и да ми плати нешто ситно ако гледам дека нема ред и поредок во некоја фирма, ако не се знае кој пие а кој плаќа си заминувам.Иако парите ми се потребни сепак не дозволувам да дојдам до таа состојба да МОРАМ да зависам да ТРПАМ секакви глупости.Секогаш имам план Б и никогаш не се оставам во незавидна положба.
    Поздрав до меУ и Трендафилка.Ми се допаѓаат вашите ставови.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.387
    Неодамна имав интервју на скајп,со позната хрватска фирма.
    Јас нормално(оддамна сум немала интервју) си се потсетував на нашите малоумни прашања,па очекував нешто слично.
    Меѓутоа-не.
    Првпат да се осетам пријатно и да посакам да не заврши побрзо интервјуто.
    Како прво која разлика во култура :| Колку смирени,културни,прекрасни луѓе,кои се многу повеќе од овие нашиве,ама на земја,не летнати во воздух.Немаше распрашувања од типот-мајка,татко,сестра,маж,дете,бременост,интервјуто беше конкретно за моето досегашно искуство,моите планови за надоградување,значи се што е во прилог на професионална работа.
    И,да прашањето за плата.
    Навистина е најтешко.
    Ако кажеш малку,не с е цениш како што кажа Другарка,ако кажеш многу-многу бараш |( Јас на почеток секаде каде што ме прашуваа одговарав -паааа,просечна македонска плата :$ ,што ќе правиш-Македонче.
    Ама денес не,па кој како сака нека ме сфати.Испод 500-600 евра не работам веќе.Зошто ако јас не с е ценам-нема никој.Не велам дека сум најдобра,не сум никако,ама јас да трпам стресови,да вложувам во нешто-а тоа да не ми се враќа веќе кога сум му се посветила-не фала !
     
    На crazylady, Trendafilka, daylight и 4 други им се допаѓа ова.