Moжеш да ставиш. Ставаат таква подлога бела,мека - не знам како се вика материјалот. Никаде паркетот не е идеално рамен, така да немај гајле. Се се изведува.
Јас неколку пати што сум гледала поставување на ламинат, одело на тој начин.Кај мене од подови па до ѕидови ништо не е идеално рамно, па се се извело без проблем и многу едноставно. Ламинатот е повеќе од 10 години,нема мрднато.
Под секој ламинат се става едно како фолија, како сунѓер, да ја избалансира подлогата. И уште нешто можеби како во видеото Спојлер: Laminat Ама најдобро консултирај мајстор. Нас ни дојдоа, измерија рамност на подлога со некое чудо (не можеш со васервага нели, голема е површината) и пошто нормално нема иеално рамна подлога, ставија одоздола некој брзо сушечки бетон, па врз тоа редеа. Ама одоздола јас немав паркет, бетон беше.
Да , Филц е , се сетив сега . Ти реков ,кај нас не беше рамен баш . Што правија точно не знам . Да не ставија на некои делови подебел филц ,некаде потенок . Искрено , не знам . Ама го дотераа важно . Еве го , супер е , не е мрднал
Незнам каде да го поставам прашањево... па тука.. Бои за ѕид каде да најдам? Нешто како палета со многу бои за да цртам по ѕидовите?
Дечки дали имате да препорачате 3д панели за ѕид, како бели цигли? Евтини со солиден квалитет? Како на сликава нешто: Друго, некој што има сенс за уредување, какви кратки завеси би одговарале на овој тип на прозори (ова е од дневна, гарсоњера, под двата прозори има двоседче, а под еден задача половина од лежај Друго, да ми препорачате некој салон за мебел каде што можам да најдам модерни нешто ко скандинавски стил на затворени комоди за тв. И друго, некој што може да претапацира столови?
Здравo Каде мoжам да наjдам гарнитура за вo двoр oние штo се какo плетена пластика oсвен Де-ни мебел?
Девојки, препорака за добар мајстор за мебел (кујна, лизгачки плакари, 2-3 фиокара)? Само да не е нереален со цена и со време на изработка.... да не е реклама, може во лп контакт @Cka @referentka вас последно ве прочитав сте уредувале
Дејан ни правеше кујна, мислам од ГГ е. Слична е со тоа што горе тие се отворени, рафтови има само, со исто поставен прозор и висока чешма.
Ајде женички дајте идеја. Терасата не е доправена како што гледате на сликата, горниот дел од ѕидот не е завршен. Напред и позади е малтерисано и фарбано бело. Така е купен станот. Битен момент е што терасата не е права туку малку заоблена. Дали знаете нешто со што горниов дел може да се покрие, ама барам ептен ефтина варијанта дури и да не е многу долготрајна, зошто планот е наскоро да се селиме. Сакам естетски да се среди и евентуално саксии со цвеќе да наредам. Дали само со малтер може да се среди, или некоја пластика како тоа што се става под прозори...
Малтер може, нема да естетски најсреќното решение ама е најевтино и со саксии ке го скриеш. Плочки, мермер, ограда, сето тоа е поскапо.
Има ли некоја од вас плакар по мерка, со лизгачки врати и целите да се огледало? Која е цената и кој ви ги правеше?