1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашања, совети и идеи во врска со нашите соби/домови

Дискусија во 'Дом' започната од Rubiii, 15 март 2012.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340

    Можеш врз нив да залепиш нови, можеш да залепиш и плексиглас во боја која сакаш, имаш стакло во боја кое е за таа намена, имаш керок (некој вид на вештачки гранит е) а има и специјални алуминиумски фолии кои може да се залепат но бараат ептен рамна површина.
    Ако лепиш плочка на плочка барај од тој појак лепак кој е за таа намена
     
    На Vetruska му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Morti27

    Morti27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    11
    Ќе може некоја феминка да ми каже ако знае каде можам да најдам од оние стикери за на ѕид, нешто на кафено ? Инаку од Скопје сум.
    Фала однапред. :)
     
  3. EleonoraLovato

    EleonoraLovato Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    676
    од оние за организирање на шминки каде можам да најдам освен во џамбо, и цена ако знаете?
    не е битно дали се пластични или метални :)
     
  4. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    266
    ми треба помош :$
    треба да го уредам станот а се думам дали да купувам или да правам по нарачка. значи ми треба гарнитура , тв комода и масичка. секој совет е добредојден :D од бои до материјали и сл. :lol: лесно одржливи и практични :!: за во спална имаме в граден плакар од станот малку е стар ама засега ќе помини таков само лежај ќе си купам а на плакарот ќе залепам нешто.
     
  5. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    2.358
    Дали некоја од вас има во кујна бели плочки, зидни и подни и како е задоволна? Лесни ли се за одржување?
     
  6. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    266
    ние дома (кај мајка ми) имаме плочки секаде :D во кујната ни се црни во дневната и салонот крем. значи црните се ужас за одржување се се познава на нив :D а кремовите се перфект само пребриши со моп или со крпа и готово е. користиме средство за плочки. би ти препорачала колку посветли толку поубаво :D
     
  7. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    2.358
    Што мислите за абривот (минерален и пластичен)? Дали е штетен?
     
  8. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    5.885
    за плакарот можете само ва ги обоите вратите да видите каква свежина ќе се почувствува..би било убаво за гарнитура да си изберете доколку има готова-и да е практича(сакам да кажам и да се пушта да може да се спие на неа+) доколку не ви се допаднат по порачка... колку посветли бои поубаво (ПРИМЕР : кремава боја со бело или златно со некој детал драч или потемна боја..пр.портокалова,кафеава не ептен темна на црно,сина,црвена)
     
  9. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    266
    јас сеуште немам ништо купено :doh: ништо не ме бендисува. тука во пп ништо нема :doh: барам гарнитурата да може да се разместува значи да не биде со жлебови туку како 2 посебни делови и плус коцка - таа што го ствара аголот. да можам да си ги разместувам по дома. ако знае некој каде има ваква нека кажува :)
     
  10. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    И јас би сакала таква, се распрашував, но веќе не изработувале такви. Имаш „лева“ и „десна“ гарнитура и тоа е тоа. Немаш многу опции потоа, за жал.

    Ни мене не ми се допаѓаат овие нови модернистички гарнитури. За големи простории можеби се ОК, но за помали простори воопшто не се функционални. Делот за седење им е сведен на минимум, страниците (за потпирање со рака) им се по скоро 50 cm |( , а потпирачот за грб, најчесто го нема на додадениот дел, што воопшто не ми се допаѓа.
     
  11. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    266
    а што мислите за да изработам таква кај мајстор? татко ми вика поубаво купена тие праените ќе се искршат одма... бла бла |( а јас сакав ваква да се разместува. за да ми одговара секако. утре ќе треба креветче да ставам во соба :D
     
  12. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Јас ја избрав од FEYDOM gemini m, сива боја. Некако малецка и практична ми се виде, нема странични потпирачи. Не го оптеретува просторот воопшто, зошто и кај мене се работи за мал простор. Е сега мене не ми треба да се пушта за спиење, ама сепак има и варијанта да се сврти едниот дел, за инцидентна потреба (за гости на преспивање). Иста должина е од двете страна значи нема лево десно. За квалитет се распрашував по луѓе, добрив поделени мислења нормално нели. Ама на крај пак се одлучивме за неа зошто и симпатична ми беше, ама и цената ми беше скроз прифатлива ;) во моментов пресуден критериум (така е кога опремуваш цел стан).
     
  13. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    266
    irena точно ваква барам :inlove: може подетални информации за цената?
     
  14. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Ти пишав порака, почитај ја
    јас ја платив 27 900, ама тоа беше на саемот за мебел.
     
  15. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Ми требаат плочки за во бања. Дали знаете како се движат цените на плочките во Прилеп или пак во градовите околу него?
     
  16. aaleksaandraa

    aaleksaandraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    34
    Во домот каде што ќе се вселиме, ѕидните плочки во кујната се стари и не се лепени онака како што се лепат сега со крвчиња измеѓу нив (една бега по налево, друга нагоре,не се рамномерни).Сега немаме доволно финансии да ги менуваме горните (долните се во добра состојба), па ме интересира дали би изгледало убаво да нарачам од овие лепенкиве што се и да налепам по должината одприлика 2м ?

    http://www.aliexpress.com/item/Dandelio ... 68182.html
     
  17. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Александра јас да сум на твое место би ги сменила, не би лепела лепенки. Ќе скратам на кујната, не на нејзин квалитет, туку ќе биде некоја по едноставна варијанта, но ќе ги сменам плочките. Прво ќе ставам плочки до висина на горните елементи, па нема да ме кошта претерано. Лепенките незнаеш со кој квалитет се, во кујната ќе готвиш, ќе има пареа, што ако почнат да се одлепуваат, па грдо да биде. Па после од ново растурај се, вади кујна, лепи плочки.
    Јас кога уредував поискусни ме учеа да не штедам на базичните, на основните работи, затоа што тоа дупло ќе те кошта покасно. Туку кратиш односно заштедуваш на некои секундарни работи.
     
  18. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    126.445
    Девојки ајде совет,мислење.Дневната соба е уредена во сиво-лилава-бела комбинација.
    е сега завесата сакам да биди во некоја друга боја да разбија малку монотонија.Што мислите дали 4та боја би била премногу шаренило?????
    Сакав да вметнам ваква тиркизна како на сликата мислам дека убаво би одговарало со лилаво.Совет??????
     

    Прикачени фајлови:

  19. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
    Дали знаете каде има ефтини телевизори (мали 32") не е битна марка ???
     
  20. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    5.107
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање и се надевам дека некој ќе ми помогне :)
    Сакам да си ги офарбам завесите, ама не знам како, дали има некој што досега ги фарбал или знае некое место каде што може да ми ги офарбаат?
    Ако имате некакво искуство или некоја идеа споделете ќе ми биде од помош :$