Направив резервација за оваа маси за кафе во concept store Smart Living...моментално имаат продажба на одбрани производи
Бендисав маса и столови од Чавле мебел ама некако многу негативни коментари читам. Има и позитивни секако. А ептен ми се допаѓа масата поготово таква не сум видела на друго место. Не знам што да правам
Јас имам столови од Чавле можеби веќе 2-3 години и сум задоволна. Исто така кога ги нарачавме имаше некој попуст (како секогаш што има) им рековме не ни е за брзање, кажете ни само кога ќе ги донесите, да не испадне за 1 месец, а да чекаме 3. Ги нарачавме средина на Ноември и стигнаа точно како што беше до договорот, во Февруари. Едит: Читам коментари како им кажале за 45 дена дека ќе достават, но тие 45 дена се сметани работни дена само сигурно (без викенди и празници, затоа и ние чекавме толку, бидејќи фатија празниците тој период)
Колку би ме чинело исцртување на план за детска соба со максимално искористување на просторот за 9ипол м2 соба? Или доколку имате некој предлог за овие димензии на соба?
Мене ми треба за да ми испроектира детска соба, за да го искористам максимално просторот. Претпоставувам дека работат пример и само една соба. Постапката како иде: доаѓа архитект на лице место, па прави план за собата со цртеж? а они плус изработуваат мебел или не?
Аха, сите на овој принцип работат или само овие Коцка ентериери? Јас мислев само ми црта/проектира, а јас си одбирам која да ми го изработи мебелот. Имаш искуство со некои?
Коцка не знам дали проектираат, мене ми го изработија само мебелот по проект направен од архитект од друга фирма. Архитектот дојде кај нас на увид за мерки и според тоа ни изработи проект.
може контакт од архитектот во лична порака да ми пратиш и ако има нешто сајт да погледнам или приватно си работи. 12 е од квадрат за проектирањето?
12 евра од квадрат ми наплатија мене лани во ноември, сега не знам како е цената. Само мојот проект не беше само за мебел и ентериер туку комплетно реновирање со електрика, рушење, водовод, осветлување итн. Фирмата е потпишана архипростор на инстаграм, можеш да ги контактираш ќе ти дадат понуда според тоа што ќе го побараш.
Која боја да ја искомбинирам со бела за детска соба за две деца од кои на едното не се знае полот уште Мајсторот ми прати кои нијанси ги има, и не можам да се одлучам. Хелп ми https://www.real.mk/vario-iverka-mat/
Не знаев каде да го поставам прашањето. Кој период од годината е најдобар за ставање на надворешна термоизолација (стиропор 10цм)? Претпоставувам дека сега не се нафаќаат за правење поради ладни/влажни временски услови? Или нема врска тоа.
На претопло не бидејќи брзо ќе суши лепакот, а зимно време е ладно нема да исуши ич. Ова ми р кажано од човек што работи со тоа.