едно од најидиотските прашања до сега: -каде живееш(во која населба)?...во стан ли?...со кого?...а станот ваш ли е или под кирија?... фирмава кај што бев на интервју во околинава на градов и затоа ме отече газдата од поставување вакви дебилни прашања а врв беше дали ќе ти пречи да патуваш низ земјава и кога на пример ќе си во гевгелија ете да преспиваш по хотел таму на едно 2/3 вечери и дали и на мм тоа не би му пречело? немеме ние во р.м. деловна култура на нивоу на интервјуата .
Значи дефинитивно се согласувам со VICHY, што те боли таквото јас каде живеам, со кого, кој ми ја плаќа киријата, зошто сум дошла да барам работам во СК, катастрофа.
Јас многу одамна на едно интервју во позната фирма кога почнаа да ме прашуваат чични работи и за социјалниот статус убаво им кажав дека вакви прашања не се поставуваат на интервју ( според ниту една книга за тоа како да се спроведе интервју и што се е дозволено да ве прашаат), и замислете разговорот тргна воѓдруга насока. Ама зависи од тоа кој го спроведува интервјуто, зошто ако е голема компанија со посебна дирекција за човечки ресурси не смеат такви лапсузи да си дозволат а ако се работи за мали се е можно.
Пред да почнам во Клинички пред 3-4 години отидов на интервју во една ординација во Аеродром мислам дека интернист беше докторот(околу 40 години).Прво нормални прашања за школо,искуство ово,оно и после а дечко имаш,заљубена ли си,дали патиш за љубов и слично јас го гледам бледо и он демек тоа ќе влијаело понатаму на работата затоа ме прашува.Не бидна ништо не ми се ни јави после тоа туку ме адна на фб и тоа од профилот на ординацијата педофил,манијак
Тоа од што толку се професионални, ти рекол дека ќе ти влијаело тоа на работата, а он како работодавец те прашува за приватен живот, изгледа нему му влијае, штом те прашал.Сосем нормално дека работа и приватен живот не се мешаат, смешно е тоа да прашуваат.Инаку, откачуваат со некои безпотребни прашања, се дешава, ама кој, колку си е професионален.
На последното интервју пола саат ме испрашуваше за работата на дечко ми и татко ми , мизерна македонска работа, ми се одмили веќе и апликации да испракам за работа, од интервју на интервју се по мизерни прашања, мешање во приватноста .
За среќа досега не ми се случило да ми навлегуваат со прашања многу во приватноста барајќи информации за тате, бате или љубовниот живот. Кога би се нашла во таква ситуација не би одговорила на тие прашања. Ниту е професионално ниту пак треба да ги интересираат такви работи. Ако на самото интервју се однесуваат така просто можам да замислам какви ќе бидат како работодавачи или како претпоставени. Пашањето за платата го сметам како непотребно бидејќи веќе се знае колку е определено за некоја позиција па секако нема тоа да се промени.
Би сакала да прашам дали некој бил на тестирање во МВР или пак познава некој што бил за да каже како изгледа и каков вид на прашања има?
Пред извесно време бев на интервју во Виталиа, што ја сметам за една успешна компанија во Македонија, но бев изненадена од прашањата што ми ги поставија: Дали живеете во сопствен стан или под кирија? Со кого живеете во станот?Кој ја плаќа киријата за станот? Што работат родителите? Дали имате брат или сестра? Што завршил вашиот брат и колку е постар од Вас? И затоа што не сум од Скопје ме праша зошто не барате работа во Вашиот град? Не можам да поверувам колку приватни прашања поставуваат.
Моето тазе вработување беше вака. Стигам јас во фирмата, а ја земав и мајка ми со мене за друштво по пат да имам и газдарицата цела насмеана не пречека. Ми кажува дека работат само за извоз и ме праша дали знам бар нешто од тоа што го работат. Јас само кратко и кажав што имам завршено и таа ми вика аууууу супер, ајде од утре да почнеш. И реков дека не можам од утредента туку од наредна недела ама и мајка ми да ја вработат. И таа цела среќна што нашле некој писмен човек, ми вика да да да секако не е проблем, ако сака уште утре нека почне. Јас го кажав тоа за мајка ми ко на шала, ама ете и се посреќи. Сиротата газдарица од што збунета не ме праша за името, туку само број ми побара. Ама баш ништо не ме праша. Излегуваме надвор и таман влегувам во кола, ете го газдата. И тој исто два три реда муабет од типот како сте и дали ви се допадна тука. Ме праша исто и тој дали ми е познато бар нешто од таа раб и нему истиот одговор му го дадов и тој целиот пресреќен ау па ти ни требаш тука. И сеа луѓе едвај зедов два слободни дена да одморам. Платата одна на 1ви ја зедов ( во саботата) и тоа газдарицава ми се јави да ме праша дали сакам да отидам тамо или да прати некој да ми ја донесе во плик. Секако дека ми ја донесоа. Инаку во мојов град никогаш не ми се случило да испратам сиви или некое вакво интервју да имам како вашиве. Ама никогаш. Секогаш или бараат преку други работник или пак одам директно и јас сум таа и дојдов за работа. Толку. Инаку сум голем мрчатор на прашања од приватноста.
Веројатно затоа што сте женски ви поставуваат такви прашања. Гадовите т.н газди, магупи со мали ку*иња се јачаат кога ќе видат женско и мислат дека можат да се играат со интимата на човек. Затоа кога и да ви се случи да ви постават такви прашања одма офикарете ги, писнете им да видите како ќе ве гледаат
Пишувајте ги имињата на фирмите од кој што не сте задоволни, барем друг да не поминува низ истите глупости како вас. И кога веќе прашуваат такви несоодветни прашања истото прашајте ги и вие нив, љубовен статус станбено прашање членови на семејството, ако они имаат право да ви поставуваат такви прашања за да видат дали им одговарате и дали би се вклопиле во нивниот тим би требало истото и за вас да важи дали на вас ви одговара да работите со такви луѓе. Јас не ни праќав цв на огласи каде што не беше наведена платата и работното време. Стандардно интервју бла бла бла бла Имаш дечко ? Не гледам зошто би ти одговорила на тоа прашање. Ама ние сакаме да знаеме со какви луѓе си имаме работа. Извинете јас не сакам да си имам работа со вас, ви благодарам извинете за времето што ви го одземав, пријатно.
Јас бев на тестирање лани. Знам дека прво требало на интервју да не викнат, па после на тестирање, но јас и мн други директно на тестирањето бевме на правен факултет. Ќе ти кажам само да не се надеваш мн, доколку немаш некој да ти заврши работа
Na testiranje koj te povika,zosto mene me povikaa samo na intervju? i kakvo testiranje e toa jas imam zavrseno praven fakultet?
Јас сум била на интервју во ујп, не е ништо страшно прашуваат за образованието кај си завршил,просек и сл. и за даноци нешто што знаеш какви има...од страната на ујп...инаку има многу кандидати а ќе влезе тој што е пратен од партија,секако однапред се знае...поздрав
Од УЈП ми се јавија дека ќе има тестирање во просториите на правен факултет, значи само се спроведуваше таму и нема никаква врска образованието ако те буни тоа. Тестирањето беше со стручни прашања за даноци. А колку што дознав од другите кандидати некои биле повикани на интервју прво, па на тестирање, ама бевме и многу што не викнаа само на тестирање. Бевме многу луѓе од цела македонија и имаше списоци залепени кој каде полага. Се на се, чисто ради реда е работава ако немаш некој да ти помогне. И да не заборавам, после неколку месеци ми стигна писмо со име и презиме на кандидатите што влегле на работа
Ми биле поставени голем дел од прашањава и никогаш не сум се осеќала загрозено или дискриминирано. Ако некој почувствува дека треба да те вработи, ќе те вработи.
Најдискриминирачко прашање кое ми било поставено: Дали си мажена и кога планираш да основаш семејство. Тоа е мое лично право, мој живот и моја одлука, која апсолутно нетреба да биде пресудна при носењето на одлуката дали ќе го добијам работното место или не.
Последниве недели одам по интервјуа за работа, некои барем беа доволно фини да ми направат од околу муабет за да дознаат дали сум мажена. На едно интервју толку дирекно ме праша типот што ми ги спои жичките моментално. Минута пред тоа ме праша дали би работела за 5000 денари (да напоменам дека бараат медицински факултет за работната позиција), и кога ме праша дали сум мажена така сум му спуштила, да се осигурам никогаш да не ме побараат од таа фирма. Му реков не е коректно од ваша страна да прашувате такви лични работи, ама ако толку ви е битно, не, не сум мажена. И го реков со таков тон како мајка да ми убил. Барем убаво ми дојде на душичката. После тоа влегов во втор круг во голема фирма каде воопшто не ме прашаа ништо за личниот живот, само ме прашаа дали сакам да се посветам на работата. Значи има и коректни работодавци кои ќе ти дадат поштена плата и ќе бидат фер со вработените. Сеуште чекам да ми се јават од таму, ама сега сум сигурна дека ако некој така безобразно ми се однесува на интервју, воопшто не би сакала да работам со такви луѓе. Знам дека сум малце хард-кор со муабетов, ама ако на прво гледање со тоа ме уценува дали ќе ме вработи, можам само да замислам што би ми правел ако ми дава плата. Подобро за помалку пари, ама барем коректен однос да си имаш со шефот.