Прашања, совети и идеи во врска со нашите соби/домови

Дискусија во 'Дом' започната од Rubiii, 15 март 2012.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    А нели делува ко клатава?
    Имам таков впечаток или се лажам, не знам
    Да ги прашам нив, којзнае дали точно ќе ми кажат.
    Да, госпоѓо, се клати комодава, не ја купувајте. Аха
     
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.363
    Допаѓања:
    9.325
    Пол:
    Женски
    Види овде што нудат, пред некој ден бев во салонот на Орнато
    https://ornato.mk/

    Тие летвички како панели се интересни и некој друг ги препорача
     
    На Dignidad му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.363
    Допаѓања:
    9.325
    Пол:
    Женски
    Ние се решивме после 10 години користење када да замениме со цокле и една стаклена врата од ѕид до ѕид. Се спремаме да преправаме наскоро
    Кадата ја полневме само неколку пати, можам на една рака да избројам колку пати било тоа.
    И да, за децата беше полнета кога беа мали, ама тој ќеиф кратко траеше, сега се тинејџери и бараат убав туш и средено модерно купатило |(:D
    Единствено се помислив за перењето на рака..ама кога се преслушав сфатив дека исто многу ретко сум ја користела во смисла да ја наполнам со вода и да испреам нешто. Едно чергиче- стаза ја перев на почетокот, после и тоа го давав на сервис за теписи. Почнав да си ги штедам рацете низ годините, на рака веќе не сум луда да перам тешки големи парчиња, па да ги цедам на балкон. А за нешто што мора рачно и го собира во леген, не е битно дали е када или е кабина..
    И кога ќе видиш- за што ми е кадата? Стварно само да ја прескокнуваш и да ја чистиш и рибаш...за десет години е доста оштетена иако е пазена. Да не зборам за спојот помеѓу кадата и плочките што нон-стоп менувавме силикон зошто е храна за мувлата и потемнува и се рони (facepalm) Ужасно грдо и нехигиенски.
    Мислам дека кадата е полошо решение.
     
    На nadelinka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Би сакала да ги смениме само внатрешните врати (не правиме други реновирачки зафати), но сегашните каси се вкопани малку во паркетот па ќе има дупки кои ќе треба да се пополнат пред да се стават новите врати.
    Паркетар се нафати да ги пополни празнините со парчиња ист паркет, ама сѐ си мислам дека после сигурно ќе биде расклатен на тие места и ќе си отворам нов проблем, а добар е паркетот за да би го стругале и стегале цел (среден е пред 5год.).
    Што мислите? Има ли некоја алтернатива?
     
  5. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    630
    Благодарам. Се одлучивмме за цокле :)
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.494
    Допаѓања:
    180.516
    Има
    Не вадите касите него да се пресечат
     
    На Трепетлика му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Така и јас мислев, вака аматерски ми имаше логика да може да се направи ама на две места од кај што би зеле врати не се нафатија на таков зафат, ги вадат само цели (претпоставувам не сакаат да е замараат толку зашто тоа би барало попрецизна работа отколку да се откорнат само).

    Да не знаете некој кој демонтира и би се нафатил да ги пресече? 6 врати се во прашање.
     
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.494
    Допаѓања:
    180.516
    Не незнам
    Пронајте сами да ги пресечете
     
  9. IwyMe

    IwyMe Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2023
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Ми треба помош која боја на маса би одговарала најмногу во ходник каде вратата и таванот се темно кафеава а подот е даб боја? IMG_8040.jpeg
     
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.419
    Допаѓања:
    12.452
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е за овде, ако треба нека се премести прашањето. Одма до нашиот ѕид на куќата од едниот дел комшијата има ставано камења. Од нив ни фасадата не е доправена од претходниот газда. И сега ме занима дали смее така да се лепени одма, ај што е грдо како прво, тоа не ме ни занима во нивен двор ама ме нервира што фасадата не можеме да си ја направеме плус влага ќе ми направи на долниот спрат. Има ли некое решение, или со стока нема разбирачка.
     
  11. Девојка999

    Девојка999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2018
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    500
    Пол:
    Женски
    Ќе ве замолам за совет од некој што го имал истиов проблем дома: куќа на еден спрат со поткровје, нема бетонска плоча помеѓу спратот и поткровјето, туку дрво/трска. Плафонот почнува да пука, се појавуваат линии/пукнатини заради немањето плоча.
    Како долгорочно да се реши проблемот? Спуштен плафон мислам не е опција бидејќи во сите соби веќе има високо монтирани клими. Ако имате и број од луѓе што се занимаваат со оваа проблематика би Ви била благодарна да споделите.
     
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.419
    Допаѓања:
    12.452
    Пол:
    Женски
    Не најдов тема за ова па тука да прашам. Денес бевме да разгледуваме маса и столови за надвор. Јас бендисав дрвени. Ме интересира колку се отпорни, секако се на тераса, нема да ги фаќа дожд, ама јас често по метење мијам двор па ме интересира дали за брзо време можат да се расипат?
    Моментално имаме метални, со стаклена маса, тие мака немаат ама сакав нешто вакво, па на мисла ми е, немој за година, две да станат неупотребливи.
     
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.870
    Допаѓања:
    18.732
    Пол:
    Женски
    Мене оние пластични, нешто како плетени ми се допаѓаат, а нема да имаш мака од вода.
    Дрвените крцкаат по некое време, ако мислиме на истите.
    Од сонце секако треба да ги тргаш за да не се оштетат, односно да не побелат.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.419
    Допаѓања:
    12.452
    Пол:
    Женски
    Знам за кои мислиш плетени, добри се и тие, мене некако дрвени и бамбусови ме влече повеќе, знам дека не може да бидат многу издржливи. На тераса покриени ќе се од сонце ама сепак.. Ќе размислам ден, два па ќе видам што ќе одлучам.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.016
    Допаѓања:
    4.825
    Не те разбрав дали се на покриено или не. За на отворено скроз не знам. Јас имав на тераса во зграда дрвена маса и дрвена клупа/сандук, од икеа ако ти излегле. Не пречесто ама сум миела тераса со вода. Исто не пречесто ама на силни дождови, град, снег, ми фаќало доста вода на тераса и ништо не им е, скоро 10 год се. Зависи од обработката и самото дрво претпоставувам.
     
  16. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.419
    Допаѓања:
    12.452
    Пол:
    Женски
    На покриена тераса се, скоро сонце и да не ги пече. Денес земавме, се одлучив :$
     
  17. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    6.726
    Пол:
    Женски
    Дали знаете каде можам да најдам ваква или слична полица?
    Оваа на сликата е од Велеа Хоум, на акција е 1300 денари димензии 190/21,5/4 см., тежина 8кг.
    Се јавив да ја нарачам НООО ЗА ДОСТАВА ТРЕБА ДА ДОПЛАТАМ НЕВЕРОЈАТНИ 650 ДЕНАРИ, за даскава да ми ја донесат до дома... r u fckn kidding me?! Тотален неприсвест. (facepalm) :shake:

    Така да ве молам доколку сте виделе негде нешто слично, или па ако знаете некаде каде што сечат парчиња во димензија што одговара (само да не биде изгор скапо) ве молам за препорака.

    PÓŁKA WISZĄCA_1681905805.jpg
     
  18. Giinna

    Giinna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    4.297
    Пол:
    Женски
    Од ск си? Велеа отворија салон кај бриколаж