1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашања, совети и идеи во врска со нашите соби/домови

Дискусија во 'Дом' започната од Rubiii, 15 март 2012.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.491
    Допаѓања:
    18.283
    Пол:
    Машки

    Im simple man, шо значи би одел со некој светло кафен под, крем бела боја на ѕидови и бели врати нешто.
     
  2. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    4.508
    Нема утка со тоа.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.281
    Допаѓања:
    33.452
    Пол:
    Женски
    Кафена боја е многу широк поим. :D
    Колкав простор, дали има строго дефиниран распоред, како ти го замислуваш, во кој стил се пронаоѓаш.. Дефинитивно пинтерест и да ѕирниш веќе сработени проекти на студијата за внатрешен дизајн.

    Моето "искуство" вели поедноставен мебел, ѕидови, подови за да имаш простор да играш со деталите. Деталите се тие шо даваат личен печат.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.649
    Допаѓања:
    177.015
    @Stark мислам доволно бои има, види што ти фаќа око.
    upload_2022-10-11_8-27-35.png
     
    На Stark, IRBBB и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  5. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.491
    Допаѓања:
    18.283
    Пол:
    Машки
    Прашав мајстор за ѕидовиве што ми се пола мрсна боја праска, пола бела, треба аплаааа многу работа и премногу пари че ми одземи, а буџетот ми е ограничен т.е пресметан за повеќе работи, така да веројатно че останат такви..

    планирам таркет или ламинат нешто дрво боја темно кафена, ама нешто посветла од мебелот што ми е кафен и спалната, влезна врата че ја земам скроз темна кафена, плакарите нешто посвежо кафено накај крем боја. Шанкот (како маса е) ја сакам нешто дрво потемно кафена. Дограма на прозори не знам дали да земам ПВЦ или пак ко од дрво шо ги прават темно кафено ? (и фасада пред да се женам крем боја че клам :P ).
     
  6. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.478
    Допаѓања:
    24.162
    Пол:
    Машки
    Целиот мебел во собата ми е со овие две бои како на сликата (сив храст и бел медијапан), со темно кафеава и крем аголна гарнитура.

    Сакам подот да го сменам, каков би ми препорачале? За поевтино да поминам се мислам врз сегашниот да ставам линолеум со изглед на плочки. Дали има смисла плочки во дневна соба? Доколку не, каква боја ламинат би била најдобра? IMG_20230128_040001.jpg
     
    Последна измена: 28 јануари 2023
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.649
    Допаѓања:
    177.015
    А ова сега на под е што?
    Незнам искрено дали и колку е поевтино, лино наспроти ламинат. Јас во спалните имам линолеум, од причина што е помеко и некако потопло од ламинат, ама цените беа горе долу изненадувачки исти. Ламинат над ламинат не знам дали има поента и дали воопшто се изведува.
    Дизајн на плочки има смисла, не знам зошто би немало, прашање на личен вкус е.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    2.848
    Пол:
    Женски
    А нема линолеум со имитација на ламинат?
    Има смисла плочки во дневна, но можеби со поголема димензија, ама мене лично не ми се допаѓа, евентуално ако се гранитни, сјајни, ама сепак дрвото дава поголема топлина (физичка) на домот.
    Јас би избрала сив храст како мебелот, мене повеќе ми се допаѓа светол под.
    Би било добро да ставиш и слика од линилеумот за кој прашуваш, да се види дизајнот.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.478
    Допаѓања:
    24.162
    Пол:
    Машки
    Моментално имам некои жолтеникави табли, не планирам да ставам ламинат врз нив, ако ставам ламинат ќе мора да го вадам овој, а ако ставам линолеум или винил планот ми е врз таблите да залепам.
    Па, првично како најевтина опција најдов неколку варијанти на имитација на плочка од кои најмногу ми се допадна долу десно. Едно парче е 45х45cm. Линолеум. 250 ден. m2
    Untitled-2.jpg

    Најдов и имитација на ламинат, ама поскапо испаѓа, 400/470 ден. m2
    277745136_1632929490403524_8984920393023687715_n.jpg
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.649
    Допаѓања:
    177.015
    Ако ставаш линолеум врз линолеум би можело, ламинат или винил мора на рамна подлога. Главно зависи дали е станот твој или под кирија, па во зависност од тоа да планираш инвестиција.
    Од линолеумите, лично никогаш не би ставала парчиња/коцки, туку варијанта метража како на втората слика, оти прашање е колку ќе биде совршено лепилото да ги држи. Со метража нормално поголема е површината, па и ако попушти на некое место (ради нерамнини) остатокот ќе ја држи целината.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.478
    Допаѓања:
    24.162
    Пол:
    Машки
    Планот ми е линолеум врз ОСБ плочи. Не знам дали е изводливо?
    osb-600x600.jpg
     
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.649
    Допаѓања:
    177.015
    Хм...ако не се многу стари, уништени...штознам колкав век на животност имаат и колку се стабилно залепени (ваљда се лепат ) на бетон. Јас мислам линолеум може врз што сакаш да ставиш, реално како теписон е, само да е од тој метражниот и главно е да е добро залепен.
     
  13. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.478
    Допаѓања:
    24.162
    Пол:
    Машки
    Не се лепени, монтирани се со шрафови. Па едно 10 години се стари сигурно, ама не се нешто посебно оштетени, највеќе ги нејќам ради дезенот.
     
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.649
    Допаѓања:
    177.015
    Ставај лино над нив.
     
    На cresa-jagoda и staycalm им се допаѓа ова.
  15. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.281
    Допаѓања:
    33.452
    Пол:
    Женски
    Осб плочите даваат многу убава топлинска изолација. Штом се во добра состојба, не ги вади.
     
    На cresa-jagoda и staycalm им се допаѓа ова.
  16. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    2.848
    Пол:
    Женски
    Според првата слика која ја постави повеќе ми одговара нешто на крем боја, а и гарнитурата е кафеава.
    Евтините линолеуми се и понеквалитетни, нормално, со тоа да знаеш дека може лесно да се греби од поместување на мебелот, столот на пример, или да се јави вдлабнатина каде што стоел самиот мебел.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.478
    Допаѓања:
    24.162
    Пол:
    Машки
    IMG_20230128_154924.jpg Wykladzina-PCV-linoleum-gumolit-jak-panele-4m-Bez-EAN-GTIN-5907736285549.jpeg

    И вакво нешто ми се свиѓа, ама не успеав да најдам на македонски страници
     
    На Maca Macka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    2.848
    Пол:
    Женски
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.649
    Допаѓања:
    177.015
    Тоа ваљда се подразбира, евтиното месо ни кучињата не го јадат.
    Затоа битно е да си пресмета колку долго планира да живее таму. Има разлика меѓу 2 мм и 4 мм линолеум, па после носивост/издржливост на истиот, секоја подна подлога си има такви симболчиња нацртано за параметрите за кои зборам. Или бар би требало да ги има.
     
  20. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.478
    Допаѓања:
    24.162
    Пол:
    Машки
    За сопствена куќа станува збор, ама ова сакам да биде поевтино решение за рок од 3-4 години, па дури тогаш да се менува цел под комплет :)

    @Maca Macka Во секој случај фала ви многу на двете за советите, ќе размислам што да направам. :)
     
    Последна измена: 28 јануари 2023
    На Maca Macka и Biljarkata им се допаѓа ова.