Знаете ли каде во Македонија можам да најдам старски јорган да купам, значи од оние полнетите и тешки што се.. или кај може да порачам да ми направат?! Слушнав низ скопска чаршија имАло, дали некој има било каква информација?
Женски, нема соодветна тема за сликички и идеи само, пример само за дневни, а една што има е заклучена Затоа @theowndemon тука те цитирам, да не ни речат дека офтопичариме во ФМЌ. Еве уште неколку идеи, плус ти праќам floor plan најсличен до тој што го одбравме Floor plan 1 Floor plan 2 Овој ми е омилен, со минимални измени Врз гаражата би направила тераса, а меѓу шанкот и дневната би бил отворен простор. Дури и би променила нешто во смисла трпезаријата да дојде према дневната, а кујната да си дојде до надворешниот ѕид. Floor plan 3 Инаку надворешниот изглед воопшто не ми се допаѓа, би го заменила со некој модерен изглед, или пак со камења. А би уредила во ваков стил
Сликата внатре од вториот линк не ми се допаѓа, но од надвор ми е симпатично. Првиот линк ми се допаѓа и внатре и надвор, малечно, ама добро искористен простор. Третата пак, е преголема за мој вкус, ама леле ова првата. Прекрасна е. @CameliaMiller
Па не се до толку големи, последната што ми е омилена е 135 м2 корисен простор Под услов да родам две деца, таман е, 3 спални има само Ако родам трето дете, планот е јас и дм во дневна да спиеме Инаку по м2 од првиот линк е поголема од третиот линк
Посимпатичена ми е првата, често не сакам куќи кои се на повеќе спрата туку кога се е тука мегде, или пак како што пишав во катчето, внатрешни скали кои би оделе кон внатрешна тераса која би служела како спална, можеби и затоа ми изгледа големо зошто преферирам ниски куќи. @CameliaMiller
И затоа што има гаража за разлика од таа од првиот линк, и тоа гаража за две возила тоа е околу 40-50 м2 само. И јас во суштина повеќе сакам едноспратни куќи, но бидејќи немавме пари да купиме 1500 м2 плац, купивме од 650, и мораме да се стесниме Дворот ми е пребитен, па ако направам 150м2 куќа, плус 50м2 гаража, а мораш напред да оставиш простор - пред куќа, мораш од страни да оставиш.. Ќе останам со дворЧе
Темава одамна не е активна, но можеби ќе се најди некој да прочита и да даде совет Ми треба мислење...за во дневна...кафена гарнитура со каква боја на масичка и комода за ТВ да комбинирам? Со бело, крем...? Да напоменам и дека сакам да има портокалови детали во собата...на пр перници, некој украс...
Зависи колку е темна гарнитурата, но би можела нешто овака дс искомбинираш што се однесува на комодата. За масичката јас би сепак или крем или стаклена за да не го затвори премногу просторот. Портокаловите перници се убави детали кои би ја живнале собата.
Ти благодарам многу. Оваа е гарнитурата, има и други бои, но само оваа боја ми фати око. Ќе видам пак да не има убава капучино боја, тогаш би ми било полесно...или пак бела да барам... Сега се обидувам да направам некоја слика во глава, некоја комбинација со оваа гарнитура...во секој случај да има портокалово Благодарам уште еднаш на предлогот
Ако сеуште не ти е земена, јас повеќе сум за крем гарнитура или некоја така посевтла боја. Не би сепак ни бела пошто нешто ако се озвалка ќе се познава многу.
Bi sakala da prasam dali e vozmozno da se najdat plocki koi izgledaat kako mermer no liniite sto se niz niv da se vklopuvaat so ostanatite plocki ( da izgledaat povrzno)?
Ако има некој кој се разбира од внатрешно уредување, би Го замолила да ме тагира,имам некоја идеа за уредување трпезарија во стан,ама не сум сигурна дали идеата ми е ОК. Би ставила скица од станот со идеа.
Ми треба совет, мислење... петоседот е овој и бојата е таа, со што бои да комбинирам остатокот од собата?
Каде освен во јуск и мосс можам да најдам кутија за чај? Ваква http://jysk.mk/mk/shop/arredim/dekor/декорации/кутија-за-чај-12х30х7cm-каспер/ И каде би се вклопила, дали да ја ставам на шанк како декор? Многу ми се свиѓа идејава ама не знам како да ја вклопам
Здраво, имаше една страна српска/хрватска каде имаше мноогу идеи за соби и цели куќи со планови и димензии аама воопшто не ми текнува како бесе страната. Дали можеби знаете?
Здраво женски. незнам дали е за тука прашањето но ке ме пренасочите во секој случај. Дома преуредуваме во vintage стил, сакам малку топлина нд дадам на еден дел од домот во тој стил. Е сега имаме една стара комода што не ми се фрла, бараме мајстор кој што работи со фарбање на стар мебел и би ја уредил, фарбал во крем боја. Дали сте запознати со таква изработка на стар мебел и некој што работи со ѕоа, да ме насочите, Еве ја комодата во сегашната состојба каква што е.