Нема везе, само некако висински и стилски да се усогласени Пример Таман ќе се направи убава композиција, а наједноставно е, ко ќе ти здосади сликата да ја замениш за нова.
Мој предлог изработка на отворени полици од помасивен материјал како 25мм дебелина или пак дуплекс 32/36мм тоа е како поедноставна и затоа поефтина варијанта или пак можеби "поскапа" и затоа повеќе "ексклузивна" изработка на винарија на пример, доколку ви треба изведувач контактирајте ме
Дали би одговарала вкава боја на драпери, на сива соба, сиво со розе, не ми одговара розе да земам сиво уште помалце не ми се свиѓаат сиви завеси /драпери Предлог, се мислам ваква боја нешто, ама дали ќе стои не знам?
Да ама мене ѕидот ми е розе а другите раб теписонот на сиво тера регалот исто, завесата исто бела сиво, драпери не знам која боја
Да, супер ќе стои, ќе освежи собата. Секако ако си за шаренило. Кај мене се такви драпери. Комбинацијата кај мене е розе, оваа минт боја и небесно сино. Јас сакам вакви бои и домот ми е во таква комбинација. Многумина сакаат едноставно, јас сакам повеќе шаренило
Немам веб сајт свој работам во фирма за производство на плочест мебел, ова во 3Д ги нацртав набрзинка за да се разбереме на какви елементи мислам полиците/винаријата https://imgur.com/a/i0tMiXz, а доколку на некого му е потребна изведба за било што можам да направам понуда за изработка од мене
Дали во бања попрво би ставиле када или би направиле ѕидано цокле. Јас лично секако сум за када (не дека нешто лежам, туку повеќе децава уживаат во када) ама сите ме предомислуваат дека цокле е попрактично за одржување....
Ај за одржување ама рачунај како минат годините се потешко е да се качиш и симниш у када Ја имам и када и цокле Цокле е подобро
Дали некој има спална налик овие? Ме интересира колку е безбедно во Скопје како релативно трусно подрачје да се монтираат плакарчиња над креветот? Знам дека добро се прицврстуваат, ама некако многу ми е шубе, сѐ мислам може да паднат, а имаме мала спална и ова е единствена опција за искористување на просторот, а да има место за складирање. Што мислите?
Да не стапи случајно во контакт со некои од нив? И мене ми треба за детска соба, па ги гледав Стела стил. Дали диаѓаат на лице место, проектираат па самини го изработуваат мебелот или?
Луѓе, еден поглед на комодичево. Што мислите би ја бивало за стабилност за еден телевизор да искрепи? Телевизорот не е тежок. https://akcija24.mk/Mebel-187/tv-komodi-223/tv-komoda-Garvin---Oak-White-16955.html Ми треба комода до 120 цм ширина, а и евтина да е