Кујната. дневната и трпезаријата ми имаат само три бои: Темно кафеава, крем и златна. Сакам да ја сменам монотонијата и да внесам некоја друга боја ама немам идеја која? Некако ни една не ми одговара. Совет?
сакам малку да ја прошарам мојата соба, ѕидовите се јака црвена, значи сите 4ри среќа плафонот што не е
Mojot stan place za preureduvanje od koren i ke se sluci toa skoro,a jas so 10000 idei i na kraj haos vo glavata.zatoa sakam da prasam koe e vaseto mislenje za tus kabina ili kada vo kupatilo?i kakvi plocki bi preporacale za malo kupatilo,osobeno me interesira za podni plocki,nesto sto lesno ke se odrzuva i nema da se poznava se po niv.znaete li vo skopjevo kade ima ubava sanitarija na prifatlivi ceni?vo golema dilema sum,cel stan e za preureduvanje i imam mnogu idei i na kraj za nisto konkretno ne mozam da se odlucam.koi tonovi bi gi izbrale ( mebel,zidovi...) za ne mnogu osvetleni prostorii.stanot e so severna mestopolozba i ne e dovolno osvetlen ,pa sakam nesto sto nema da go pravi tmuren i laden. sekoja ideja bi mi bila dobredojdena, blagodaram.
И моево станче плаче липта за уреџивање, и ќе го викнам тимот на “Ајде дома“ па шо му праи, нека му праи... ќе го налицкаат ако ништо друго!
Друштво, да ве прашам за совет. Дневната ми е цела во сива и виолетова боја (мебелот), ѕидовите бели. Треба масичка мала да порачам. Каква нијанса да биде масичката, а да не е сива или виолетова? Благодарам!
Mmmm, mnogu mi se dopaga izborot na boi sto go imas napraveno. Definitino bela masicka ke ti odgovara. Alternativno moze da razmislis dokolku podot e kafeav, da odberes i kafeava masicka. Dokolku si vo totalno dilema, moze i staklena prozirna masicka da odberes, taka ke bides sigurna deka nema utka. Mmm, kolku ubava dnevna soba imas.
Сакам во дневната соба да го сменам мебелот. Овој мебел ми сесвиѓа, мсм дека убаво ќе изгледа кога ќе се постави. Вие што мислите? И на овој мебел каква боја на ѕидови би одговарала? Поздрав и благодарам однапред.
Здраво на сите... Сакам да прашам за мислење....значи во дневната соба ѕидовите се нешто како праскова боја со бело 2 со 2 ... Петоседот ми е крем со темно кафено.. Сакам да купам комода за тв сигурно би била крем со т.кафено или бело... Завесите се бели... Сакам да ставам детали украси нешто перничиња ,свеќи, слики на ѕид , и други завеси во боја.Сега се двоумам меѓу портокалови или црвени детали .. Што мислите вие која повеќе ќе одговара со крем и т.кафена ... Благодарам однапред позз еве и слика од петоседот
Според мене, би можела да мешаш и црвени и портокалови украси. Тие две бои ми се сосема складни и си одговараат. Но ако сакаш да се одлучиш само за една од овие две бои - гласам за портокалово. И би ти предложила во украсите да смешаш уште некоја боја, за да не биде многу неутрално и монотоно. Би можела да вметнеш и зелено или жолто/окер според мене. Да се разигра просторот и да се освежи.
Дечки во станот мој, кај што ќе живеам наскоро, се договорив со татко ми го уредуваме по мој вкус. Дневната е темно кафеава со крем и некои други нијанси на кафеаво. Е сега сакам да прашам, дали би одговарало видов интересни табуретки околу масичката да ставам во бордо боја и слика на ѕидот кафеаво со бордо? Или да си се задржам на кафеаво-крем, ама не сакам да биде монотоно. Планирам и на креветот, ако бидне ова со бордо табуретките и сликата да му купам неколку бордо перничиња и некои укравчиња такви низ собата, колку да се нагласи бојата. Тој веќе има од тие големите перници, ама јас сакам да прошарам малце низ нив, да не ми е монотоно. Па, што велите девојки?
Ништо @Li..Na, нема на што. Не сум експерт, ама тоа е мое мислење. @YoungandBeautiful, погледни го моето мислење што е над твоето, истото би ти го препорачала.
Женски не најдов посоодветна тема, па да Ви побарам совет за вид на цвеќе што цвета со цвет за дома на прозор, по можност повеќе месеци да си цвета и лесно за одржување, малечко не големо да расте, како за на масичка на пр. Фалааа