Прашања, совети и идеи во врска со нашите соби/домови

Дискусија во 'Дом' започната од Rubiii, 15 март 2012.

  1. Dignidad

    Dignidad Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2022
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    Има ли некој нарачувано од JungleShopMk на Инстаграм? Продаваат мебел со прифатливи цени и работат само онлајн па малку ми е шубе да нарачувам така мебел? Некој со искуство од таму?
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    48.803
    Пол:
    Женски
    Ми треба фул мебел за нов стан. Кај препорачувате у Ск? Не мора да е прескапо, само да е квалитетно и убаво.

    и дали знаете шо пари би земаш чоек за внатрешен ентериер
     
  3. Dignidad

    Dignidad Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2022
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    Од кои фурни и плотни сте најзадоволни? Леле ова со опремување на стан ич не било лесно, толку многу за бирање, едвај чекам да заврши
     
  4. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.079
    Допаѓања:
    7.522
    Пол:
    Женски
    Јас имам плотна на Amica, презадоволна сум.
     
    На Dignidad му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dignidad

    Dignidad Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2022
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    Од каде ја купи?
     
  6. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.079
    Допаѓања:
    7.522
    Пол:
    Женски
    Neptun, ама пред 4 години, види дали ја имаат уште таа марка.
    Мене ми е како нова, а секој ден е уклучена буквално за 600 оброци на ден.:rofl:
     
    На Dignidad му/ѝ се допаѓа ова.
  7. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.319
    Допаѓања:
    5.228
    Пол:
    Женски
    Стела Стил и element.solution, дали сте ги ангажирале за изработка на мебел? ми треба конкретно за детска соба, како се со цени и дали сте задоволни?
     
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    3.860
    Допаѓања:
    6.706
    Пол:
    Женски
    Насекаде ќе си разгледаш низ сите салони во Ск, па и пошироко и тогаш најубаво ќе си знаеш според буџет кај можеш да земеш. На гарнитура не се штеди според мене бидејќи е нешто најкористено. Сеа зборам во рамки на буџет нели, нормално. Исто јас и за душек не би штедела, зашто една третина од денот спиеш и од таа третина влијаеш на другите две, ја на тоа не штедев. Во врска со внатрешен ентериер зависи што и колку ќе правите, што материјал ќе изберете, ама тука лежи парата да знаеш. Мислам дека и овиј дел е најскап, кога уредуваш. Нас пред скоро 3 години не кошташе 5000 евра. Сеа којзнае.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    3.860
    Допаѓања:
    6.706
    Пол:
    Женски
    Јас на Беко ги имам и двете, топ се. Ги начекав на Black friday тогаш. И доста ефтино поминав.
     
    На Dignidad му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    33.781
    Пол:
    Женски
    Elektrolux.
     
    На Dignidad му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    628
    Јас цело истражување направив кога требаше да купуваме.
    За фурни и плотни најдобри се Електролукс.
     
    На Anyshka и Dignidad им се допаѓа ова.
  12. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    7.029
    Мајстор што си работи сам за ако сакаш поефтино.

    Ние пред 3 години за нашиот стан (во Скопје) ги викнавме Еко Дизајн од Струмица. Ова за плочест мебел. Препрезадоволна сум од сѐ од нив јас. Ни штрафчиња, ни механизам има мрднато. Башка се враќаа за две вратички на кујната, линијата на вдлабнувањето била неколку мм погоре од линијата на другите вратички. Ова сами го видоа. И кога ни кажаа, ние гледавме ама на нас еднакво ни изгледаа хаха. Ептен се детални, точни и професионални. Кога дојдоа со цел шлепер и 8 души, за 6 ч цел стан го наместија сите соби. Кај други што местеа фирми или мајстори, за кујната само со денови се бафтаа. Таму се договорат што како сакаш, зимаат мерки и имаат архитект кој црта после.

    Тогаш со цени на понуди беа во средина. Ни од најскапите ни од најевтините. Ама за квалитет гарантирам.

    Сега знам дека на плочестиот мебел цените се поскапени воопшто секаде.

    За лежај во дневна, спална и душек најдобро вие да прошетате из повеќе места и да видите што ќе ви се допадне.

    Од мое искуство, ние зедовме аголна Брисел од Додиќ фирмата, во Кристина Дамил се продаваат. Тогаш работеше братучетка ми таму, и ни го препорача моделот како единствен со скоро ич рекламации. Нема мрднато. После нас, уште неколку пријатели кои купуваа мебел, зедоа иста бидејќи ја бендисаа ептен. Модуларен е моделот, има повеќе елементи, во зависност од просторот.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    7.029
    Јас имам Whirlpool, од Нептун се земени. Немам никаква замерка, ептен погодени.
    Исто, Electrolux ти се многу добри.
     
    На Dignidad му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    48.803
    Пол:
    Женски
    Мислев чоек шо може да го среди просторот
     
  15. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    3.860
    Допаѓања:
    6.706
    Пол:
    Женски
    Ти за внатрешен дизајн бараш? Јас па те сфатив друго.:rofl: Малку скапичко е и тоа да знаеш.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    48.803
    Пол:
    Женски
    Па тоа ме занима. Шо пари е и кој?
    Да не ми земе ко пола стан
     
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    3.860
    Допаѓања:
    6.706
    Пол:
    Женски
    Искрено немам да ти предложам. Не сум барала така, се сама си смислив. Зашто знам доста скапо беше.
     
  18. Dignidad

    Dignidad Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2022
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    Си нарачав денес гарнитура од алмако, ептен слатка.... Имате искуства со продавницава? Македонски бренд е
     
  19. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.539
    Допаѓања:
    8.233
    Пол:
    Женски
    Сега опремував 100 квадрати стан целосно преку фирмата коцка ентериери. Не кошташе околу 5800 евра и мебелот се изработуваше по претходно утврден дизајн од проект од архитект. Ние си одбравме само бои. Мебелот е мешан, има и фарбан мат медијапан, фурниран медијапан и иверка.
    Е сега во оваа цена не ги вклучувам 2 плакари, креветот во спална, гарнитура во дневна и трпезариска маса и столици. Плакарите ми ги правеше акрон, а другото е купечки мебел.
    Едит:
    Инаку за проектот плативме 12 еур од квадрат, ама не беше само за внатрешен дизајн туку комплетно реновирање, менување електрична и водоводна инсталација, рушење итн.
     
    Последна измена: 5 септември 2024
    На zence и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    48.803
    Пол:
    Женски
    Фала многу
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.