Не знам каде да го поставам прашањево, но мислам дека овде би било соодветно. Дали знаете каде може да најдам 3Д рамки за слики?
Здраво, купивме стан што е во фаза на изградба, и имаме можност и желба да направиме промени во планот (да додадеме вц/соба итн). Дали имате да препорачате архитект што може да ни даде предлози, колку би чинело?
Ако мислиш како оние комодита што ги рекламира што се собираат, според мене не се ич добри за толку долго време
Дали некаде имате сретнато златна боја додатоци за бања? Конкретно корпа за тоалетна и четка? Сребрен метал има насекаде, но златни немам сретнато
Тешко би нашла,купи сребрени и испрскај ги со спреј.Ке го искористиш и за други работи во домот,саксии и сл..
Женски, дајте ми идеја, спалната ја средувавме, на ѕидот кај шо е тоалетната маса нема ништо, шо да ставам?? Многу празно вака а ѕидот е голем
Тоалетна маса е она за шминки претпоставувам. Vanity table? Ако е тоа мене многу ми се допаѓаат оние светлечките огледала и баш се за таков асортиман за тоалетна маса. Ете неколку идеи: Можеш да си додадеш некои од оние мотивационите слики со рамки модерните или пак некои кул слики што се твој стил или во тон со ентериерот на спалната.
Хелп...за да ставам полици и биро да бидат од темно дрво, каде да најдам + колку чини таков материјал од прилика?
Барам мислење ако има некој уште активен на темата. Се селиме во нов стан и купуваме намештај сега. Замислата е да биде малку vintage стил, не сум обожавател на модерното. Тросед и двосет имаме кафеави кој ќе стојат на едниот крај од собата која е споена со темно сива мат кујна на другиот крај. Прашањето ми е каква боја трепезарија, комода за тв и клуб маса ќе оди овде, а да не се затвори многу просторот со темни бои? Еднио долг ѕид е со логии па какви завеси да ставам? Еве и слики ќе пратам Дали клубската маса ќе стои убаво и со другата комода или подобро со тас комплет што е? Исто ме интересира дали со ова ќе стои детали во небо плава боја, или која друга идеја имате за перничиња и сл? И каков тепих да земам? Сакам два исти, еден под трепезарија еден под гарнитура (големи), ама каква бојс да се? Многу прашање имам се ми се измеша
Еве да те посветувам во однос на перничињата - не купувај ладни тонови, нема да прилегаат. Ист фазон и боја се кај мене троседот и двоседот, се изглупирав и купив перничиња кои имаат ладна боја сино и бело во нив, за да "освежам" амбиент, ама не одат заедно со топла нијанса на кафен штоф. Земи некои со топли подтонови жолта, зелена, посветла или потемна кафена боја од бојата на штофот, беж или слично. Клуб масичката и комодите ми се во светло натур боја, слична на твојата последна фотографија, и убаво се вклопуваат со троседот и двоседот. Тепихот под масичката ми е во топли нијанси на црвено и портокалово. Овие бои ми го освежуваат просторот и даваат убава севкупна комбинација.