Ова датумов сум го напишал по амерички :geek: Мислев од 8 јануари 2013. Знам како одат работите но сепак имам некоја надеж
ај и овде да прашам па белки некој ќе ми каже, сакам да знам, некој кој бил на интервју во базаро да ми каже што се случувало таму, како поминале? дали се примени и како примаат? кој се условите за да се влезе?
Дали некоја од вас случајно аплицирала за еден оглас од УНДП пред месец дена од прилика беше објавен,бараа асистенти на странските набљудувачи што ќе бидат на изборите.Јас пратив цв и мотивационо писмо,сосема заборавив.Денес ми се јави еден човек,прво се звунив дека на англиски зборуваше ми спомна за преведувач/интерпретер.Нагласив дека не сум сертифициран преведувач и дека не преведувам професионално .Кажав дека само волонтерски преведувам за една невладина од мојот град.Па рече дека ќе ме бара овие дена да договориме интервју и да ми кажи подетално што и како. . п.с.огласот беше на најдиработа.ком
Многу ми е глупо прашањето Кај се гледаш за 5 години? е значи кога ке ми го постават прашањево на интервју......
Мене на последното интервју ме прашуваа дали имам широк круг на пријатели, каде излегувам, дали сакам дискотеки, омилен актер и омилена актерка. Ко руски рулет се интервјуата за работа, никогаш не знаеш што може да се погоди.
Последно интервју на кое бев,чисто од инат на моиве ,и тоа се работеше за реномирана фирма,директорот ми рече дека интервјуто било чисто да ме види во живо И јас ќутам што да му кажам,ќути и тој и ми вели-Леле што сакаш да те прашам незнам што да те прашам Јас му велам вие треба да знаете.И тој ајде кажи ми каде се гледаш за 10години тоа му текна ! Незнаев работата дали е за чудење,неверување,смеење или плачка
Да не било ОБСЕ, а не УНДП? УНДП не работат на избори, ОБСЕ имаат набљудувачи. Мислам дека и не бараат овластени преведувачи, но сепак треба да знаеш да преведуваш. Инаку мене на последното интервју ме испопрашаа се и сешто - што правам во сободно време, кој се грижи за децата, како се организирам дома, што правам за викенди... Инаку најневообичаено прашање ми било Зошто мислиш дека НЕ треба да те примиме тебе?
2 интервјуа, едно за домашна фирма: Прашања од типот каде излегуваш, што пиеш навечер, дома ти колкава плата земаат, имаш ли дечко, брат, сестра, што завршиле тие, значи цела фамилија ме изнапрашаа. Онака кратко им одговорив, а за подеталните прашања реков: Јас немам право да им се мешам во приватниот живот, затоа не можам и не сакам да ви одговорам. Не се тие на интервју. И малку ме погледнаа накриво, демек оваа види ја... Па рекоа, добро, мораме да имаме увид во тоа... Јас викам: ќе кажам се, што е нормално, но за интимни работи нема што да изнесувам. На прашањето за плата, реков (поучена од пријателите) да е минимална просечна плата во Мк. А, тоа ти е околу 21 000 ден., па се фатија за глава. Демек многу барам. Кога прашав за унапредување, дали има, им се стемна, имале тие шефови, како се дрзнувам така да прашам. Катастрофи. Во странската фирма (преку скајп) ми поставуваа многу нормални и разбирливи прашања (што заврши, што очекуваш од фирмата, што би направила да си шеф, плата, очекувања), ама и тие многу убаво и јасно си кажаа услови и плата. Немаше никакви прашања за фамилијата, интимни, приватни, незгодни, глупави прашања. Се беше јасно и кратко. И имало унапредување.
Се извинувам,за ОБСЕ се работело.А дали ти Ариел си имала било какво искуство со нив?интервју,колку хонорар исплаќаат пошто се работи само за 4дена.Ако не повеќе,уште едно искуство плус.
^ Не знам како се плаќа сега, пред неколку години знаев, ама не можам да се сетам сега. Како и да е, не е лошо сигурно. Во принцип, меѓународните организации добро плаќаат.
Девојки да ве прашам, била некоја од вас на интревју за работа во Моја пошта? Каков тип на прашања поставуваат и што мислите за оваа фирма? Однапред благодарам
Ве молам ако има некој што бил на интервју за праксите т.е волонтирањата во Влада, нека пише искуство како поминал и што прашања поставуваат?
Феминки какви прашања би можело да ми постават за работно место Асистент на сметководител? Ми рекоа дека ќе треба да одам на тестирање.
На последното интервју душата ми ја извадија. Еден саат ме испрашуваа секакви прашања (соодветни за работното место, не приватни...). На крај сфатив дека тоа е успшено интервју и иако бев психички изморена од прашањата, бев среќна со одговорите што ги дадов... Па ќе видиме...
Ете и јас пред половина час се вратив од интервју за вработување. толку беше очигледно дека одлуката за вработениот е донесена што работодавецот од половна час 25 минути си кажуваше за целта на ативностите, обврските, а мене ме праша што книги читам и зошто немам возачка. тоа било голем минус кој ме дисквалификува, како јас за шофер на камион да подднесов пријава...страшно кој и како интервјуира и зошто го трошат своето а и нашето време не разбирам, на веќе донесени одлуки
еве и јас да сподеам искуство бидејќи ми е прв пат да ме интервјуираат. се работи за онлајн работа со странци, и првото интервју ми траеше 40 минути со сите стандард прашања што имам работено кај сум учела кои ми биле работните задачи кои ми се слабости а кои јаки страни,што сум научила од последната работа и мн интересно прашање кои ми биле најтешките моменти за пребродување во приватниот и професионалниот живот. можев да си одберам за што сакам да зборувам дали на приватен или професинален план. она што не знаев е дека интервјуото се снимало и му било пратено на носителот на проектот на кој што му сум се допаднала и веднаш ми закажа интервју за попладнето кое траеше 1час. прашањата беа ептен на место бараше дообјаснувања за нешто што сум зборела претходно, ме прашуваше да дадам ситуација каде што сум имала проблем и сум морала сама да го решам што сум направила, даде повеќе објаснувања за работата едноставно разговаравме и мислам дека поминав супер we were on the same page што би се рекло. платата е многу мала но сега како хонорарна работа е ок плус имам можност да научам многу работи во домен кој што воопшто не го познавам, а и нормално има место за напредок. пари преку ноќ не се прават.
Сигурно до сега си завршила работа ама еве можеби некој ќе го интересира. Сигурно ќе прашаат дали знаеш да пишуваш налози за плаќање (ПП 10, ПП 30, ПП 50), конта од контен план која класа што има, дали знаеш да контираш, ф-ра, испратница, калкулација, спецификација...зависи со што се бави фирмата ако има водење внатрешно материјално сме-во подразбира и водење на материјално сме-во во програма, работата подразбира и носење налози по банка, земање изводи од банка, водење деловодник итн. итн
Сум имала неколку интервјуа за работа 1. едното беше катастрофа, смешки Госпожата што ми правеше интервју ( бај д веј во кафе бар !!!!) беше така полна со себе и со работата, а работата беше продажба од врата на врата ( не потценувам но не беше соодветно за енергијата и начинот кој го претстави) И нареде епитети за фирмата, за начинот на работа, за предностите, за можноста за унапредување во нај нај суперлативи.А не ми објасни за каква работа станува збор (во огласот не беше појаснето) А дали си спремна да работиш под притисок? А дали си спремна за големи обврски и одговорности? Дали си спремна за 2-3 месеца да станеш менаџер!!!!!!!!?Хелооо а што ќе рботам, кои ќе ми бидат задачите и обврските????/Место одговор, добив уште Уште 10 минути фалење на работата... па потоа појаснување..... Знаев дека ќе ме примат со оглед на моето CV, ми се јавија и ги одбив. Прочитале книга за човечки ресурси и си играт интервју. Без везе.... 2. Друго интервју комбинарно со странски и македонски ментлитет - Чија си? - Кога дипломира и кои ти беа главни предмети - работно искуство и кои ти беа задачите и обврските таму? - Како си го замислуваш ова работно место во ова фирма? - Колку пари зимаш тами каде што си сега ????????!!!!! - како мислиш дека би можела да помогнеш на компанијата?Доколку во момемнти немаш доволно работа, за твоето работно место, што друго можеш да работиш?Во што можеш да и помогнеш на фирмата? - Ако започнеш утре, што прво ќе направиш? - Кога најбрзо би можела да започнеш ? -Англиски не беше потребно докажување, пошто интервјуто беше на англиски -Во каква средина би сакала да работиш? - Какво работно време ти одговара?
и јас ја добив работата онаа онлајн што ви кажував- таа ми е како хонорарна работа . за другата редовната ќе видиме здравје...