На емисијава Ајде дома, видов дека плочките во кујната ги покрија со некоја самолеплива метал- боја( во една емисија), а во друга видов ги покрија со некоја друга како алуминиум. 1.Дали е ефективно таквото покривање, дали се истрајни тие цврсти фолии? 2.Ме интересира дали некој знае што е разликата вопоставување на парче тапет вертикално (т.е долж ѕидот), или поставување хоризонтално? Дали игра улога визуелноста на големината на просторијата, или чисто желба е тоа поставување?
1, Не е, лесно се гребе фолијата инаку трајна е и не се баш лесно одлепува. Другарка ми има ама не е ич задоволна. Една мрсна дамка ја отепала рибаеќи со Циф и малку ја оштетила фолијата (не дека многу се познава ама боде очи) 2, Визуелноста на големината на собата зависи од шарата и бојата на тапетот,а тоа дали ќе се лепи вертикално или хоринзолтално воопшто не е битно. Јас во детска соба имам лепено хоринзолтално тапет на крило од плакар (а може и вертикално да се лепат). Полесно се лепат вертикално тапетите, значи полесно му е на мајсторот
Дали има некој панелни завеси, некој коментар за истите? Имам чуено дека визуелно го зголемуваат просторот, но во моето идно станче дневната и кујната +трпезаријата се како поделени - лево и десно, и само во едниот простор е балконската врата и незнам какво зголемување би се добило тука.. И имам само 1 голем прозор во еедната просторија и немам идеја што со него, не личи ниту панелни ниту обични
во мојата соба имам тросед,двосед и фотеља ии мала масичка(кафеави се) ..е сега сакам да си купам нова комода па дајте некоја сликичка пошто немам идеа(сакам да има повеќе место за алишта ) ии полици да има да биде помодерна..ии боја каква да ставам каква ќе одговара? и ќе искречам со таква боја .. ај ве молам помош
Имаш на интернет мнооогу комбинации, зависи од вкус. Само не ти го разбирам болдираниот дел. Каква е таа комода каде што ќе можат да се стават алишта? Да не мислиш на оние како плакари големи и да има само место за телевизорот во нив. Тие не ми се воопшто модерни... Можеш кафено-крем-зелена комбинација Спојлер Kафено-жолто исто добро изгледа Спојлер Кафено-портокалово Спојлер
Јас би комбинирала со црно и бело. Венецијанер 1000 пати. Соседи имаат роло завеси и многу грубо изгледаат.
Види во ГТЦ долу во подрум имаше една продавница а и во Хуго Маркет има и не се многу скапи, Туш маркет, Рамстор...
Девојки, би сакала да ве прашам каде има убави и квалитетни ѕидни часовници по пристапна соба, за во детска ми треба, конкретно собата ми е пороткалово со зелено, но ѕидот на кој сакам да го ставам ми е портокалов, па сакам зелен часовник... Ве молам совети за продавници од каде сте задоволни од вашите часовници
иако не сум од ск, сепак мислам дека најголем избор имаш во Џамбо и во ВАлери, таму имаш прифатливи цени за секој џеб
^ Во продавнициве за украси, не ни влегувај. Многу се скапи ѕидните часовници. Јас би ти предложила и на пластичарската улица да си разгледаш, има еден куп избор.
Да но цената не ми е проблем(секако да не е астрономска, но не барам некој по багателна цена), поголем проблем ми е квалитетот затоа прашувам
Девојки,ке ставам жалузини во мојата соба, ѕидовите на собата ми се бојадисаи 2 со 2 розеви и бели, каква боја жалузини да одберам? или да си одам класично да не бидат во боја... Патем, дали некој знае дали бојата влијае на пропусната светлина на жалузините, зошто мојата соба е најсветла најмногу сонце ја фаќа преку ден, а многу често ми смета толку светлина. Еве палета на бои
^ Чекај сега, мислиш на венецијанер така? Јас имам во цел стан и моите се некоја крем боја, а кај другарка ми се бели и нема некоја разлика и двете бои добро изгледаат. Иначе бојата нема никаква врска со светлината, туку чисто естетски. Е сега за светлината ако ти пречи се топ, си ги вртиш и колку сакаш ќе ти биде светло. Не заштитуваат толку како класична ролетна, но за во соба добри се. Исто и многу лесно се се чистат. Јас сега кога би бирала би биле или бели или сивкасти.