@Anturium , не сакам да ти создадам уште поголема конфузија околу изборот, но толку масивен мебел во комбинација со Честерфилд софите, кои се масивни сами по себе, ми е некако премногу. Колкав е просторот? Подот каков е и во која боја? Ѕидовите? Кујната во кој стил е? Ако добро разбрав, отворена е кон дневниот простор. Барем денес е поголема слободата во мешање на разни стилови во уредувањето. Размисли за визуелно "полесна" клуб масичка. И не мора комодата да е matchy matchy со неа (ако веќе не е купена). Ама пак, сè се сведува на лични преференци. Спојлер Примериве не се во твојата палета. Обрати внимание на комбинирањето на разни стилови. И што толку паничиш за бојата на перничиња?! Бар тие не се скапа инвестиција. Купи што ти се допаѓа и играј со боите т.е менувај само навлаки. Бојата на завесите нека биде неутрална, а може да си дозволиш поголема слобода во изборот со теписите. Зависи каков ефект сакаш да постигнеш. Ако во ништо не си сигурна, консултирај професионалец. Спојлер Јас не сум и ова не е самопромоција. Само поминувам низ иста фаза и сочуствувам со тие ко мене. Опушти се.
Ти благодарам многуу на деталниот одговор. Кујната е темно сива мат само на едниот ѕид (спротивниот од гарнитурата), не се разбирам во стилови ама нешто помодернистички стил ќе му дојде. Затоа и се мислам многу за трепезариска маса мислам нема да оди винтаж со таа кујна. Не знам точни мерки за собата чекаме од агенцијата да ни ги пратат, ама вака визуелно е долга, а потесна, сепак не толку голема за да ставам толку нападен мебел во право си. Изгледа ќе морам да се одкажам од желбата за винтаж и да купам пообични маси и комода, не сакам стакло и црн мебел, па размислувам за дрво боја. Плавата ја сакам зашто имаме голем портрет со слика од мене и мм, пола е со небо и сакам да се вклопи со деталите. Ѕидовите се бели, а плочките бело со крем, едино вратите се црни, ама дневната е споена со ходникот, нема посебна врата за неа. Ќе размислам уште малку, изгледа на крај ќе побарам архитект
Здраво. Моментално уредуваме кујна и наместо ѕидни плочки се мислиме да поставиме стакло. Дали би можел некој да сподели искуство? Дали е задоволен со изборот? Дали е едноставно за одржување? Ви благодарам однапред.
@Anturium ако се во делена просторија кујната и трпезаријата со дневната, мешај стилови, ако се во една просторија многу натрупано ќе изгледа. Футуристичка кујна со рустична клуб маса мене не ми оди. Можеш скандинавски стил да внесиш, не мора да е стакло и црн мебел. Не сфатив само, кујната е веќе готова, а гарнитурата е купена или беше во план да ја купиш?
Зградата е нова и тек почнаа да ги прават кујната и вц, агенцијата ги прави какви сака само намештајот ќе е од нас. На кујната плочките уште не се ставени и поради тоа не знам какви ќе се. Споена е со дневната да. А гарнитурата ја порачавме веќе, друго ништо не сме купиле сеуште. Ми се допаѓа и скандинавски стил, ветојатно ќе се одлучиме за нешто такво. Еве слика од кујната
Ја би одела со стаклена клуб маса, целата проѕирна или кружна или со некои интересни ногарки, евентуално со мермерна. Совршена би била комбинацијата со некоја клуб маса од орев, ама мислам дека претопло, пренатрупано би делувало. Би ја повикала тука @ennaz за стручно мислење.
Тука каде што живеам има многу прашина, а времето за бришење ми е само еднаш неделно. Нема да се познава многу на стаклено маса?
Ааа Во ск станот ми е таков, клуб масичката темно стакло. Бришам и за 2 мин пак има прашина, никогаш не е совршено чисто стаклото. За проѕирно стакло стварно не знам, немам искуство.
Уфф епа, ќе морам да барам нешто што е лесно за одржување Сепак фала ви на сите на корисните совети, добар правец ми дадовте
Ве молам за малку помош во врска со боја на тепих, масичка и мала комода за телевезор, кои ќе одговараат на оваа гарнитура? И слика од моделот на масичка каква сакам
Имам ќоше нешто слична боја (може е потемна) ја искомбинирав со тепих во иста боја, а масичка и комода во боја на снежен храст ако сакаш пиши ми лп ќе ти пратам слика чисто да видиш
Слична боја гарнитура имаме и ние во дневна дома, само малку потемна плава. Масичката ни е темно кафена, ја имаме од пред да ја купиме гарнитурата и си остана, но јас искрено сум за да ја смениме со нешто по на крем или бело. Оваа што си ја постирала мислам дека убаво ќе одговара. Тепихот ни е сивкаста боја, нешто ваква боја ко на сликава. Еве и сликава е убава баш да видиш како иде со сличен тип на масичка како што сакаш.
Да, значи одговара еве. Јс се мислев дали да одам со бело, крем/кафеаво и сиво, ама викам да не е многу шарено, ама таман одховараат боите. Супер, фала ти.
Каде имате сретнато убави анатомски работни столици за деца, тие што ги гледав се или гејмерски што ми се прегрди или се неанатомски. Каде има добар избор? По можност и онлајн
Се одлучивме за ваков мебел од дрво (веќе имам пишано дека е отворена кујна со дневна), е сега уште барам совет за столовите на трепезариската маса, дали е подобро да бидат нешто кафено или крем, или да вметнам уште некоја друга боја, како тиркизна или маслинеста?