Од последното мислење кога немав никакво интерјву за работа (освен тие за пракси) до сега, поминав скромно две( само на едното имав пет тестирања). Доколку имаш завршено високо образование, со 240 кредити, на прашањето колкава очекуваш да ти биде платата, правилен одговор е Не помалку од просечна плата во Македонија, но зависи и од работното место, каде што можеш слободно да си наведеш колкава би сакал/а да ти биде платата. Е сега дали тоа ќе биде така или не, не сме ние тие што одредуваме, но ние сме тие што избираме дали ќе работиме. На првото тестирање (еден тест за интелегенција, а потоа 4 интервјуа-на одредена тема), не ми поставија психолошки прашања, ниту нешто особено приватни. Се си имаше тема и беше стручно на професионално ниво. Секаде требаше да кажам што знам во врска со таа тема, да одоговорам на некои подпрашања, и мислење како би постапила во одредена ситуација (повторно стручно). Меѓу нив имав и едно интервју на англиски јазик, каде што општо зборувавме чисто да видат колку го познавам англискиот јазик. Слично тестирање имав и за друга работна позиција, на друго место, каде што сама се откажав бидејќи не ми одговараше воопшто ниту еден услов. Јас пак ќе кажам, сами си ги поставуваме условите се додека не е нож до коска. Конкретно за мене, знам дека е многу тешко да најдам работа (три месеци откако сум дипломирана) но сеуште не ми е зорт, така што би почекала и одредено време.
1 year и нешто повеќе later... ...Откако почнав да праќам cv-јa. На 80% од нив, не добив никаков одговор и тоа за жал oд тие места кои ми беа приоритет. Претпоставувам дека се работело за места кои веќе однапред се пополнети ама сепак морале да објават оглас. Дури и од некои поминати интервјуа нема одговор, макар и негативен..што е апсолутно неодговорно од страна на фирмите. А всушност и да ми понудеа работа на некое од местата кај што бев до сега на интервју, без размислување би ги одбила! Ова е моето "најдраго интервју" до сега што заслужува да биде истакнато. Имено се работеше за испратено сv 5-6 месеци претходно. Се мислев дал да одам, дал да не одам и сепак прифатив да се појавам. Ми требаше повеќе од час и половина за да стигнам до местото пешки и со автобус. Од пуста надеж се тешев дека ако даваат добра плата тоа нема да биде проблем: ). Стигнав некако и таму ме пречекаа други кандидати (или конкуренти ). Чекавме пола саат и се појави директорот со помошничка. Рече дека многу сме биле, а немал многу време, па ако не ни пречи да направи групно интервју. Не внесе во една голема канцеларија за состаноци и почна да не испрашува еден по еден кој што учел, работел и зошто сака да ја напушти претходната работа ако е веќе вработен. Бидна неговото испрашување, па не праша дали ние сакаме да прашаме нешто. И јас го прашувам што поконкретно ќе се работи во фирмата врз основа на барањата кои ги имаа во огласот, бидејќи пишуваше дека имаат потреба од луѓе за точно тоа и тоа.. Одговорот: "AAA луѓе за тоа веќе си имаме...помошничката ќе ве прошета низ објектот и ќе ви објасни кои ќе бидат вашите задачи ако останете". Во себе си викам, па што побогу барате луѓе со ваков профил за работа која е специфична, кога уствари не ви требаат Сите збунети станавме и тргнавме со помошничката "на прошетката". Почна да ни објаснува дека наша задача би биле некои тотално поинакви работи од она што всушност пишуваше во огласот и што не соодветствува со нашата струка Буквално излезе ко болница да објави дека бара доктор, а после да му речат дека нив им треба чистач со медицински факултет. И така одиме и се чудиме..и еве го пак директорот...хепи целиот, отвора една врата и вели овде се наоѓа видео надзорот(онака полн, горд и со тон на пофалба). Гледаме надзор со над 20 камери, во секое можно ќоше, ходник и канцеларија. Камери зад столиците на вработените која го снима и екранот на компјутерот. (WTF!?) Очекував дека човеков ќе рече камерите се ставени заради некаква си безбедност на вработените... Кога он ко од пушка "Камерите се за да се следат вработените, не смее никој да касни, да збори, да јаде итн" И пак у сребе си викам..."Дали си ти човеку нормален? Ти треба да одговараш за оваа шпиунажа бре! Дали знаеш дека е забрането снимање на работниците на ваков начин? Страшно!" На крај некој се сети да го праша за платата и на тоа беше одговорено дека плата првиот месец ЈОК. И нешто во превод..ќе си рмбате полно работно време, ќе си доаѓате на време во 7 и пол сабајле, па ако ни се свиѓате после еден месец ќе ве примиме за непозната плата. Ами минимум 50 евра треба во арч јас да се ставам за храна и пат за да одам на работа? Кај го има тоа??? Без никаква гаранција дека на крај сето тоа ќе ми се исплати. МАРШ Сигурна сум дека никој не се сложи на тие услови
Ако не ти се допаднале условите не си ја прифатила работата и фирмата нуди никакви услови, зошто не би сакала да го кажеш името на фирмата бар да не се лажат и други луѓе ако налетаат на истиот оглас? Не ми е јасно!!!
Вакви слични услови со камери насекаде има во САМАНТА кои се наоѓаат на Качанички пат.Познавам некои што работат таму и иако се под притисок и стрес секој ден таму а и далечината им е проблем не се осмелуваат да пробаат да сменат на друго место.И да ги викнат некаде на друго место за интервју неможат да одат.Не толерираат отсуство заради болест а не пак слободен ден или саат-два да отсуствуваш.
Помина доста време од тогаш, а истата фирма низ огласите никогаш повторно не сум ја сретнала. Јас одбирам да не го кажам името, бидејќи сметам дека со тоа би ја открила својата приватност на форумов. Целта на мојот пост беше дека се и сешто може да се очекува, а тоа беше мојот досегашен врв (којзнае уште што се ме чека ). Ете и други фирми работеле на таков принцип, како што кажа napominuvanje. Сигурно и таму кај што бев јас има голем број на вработени кои се нафатиле да работат под тие услови, значи некој прифаќа и му одговара. Јас не прифаќам, посебно не бесплатно. Сепак мислам дека огромен број од луѓето не се запознаени со тоа дека не смеат да бидат насекаде опкружени со камери на работното место.
Јас имам и сито и решето поминато на интервјуа за работа, исто како и сите вас... Сега сум во редовен работен однос скоро 3 години, но сум во интензивна потрага по нова работа. Мојата струка е мноооогу специфична, а работата пак која ја работам, во нашата држава ја има отприлика на уште 10 места максимум. И, кога ќе оди некој со толку специфична професија, на интервју за работно место од специфична природа, целата логика е дека треба да биде составено од специфично прашања, бидејќи ако јас како таков профил згрешам, може и некој да настрада, а тоа не е и најстрашното што може да се случи, па сега видете како изгледа... Е не! Нашите полуписмени работодавачи сметаат дека тие стручните работи ако не ги знаеш ќе ги научиш со искуството ( откако ќе дигнам во воздух еден град, отприлика!?!) и поважно е да им најдам одговор што не е во ред со мене што не сум се омажила со толку долга врска? Откако сум верена не сум била на интервју, па може и ќе го нема веќе ова прашање. Ама од 30 минути интервју, мене 20 ме прашуваа тоа, на 2 интервјуа. Еден ме праша дачи знам да готвам?! Друг, 5 пати ме препрашуваше која марка ми е омекнувачот, многу убаво мирисал... И секогаш кога ќе дојдеме до делот плата...Значи пред да се вработам, викав не помалку од просечната плата во Македонија, а ми беше нудено пракса 100 години, па може после некоја пара, а сега си кажувам точна бројка... И поинаку гледаат, и баш ми е гајле. Јас сметам дека заслужувам толку, и крај. Посебно затоа што јас можам да работам само и само во големи фабрики, знам каков ќар имаат. Ако сакаат профил со 2 јазика, искуство, школо, специјализација и триста дообуки, изволи па плати... Ако не, ќе си отворам дуќанче за што да е, и посреќна ќе бидам!
Твојов пост толку ме испровоцира што се регистрирав само за да ти одговорам. Како член на женскиот род имам потполно право да те осудувам за вакви размислувања, зошто не само што ставовите што ги поддржуваш се портивзаконски, туку и ги прекршуваат човечките права. Не е ниту моја, ниту твоја, не е ничија грижа кога една жена планира да гради семејство, кариера или слично. И не треба тоа да биде основ за дискриминација, без разлика дали е за апликација за работа или било што друго. Мое законско право е да имам дете КОГА сакам, а обврска на работодавачот е да ми обезбеди платено породилно боледување. Прочитај малку за права на работникот и за работните односи. И не, не треба компанијата да ја засега било што за твојата приватност се додека трезно и совесно ја извршуваш својата работа и работните задачи. Очигледно некои поими ти се измешале, строгоста нема никаква допирна точка со ова. Мене ако ме прашуваш, некој да ме праша дали планирам да се мажам или да имам деца е исто како да ме праша која ми е лозинката на компјутер или на некоја социјална мрежа, тоа е моја и само моја одлука (во случајов и на партнерот се разбира). И искрено, тажно е што постојат вакви ставови како твојот особено кај личности од нашиов пол. Девојче, научи да се цениш, ако сама не се цениш нема никој!!!
Кај нас едни големи компании што ги има леле, леле... Инаку работодавачот не го плаќа породилното туку државата а работодавачот ќе треба да најде замена за отсутната вработена до нејзино враќање од породилно.Кај нас законот мислам скоро дека го регулираше правото за остварување породилно отсуство после одреден период (од незнам точно колку месеци!) за да се избегне лажното вработување само за да се оствари правото за породилно отсуство. Но како и да е сепак е незаконски да идниот работодавач бара од идната вработена да му гарантира нешто вакво. Замислете да почнат да бараат да гарантираш дека нема да се разболиш, дека нема нога да скршиш или нешто слично да не набројувам глупости.Некои работи не се во наша моќ да ги контролираме па дури и мажачката и забременувањето.Мислам колку парови има што користеле заштита па затруднеле исто ко што има парови кои се обидуваат да затруднат а тешко им оди. Да кажам нешто и за прашањата поврзани со поблиското семејство.И мене еднаш на интервју ми ги поставија наводно стандардна процедура како демек несакале тотални странци да примат во фирма ко што несакаме странци дома.Но јас и тука не се сложувам зашто во тој случај треба и јас сито и решето да го испрашам работодавецот а сите знаеме колку се скржави они со давање информации...посебно со избегнување да кажат колкава е платата.
Според закон треба 6 месеци без престан да си осигуран за да може да се бара породилно отсуство, ако на тоа се додаде и 3 месеци пракса, сепак излегува дека околу 1 година мора да работиш. А породилно се дава само ако имаш постојан договор, ако договорот се обновува на секои 3 месеци тогаш не се надевајте на породилно. Повеке од 1 година ниедна фирма немее да условува. овој закон се воведе затоа што имаше многу што 2-3 месеци пред породување ги осигуруваа само за да земаат пари за породилно. Тоа е секаде така и во приватен и во јавен сектор, класна што ми беше во средно се врати на работа после 2 недели од породување, токму заради договорот од неколку месеци и да го задржи работното место.
Минатата недела ми се јавија од Агенција за вработување да одам на интервју во Мекдоналдс.Претходно се пријавив во агенцијата за проектот Обука кај познат работодавач и мислев дека вработениве таму се разбираат малце од малце и ќе прават селекција според кфалификациите, работното искуство и сл., ама нејсе видов дека врска немаат и сепак отидов.Се водев по народнана: џабе работи, џабе не седи! Отидов на интервјуто, ми ги објаснија условите: работни смени еден куп (прва, втора, меѓусмени) и пред смена мора да дојдеш саат време порано.Во 24 ч завршува раб.време ама минимум саат време потоа се чисти комплет кујната.Ај тоа разбирам ама утредента се почнува од 8 ч со работа а доаѓаш у 6 ч за да ја чистиш кујната???Повторно??? И наводно сите се ротирале и се работеле и на каса и у кујна и чистиш тоалети ( ова со тоалетиве ми е чудно ем тоалети чистиш ем со храна работиш?!) Ги прашав каква им е хиерархијата и можностите за напредување ми рекоа нема хиерархија менаџерските позиции се пополнети ( зар за навек?!) а хостесите биле само при отварање на нов ресторан краток период.Платата била 9500 ден иако јас првите 3 месеци преку агенцијата би добивала 4000ден. И си реков ОК ај ќе пробам привремено дури не најдам нешто поарно бар една сметка дома да платам од овие 4000 ден ( освен ако не испаднам зијан ) Ама тука не заврши се. Ме прашаа колку долго можам да работам кај нив зашто им требало постојан кадар. Е ај сега Им реков дека тоа зависи од повеќе фактори нели јас во моментов немам работа и се сложувам да работам под тие услови а они ми викаат не не нас ни треба персонал кој нема после да си бара работа на друго место Видов на каде оди муабетот и отворено им реков дали вие можете да ми гарантирате дека до пензија ќе ме чувата без оглед на мојата ангажираност во работата? Значи? И не ме примија Ама многу ми е криво сон ми беше во Мекдоналдс да работам
^ Навистина да му биде криво на човек. За таа сума, тие услови за работа, па уште и за век и веков да те врзат да работиш за нив, ај ако не додека не цркнеме, да речеме. Немој да си се осудил да си пробаш нешто подобро, да бараш или се надеваш на повеќе. Срам да им е, безобразност од невидени размери.
Јас аплицирав за работа, и пред да одам на интервју ми беше многу страв, како ке биде, што прашања ке ми поставуваат, таа вечер едвај заспав . И одам утредента и ништо, ми го погледнаа сивито, и само ме прашаа за факултетот и толку. и ми рекоа да си напишам за колку плата би работела. и по неколку дена ми се јавија и ми кажаа дека сум вработена
Најважно е да бидеш тоа што си, да не се правиш нешто што не си, да бидеш природен/природна и свој/а кога одиш на интервјy. Рекрyтерите веднаш можат да препознаат глyма, и тие имаат поминато обyка за менаџмент со човечки ресyрси исто како што ние се спремаме, "оnlinе" обyки, yчиме најприкладни одговори. Како и да е, кога ќе се појавиш на интервјy тоа е малкy релевантно во однос на ставот кој го имаш, енергијата што ја носиш во себе. На интервјy невербалната комyникаЦија е 90% и се знае кој е ставот кога одиш на интервјy, освен силната мотивираност да придонесеш за доброто на Фирмата, да не се заборави - "Во животот самоконтролата е сé!"
Што мислите колку време треба да помине за да ви дадат одговор од местото каде што сте биле на интервју?
Зависи за која работа и каде станува збор. Обично во приватните за недела дена до десет дена ако ,,сакаат,, се јават и дадат одговор а по државниве институции мора да поминат 15 дена (во случај на жалби и сл.). Иако и тоа не мора да значи. Понекогаш кога им се брза прашаат и од кога можеш да почнеш со работа а пак некои кажат дека од ,,утре,, си на работа. А пак некои не се ни јават да ти кажат дека не си примена или пак дома ти стигне одговор по писмо. Нема некое си универзално правило. Уствари има по Закон ама на жалост тоа никој не го практикува.
Денес беше моето прво интервју за работа јеееееј се изнасмеав. Еден по еден влегуваа кандидатите во салата, а другите си чекавме заедно со една од веќе вработените што не евидентираа дека сме дошле. Откако влегов ме прашаа која сум, што сум, што сум завршила школо (и од ова прашање заклучив дека од моето CV они ми ја виделе струката од средно, а не таа од факултет). Па си потенцирав дека јас сум покрај техничар и инженер. Ме прашаа и како сум, па јас позитивно и насмеано си кажав дека ова ми е прво интервју воопшто, после 6 месеци откако дипломирав, и така се пошалија со мене демек за частење сум била. Ко да ме вработија више па стигнаа со шаленки за частенје Па ме прашаа зошто не сум продолжила на тој факултет за да ја продолжам од средно струката, туку сум се пренасочила? Па ме прашаа што би ме мотивирало на работа. И си кажав динамична средина и секако дека со секоја завршена работа мотивацијата е поголема за да се продолжи со ист и поголем интензитет (политирачот од мене никна) Па ме прашаа моите што работат и дали имам брат/сестра и што е по струка. Ме прашаа дали имам возачка (а јас немам и додадов дека секако во план ми е пролетниов период да полагам). Каде живеам. Така некако течеше. Не траеше повеќе од 10тина минути. Ме прашаа дали јас сакам нешто нив да ги прашам. И прашав дали позицијата се однесува за во Скопје или за во друг град каде што е седиштето на фирмата. И они рекоа дека е за Скопје, но што ако има позиција и за други градови, па секако и за таму кај што е седиштето (Битола). Дали би се преселила во друг град ? И јас реков да, зошто секако дека тоа е убав град но и доколку одбијам да одам, тоа би се покосило со исказот дека ме мотивира динамика и промена. И така некако се смеевме. Мислам насмевка имавме на лицето постојано сите 3ца, малку природна насмевка зошто јас бев скроз опуштена и самоуверена, а малце штимана зошто така некако они ми беа ко фиксирани во фаците Малце ми беше чудна жената што ме прашуваше, патем мислам дека читаше прашања од лап топ и во мене гледаше со монтирана насмевка. ко наштимана беше некако. И откако ке огдоворев на прашањето она уште ко да буљаше во мене. Не дека буљаше, ама некако ко да ме чекаше да зборам уште...Па некако не сум воденица јас да зборам везден ко без осет. Не ќе филозофирам цел ден. И си завршував со одговор и си гледам и јас во неа, штимам блага насмевка и чекам наредно прашање. Може нетребаше, можеби требаше да зборам ко навиена додека не ме прекинат, ама тоа е. Си се насмевнавме си кажав што имам да кажам, и фала-чао-пријатно на крај си кажавме. Ај ќе видам во втор круг на интервју дали ке ме викнат и какво тоа ќе биде. Бог зна што коментирале .... мислам дека нема да ме викнат, ама ај да не сум негативна. Абе па ова прво интервју ми бешеее ....ееее веќеее....ако биде - биде, ако не - не.
Браво што си била самоуверена, опуштена и цело време насмеана, тоа е најважно, да бидеш своја Стискам палци да те викнат пак, па да те вработат
Искуство од некој што бил на интервју во Управа за јавни приходи? Некој аплицираше на огласот од 01.08.2013? Ме викнаа на интервју па некако страф ме фаќа
Мислиш од 01.08.2012год.?!?! Воопшто не се плаши и така веќе некој работи таму и сега е само формално. За да влезеш таму треба да си голееем трчаш на владеачката ни партија ( од сигурни извори).