Фала Во станот ќе живее наш родител, сам. Сеуште работи (не е пензионер), па пола од денот ќе биде надвор од станот. Сакам да кажам дека работите во станот минимално ќе бидат користени.. Е сега се залетува да порача од некои Х страници (за мене непознати), а Велеа ми е позната.. па се убедуваме кога зимаме поефтино, бар од таму да е И кујничките ми се ептен слатки. Сега за сега финансиски толку можеме, па здравје понатаму ќе замениме за поквалитетно. Брзо ли стигнуваат од Велеа и дали имаат и монтажа на сите работи?
Е и тука се малку така... како да речам - не баш добро организирани. Доставуваат до пред зграда/порта. Ако сакаш да ти достават до горе се плаќа плус, ако сакаш да ти монитраат и тоа се доплаќа. Дел од порачките стигнаа за 3 денаа, дел ги чекавме подолго. Ние сами довлечкавме сѐ, сами монтиравме, изводливо е ако имаш време. Ова беше нашето искуство пред година ипол/две.
@mariz велеа за парите се супер. Имам полици од таму, тепих за во детска. Тепихот еве веќе 3 години не е мрднат, а сирот утепан е. Моите имаат земено трепезариски столици, преефтини беа и сосема солидни се. Прво им имаа пратено исчукани, мајка ми ги рекламираше и затоа што во моментот немаа исти за замена без проблем вратија пари. Акција.мк исто проверете доста солидни се. Брат ми за во купатило зема шкаф за алишта, не е мрднат. Јас имам земено фиокар со онакви пластични фиоки за играчки на детево, и тој е утепан колку е товарен, исто не.е мрднат. Полици за книги исто од акција.мк имам земено и супер се.
Не знам каде да го поставам прашањево, можеби е најдобро тука. Треба да менувам прозори дома, па ми треба човек што ќе ја заврши добро работата и што нема да биде изгор скап. Имате ли искуство со некој да ми препорачате, да дојде да земе мерки и да ми даде понуда? Исто и за паркетар, доколку имате контакт од некој солиден да ми дадете. Благодарам однапред.
Земи си трокал трослојни У станот имам 9 год у куќата 2 години Абе едно штелување немааат направено Пиши ми порака да ти пратам број од човекот
Здраво Ми треба совет. Си купив стан во Скопје, претходно живеев во Гостивар. Имам нов француски лежај 180x 200 и нова машина за садови. Сакам да си ги пренесам во Скопје. Да ми предложите лице кое би можњло да го одмонтира лежајот и зааедно со машината да ги донесе до Скопје. Исто ќе ми треба и монтер за лежајот. Фала ви
Дали некој од вас има до поликолор белено дома? Ме интересира дали лесно оди и дали во продавница ми ја прават бојата што ја сакам? Врати имам фарбано ама ѕид не. Дали постапката треба да се повтори откако еднаш ќе поминам. Не ми се валкани ѕидовите, бели се само сакам сега во боја, по можност сама да се обидам да избелам. Најверојатно со ваљак е најлесно нели, не со четка. Има ли некој искуство?
Јас во моментов сум во процес на фарбање ѕидови, не е ништо комплицирано, купи си поликолор во боја, ќе ти дадат да си избереш нијанса, цената исто да знаеш зависи од бојата која што ќе ја избереш. Прво со четка ќе поминиш по краевите/ ќошови агли се што имаш а после со ваљак. Ако е рапав ѕидот земи од тие бушавите за да може подобро да навлезе во дупчињата а ако е мазен со помало влакно ќе земеш. Според мене нема потреба да поминуваш по втор пат, сепак зависи ќе си видиш како ти изгледа. Само убав ред за фатиш кога мачкаш да не шлакаш на сите страни. Јас имам прашање да ми предложите бела округла клуб маса со дрво боја ногарки. Добарав секаде и како што барам излегуваат уште толку страни ама ништо од тоа што барам. Имаше мислам во вардар мебел ама 20.000 за клуб маса искрено не би дала и да ги имам тие пари. Ако знаете ве молам да ми пратите
Во Jysk сум видела https://jysk.mk/public/ck/gc/0f2ad8c2-00de-11eb-a9f4-02004c4f4f50/prd?scrlPrdId=3650100
Здраво, и јас планирам есенва да бојам соба. Од каде нарачуваше боја и отприлика колку пари е по квадрат?
Боја купив од локални продавници каде што се продаваат градежни материјали. На Бекамент поликолорот од 5 литри е околу 500 денари канта за 33м2 два пати да поминиш. Сметам за една соба би било доволно а не ни поминувам јас два пати дека нема потреба. Нијанса отпосле ти мешаат и тоа се доплаќа зависно од бојата, од прилика 200-300 денари плус.
Значи колку скапо ми земаат мајсторите. Според цената што кажуваш повеќе од 1000 ден не ми треба за материјал, а 100 евра ќе ме чини работна рака Пред 2 години кога белевме секаде знам дека многу платив за цела куќа ама вака кога размислам кога за малку ми треба изгор цените.