Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашања на интервју за работа

Дискусија во 'Барање работа' започната од Dijana, 18 ноември 2009.

  1. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Леле еспадрила поштено ме изнасмеа за првото интервју кога читав затоа што нешто слично доживеав и јас пред неколку дена :D .Читам оглас некако сомнителен бараат промотерки/менаџери и што ли уште не а јас очајна ајде да се јавам да прашам.Замислете ми договори интервју во кафуле :) која професионалност човече.И сега поставувам прашања за фирмата дали имаат веб страна и др. детали ми вика типот како демек уште не ни е изработена веб страната,како наводно сега ќе земале канцеларии.Ептен чудно,инаку овој дечкото е србин се вика тодор и ми кажа како демек газдата бил швајцарец.А фирмата се вика свислајф и ќе имале соработка со хербалајф ;( :geek: значи една фирма со десет имиња.

    п.с. уште нешто заборавив,побара да оставам лични информации име/презиме/образование/емаил/што јазици говорам.И ми вика напиши и матичен број :o јас изреагирав дека тоа е личен податок што се дава само во одредени случаеви.Не напишав мој матичен број.Сте имале вакво искуство?.јас досега не :?:
     
  2. Evertsen

    Evertsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    104
    Секако дека прво прашање беше зошто сакам да работам таму, но: на моето последно интервју, за мое изненадување, сите прашања беа САМО за институцијата во која аплицирав, и нејзините надлежности. Буквално се чувствував како да бев на испит, и одговарав прашања од струката и одреден предмет.

    Значи кога аплицирате по државни институции и органи, бидете спремни на ваков пристап, кој е прилично конкретен.
     
  3. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Девојки,
    ако не ви пречи ќе ви кажам една работа за интервјуата.
    Имено јас сум правела интервјуа за вработување во приватна фирма.
    Значи јас сум била вработена, и ми дале дозвола да најдам соодветни соработници
    за кои јас ќе си имам одговорност понатаму ако случајно не ми се погодат, друг да не ми е крив :D .

    Точно, се поставуваат многу прашања, може да те прашат и најбанална работа,
    на пример знаеш ли во колку е автобусот за Солун :D , но не е битно прашањето ниту одговорот,
    туку најбитен е вашиот стил.

    Најмногу се одлучува на база на говор на тело, гестакулации, поглед со очи, насмевка,
    реакција ако нешто во моментот на интервјуто тој што ве интервјуира да речеме скрши на под,
    фризура, гардероба. Но и како ја “носиме“ таа гардероба. Многу битно е да имате “паметен“ поглед,
    и да не ви лута погледот наоколу додека сте на интервју.

    Нема да верувате но на скоро сите интервјуа на кои сум отишла ме примиле на работа (не биле многу, добро).
    На најважната моја работа, од прво интервју директорката веднаш ме прими, не продолжи понатаму со
    другите. Рече - толку. Ти ќе бидеш! Е сега незнам колку имало пред мене :D.
    Пораката е:Или одговарате за таа работа или не!

    Се надевам дека со овој коментар некому ќе помогнам.
    Поздрав и со среќа.
     
  4. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    На Espadrila и converse.brown им се допаѓа ова.
  5. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Многу сте духовити, кај го најде ова :D ?
     
  6. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    Ми го пратија пред некој ден, сега случајно се погоди со муабетот за кој како реагира :)
     
  7. Nice.girl

    Nice.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Ми стигна одговор за работно место за кое аплицирав - за царински службеник и ме повикуваат на тестирање.Дали некој знае какви пражања поставуваат и од што се состои тестирањето?
    Незнаев каде да го поставам прашањето, ако е на погрешно место ќе ги замолам администраторите да го преместат.
    Однапред благодарам.
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Што мислите за одговор на прашање кои се вашите слабости- преголема аналитичност и по некогаш преголема детализација на работите без да има посебна потреба од тоа ??

    Сам себе се убив работава или?
    Не сакав да кажам дека знам да доцнам, ептен непрофесионално ми изгледаше, знаев дека немаше шанси да ме земат у предвид ова ми се виде некако најбезбедно, а сепак е слабост, мана што ја поседувам, знам да отупам со филозофирање околу нешто, ќе го истражувам, преистражувам до степен на лудило а да нема потреба да се детализира до толку.

    Kako мене никој не ме прашал ова, а имам толку детален одоговор со длабока анализа по улоги во филмови/серии :( Али не побитно е да видат дали знам за командитно друштво со акции и остали работи од закон за друштва :doh:
     
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Добар одговор :up:

    Мене ми се најтешки овие прашања , јас дадов одговор дека слабост ми е што знам да бидам многу нестрплива :D Дури и таква гестикулација дадов :^) Ќе подрипнев од столчето |(
    Се изнасмеаа, и ми рекоа дека ете Мими сака да работи во банка и мора веднаш и сега :D
     
    На zhap4e и Hipster им се допаѓа ова.
  10. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Зависи од работното место за кое се конкурира, некаде може токму овие особини се најбарани.
    Она што некаде е недостаток, на друго место може да е “врлина“ ;). (ова е ептен српски збро, но во моментов не можам да се сетам на македонскиот :?: )

    Кога даваш одговор за недостатоци, исфилувај ги малку па и ти,одговори она што ќе биде најбезболно за дадено работно место. Човекот со тек на време на работа ссе усовршува во некои работи како резултат на трудољубивост.

    Мала шега:
    знам една личност која на интервју на прашањето за слабостите одговори “многу сум паметен“ :lol: и ја примија.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Истражувач, researcher, како сакаш кажи го тоа е позицијата. Истражуваш и сам пишуваш мали текстови и анализи за некоја тема(тоа сам си одредуваш, али мојата професија беше прва на листата од професии кои ги бараат).
    Абе за филувањ,е ко торта можам да го направам, али не ми идеше ептен да се фалам, не можам, морав малку самокритично да настапам. А мана ми е тоа, кога работам нешто унесена кога сум,некогаш претерувам со ситници,баш ситиничарам и се живо ќе измалтретирам ако не е така како што треба. А ова пошто е самостојна работа, значи сам себе се измачуваш, па сепак нема да наштети на продуктивноста на другите, освен на моето време, ама имаше прашање дали би ви сметално понекогаш да останувате и надовр од работното време, јас напишав не би ми сметало, така да ако не си доработиш ќе си останеш после работно време. Секако кога ќе ти зададат проект, работиш на него колку е потребно се додека е готов.
    За почеток е добра шанса, иаку ова е само почетна точка, за искуство пред се, за стална работа не.
     
  12. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Хипстер јас на тоа прашање ќе одговорам, најголема слабост ми е да се воздржам да не дадам отказ ако не ми давате плата, и што сум добра па ќе ве почекам ако касните :D

    Шала на страна, одговорот на тоа прашање зависи и од местото и од самото интервју, (и пак ќе кажам од тоа колку ја сакаш токму таа работа) и мислам дека претходно смислени одговори не секогаш поминуваат.
    Може местото си бара брзина и рутина, па анализирањето ќе се рачуна ко цепидлачење.

    Мене не ме прашале ама ако ме прашаат, ќе лажам што ќе правам, ама секаде различно.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    На едно интервју ме прашаа дали планираш семејство? Кој е најдобар одговор, има ли некој искуство? Мене лично ми е дискриминирачко, бидејќи ако речам планирам да, нема да ме примат, ама од друга страна па планирам факт е и да речам не, а за 1-2 забременам ќе биде нефер. што мислите?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    а тие фер се?
    речи дека не
     
    На Evertsen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Апсолутно имаш право да не одговориш на тоа прашање.
    :!: Ама ако ти е нож до коска, тогаш можеш да кажеш понатаму во иднина или сличен одговор.
    Секој би знаел кога ќе речеш не, дека не си искрен, и банално е да се поставува тоа прашање.
    Ама ете, се случува.

    И тоа не ме прашале, ама ако ме прашаат јас само ќе ги прашам "А вие, имате семејство?"
    Тогаш би го знаеле твојот одговор, ама тешко и дека ќе те вработат. :?:
     
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    не секогаш тоа прашање може да има негативна конотација. зависи од работодавачот кој што сака да ве процени каква личност сте. и мене на едно интервју ме прашаа истото и како од пушка одговорив ДА.

    ми рекоа браво и што побрзо да почнам да работам на случајот и ми зборуваа за нивните семејства, дечиња итн. ако еден работодавец очекува од вас да немате семејство тогаш со таа изјава вие можете да процените за каков всушност човек би работеле...
     
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.395
    Допаѓања:
    22.514
    Пол:
    Женски
    Мене на последното (а воедно и мое прво) интервју за работа ми ги поставија сите стандардни прашања кои веќе ги имав читано по интернет. Зошто сум се одлучила да пратам CV во нивната фирма, да кажам нешто повеќе за мене, прашања во врска со факултетот и дипломската работа која ја спремам.. И на крајот ме прашаа дали имам дечко и од каде е. Демек не сакале да ми се мешаат во приватниот живот, ама важно им било да знаат ако ме вработат дали ќе можат да сметат на мене во следната година-две. Бидејќи сега имале празно место поради тоа што една од вработените се омажила во друг град. Им ја кажав вистината, дека имам дечко кој не е од мојот град, но дека битно ми е да се остварам професионално, и дека не планирам на 22 години да се мажам, ама сепак никогаш не се знае што не чека во животот.
    Не се чувствував убаво кога ми го поставија ова прашање, ама ме убедуваа дека од аспект на фирмата мора да знаат. Не им реков ништо, ама и да имав дечко од мојот град, ништо не е сигурно. Што ако, пример, останам бремена и пак ќе мора да си бараат нов работник? :emo:
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Не секогаш работодавецот го спроведува интервјуто. Честопати тоа е некој од секторот за човечки ресурси чија работа е да се осигура дека нововработената нема да најави трудничко боледување после 6 месеци.
    За жал ситуацијата ни е таква што многу млади девојки чекаат да се вработат за да затруднат а тоа е навистина нефер кон оној кој имал доверба во вас.
    Од друга страна па секој за себе си гледа и така се во круг.
     
  19. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    Утре сум на интервју во неуромедика,дали некој има искуство што прашуваат.
     
  20. ratka11

    ratka11 Нов член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    dali nekoj ima iskustvo sto prasuvaat na intervju vo uprava za javni prihodi pls za pomos