1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашања, совети и идеи во врска со нашите соби/домови

Дискусија во 'Дом' започната од Rubiii, 15 март 2012.

  1. Sparklistik

    Sparklistik Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5

    Има во Виварта (кај трите убавици) многу убави плочки со дизајни и без, со текстури и без, во различни бои и димензии...
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Женчиња кај да барам флекери или прекривачи само за седечкиот дел на гарнитура?
    Значи барам нешто слично на тенки черги (значи сакам така подебелки немора стрикно чергасти да се) но по можност да имаат и ластици по рабовите, зошто ми требаат за еко-кожа гарнитура па пошто е мазен скајот што и да постелам лесно се лизга.
    Ластициве ми се голема желба, ако не најдам такви спремни да купам планирам на тие што ќе ги купам, да ги земам во малку поголема димензија и сама да си зашијам широк ластик.
    Што разгледував по нет слики најчесто се кремкасти или бели, јас имам замисла да најдам темно кафени па дали има поише нијанси и кои ми е следно прашање?
    И да, како се движат со цени ми треба комплет за тросед, двосед и фотеља?
     
  3. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    ^^Во Стружанка.
    Има такви како черги,само немаат ластици и имаат секакви бои.Цена околу 2000 најмногу,преку сила.
    Јас имам такви и не е дека не се лизгаат,но вршат работа,не седиш на кожа,а и ја заштитуваат.А и многу лесни се за одржување,се перат во машина.
    За оние со ластици ,за покривање на цела гарнитура,имам гледано многу одамна,но ич не ми се допаднаа,некако многу старински ми изгледаа.
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Има интересни прекривачи во feydom, ама не се со ластици, погледни ги

    Туку ве молам кажете фирма или мајстор за изработка за вградени плакари. Ако некој правел, па бил задоволен да ми препорача. Прашавме во акрон и некако многу скапо :o
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Девојки, сакаме да купиме бамбусова гарнитура за на балкон. Гледав тековна понуда во Меркур што мислам дека и не е лоша цена но ме интересира дали знаете колку се движат на други места овие гарнитури? Одамна не сум гледала и мислев дека се доста поскапи. Совет?

    [​IMG]
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340

    За тие пари е евтино инаку цените им се движат од 11-12 000ден па нагоре. Инаку најевтини се во Икеа во Грција ама транспорт...
     
  7. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Со дечко ми ја реновиравме дневната соба и сега целата ни е во црно-бела комбинација,па дури и ламинатот :tmi: , но секако комбинацијава на бои беше негов избор, јас требаше само каков вид на мебел сакам да изберам.И сега некако премногу ми е монотона,досадна и ладна собава па сакам да ставам некои додатоци во црвена боја но незнам што а да не биде кич, па затоа сите ваши предлози се добредојдени.
    Само да подобјаснам...
    гарнитурата е целата црна од еко кожа со бели перничиња и на неа од оние чергине црно-бели,клуб масичката и комодата се скроз црни и на прозорот имаме од оние ресите исто црно-бели и да не заборавм тапет црно бел на ѕидот кај што стои комодата со телевизорот..
     
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Две црвени перничиња, црвена вазна, слика со црвен рам, табуретки од еко кожа во црвена боја, некој ќилим, ноќна лампа и сл.
    [​IMG]
     
    На BurstBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.893
    Допаѓања:
    123.067
    Ми требаат тапети на лила,за во дневна.Нема да ставам на цел ѕид,само мал ден околу комодата.Сите ме разубедуваат да не ставам тапети тешко се ваделе :(
    Совет од тие што користеле и каде се продаваат и колку им оди цената?
     
  10. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Во Бриколаж јас гледав тапети, цената им се движеше околу 1300-1400 ден...ние дома имаме пвц и може и со крпа влажна да си го бришеш, мислам дека е ептен практичен и плус о дава поубав изглед на собата. :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    и нашава дневна е црно-бела плус малку сиво и црвено, комбинацијава е полн погодок.
    И црвени детали никако не би биле кич :) :)
     
    На BurstBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Јас ги купив од Битпазар од таа продавницата што држи завеси се наоѓа кога се иде накај пластичарите ама тие дуќани мислам дека сега изгореа ама мислам дека тој се спасил. Ги купив 2700ден. и многу сум задоволна и јас ги купив за гарнитура од еко кожа. Иначе имаат две лица.
     
  13. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Има на повеќе места Бриколаж, Home decoration во Зебра, H&S позади унивезална сала, а за одлепување, потешко оди. Јас кога ги одлепуав со се ѕид излегоа, треба и со вода да ги натопуваш за да нема хартиени остатоци.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште не сум се отселила, се пролонгираа работите..
    Сепак, уредувањето продолжува, само што не решив како да ги нашминкам плочките горни кои се во кујната со самиот стан...
    Дали фолија, дали стакло...
    Од подот во кујната ќе ги извадам и заменам со исти како во ходникот, ама горниве незнам ...

    Srekicka, што направи со кујната? Прашуваше за стакло ако не се лажам...
     
  15. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Не ставивме стакло затоа што било потешко за одржување, плочки имаме, ама и од нив не сум задоволна, па сега ќе ставаме едни како табли, плекслиглас мислам се викаа. Стаклото и плочките не се практични затоа што прска и од чешмата и мрсно од шпоретот, па треба да си цело време со крпа во рака, па тоа мрсното кога ќе се замачка, страшно е. А на плекслигласот ништо не се познава и најбитно многу брзо се чисти, само со влажна крпа се пребришува и крај. Еве како изгледа, го има во разни бои, се лепи и врз плочки и на ѕид.

    [​IMG]
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tea-nova

    tea-nova Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    Ако може некој совет.Имам дневна кујна и трпезарија поврзани заедно.Кујната е црвена боја а гарнитурата е крем од еко кожа (и прекривки со ластик крем хахах).е сега помагајте каква боја да одберам комода за во дневна,какви завеси,теписи трпезариска маса и столици?немам никаква идеја!!!!
     
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
    па крем и црвена боја супер комбинација.нешто црно би се вклопило во оваа комбинација ;)
     
  18. tea-nova

    tea-nova Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    Јас пак си мислев дека трета боја за комбинација е веќе премногу,ама може да се размисли за предлогот
     
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
    размисли,а може и да да не биде само црно нека биде во две бои ,со нешто крем боја како две во едно ;)
     
  20. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Хелп, имаме црни плочки во кујна на ѕид и не можамд а ги гледам, а кујната ни е прилично нова и не сакам да ја отштрафувам и тргам и сл. Дали има можност без да се тргнат тие плочки врз нив да залепам нови?