1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашањето: Како си?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Hellobeautiful, 2 јули 2018.

  1. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    20.890
    Пол:
    Женски
    Дали имате луѓе во животот кои редовно издвојуваат време од својот ден да ве прашаат како сте, што чувствувате. Без разлика дали станува збор за родител, другар/ка, партнер, баба, дедо итн. Поготово во моменти каде што вие се чувствувате тотално уништени, немате волја за никого и ништо а луѓето околу вас се сведоци за тоа.

    Лично мене, не ми е срам да пукнам пред друг, не ми е срам солза да пуштам бидејќи некогаш не можам да исконтролирам тоа што го чувствувам, некогаш знам и болни работи поврзани со себе да кажам а од друга страна добивам само тажен поглед и прегратка за утеха. И толку, следниот ден како ништо да не се случило, не добивам ниедно: Како си денес? Дали овие луѓе сочувствуваат со нас само кога пред нив на момент ќе ни се покаже слабата страна? Или дали воопшто не сочувствуваат туку само не жалат во тие 5 минути?

    Дали вие се интересирате за чувствата на вашите блиски и дали вие настојувате истите да ви се исповедаат доколку приметите дека се во лоша психичка состојба?
     
    Последна измена: 2 јули 2018
    На senjorita-v, Ivan4e04, WildMk и 14 други им се допаѓа ова.
  2. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.572
    Пол:
    Женски
    Со тек на време за жал исчезнуваат луѓето кои сакаа да ве сослушаат ,а и да ги сослушате.Жално но вистинито.
    Станавме луге кои тугите проблеми не ни се баш важни или само од учтивост сослушуваме.
    Јас имам многу трагични дешавки кои ми го срамнија животот со земја(ги изгувив и татко ми и мајка ми многу рано),но ми требаше мн време да застанам на нозе и да се оправам и физички и психички.Сите пријатели мн брзо ги снемуваше ,а и роднини.Така да се борев низ животов сама постојано.Единствена личност која остана да ме прашува како сум (освен мм ,кој ми беше мислам како дар од бога)е мојата малку постара сестра со која секојдневно мора да се слушнам на тел и да се прашаме како сме.
    Само ете животот е суров и склоп на околности мораше да замине др држава,па ни остаанаа тел разговори и дури два пати год да се видиме.
    Многу е жално што трчајкипо кариера,пари и др задоволства се гази се околу себе не мислејки на чувствата на другиот.
    Искрено мн добра тема за да се размисли до кој степен дошол народов карактерно.
     
    На Ivan4e04, WildMk, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  3. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    72.671
    Ова е едно од најскапоцените прашања.
    Не чини ништо, а има многу голема вредност во очите на оној што се чувствува лошо

    Ја имам таа среќа да имам таква личност во животот, личност на која секогаш можам да ги кажам сите нервози, проблеми, тајни, и притоа да добијам поддршка, совет, и тоа како си денот потоа... Верувам дека е искрено, иако многу причини и личности од претходно ми го покажале спротивното

    Бидејќи сум екстремно емотивна личност, секогаш кога ќе сетам дека некој што го сакам се осеќа лошо, инсистирам да ми каже што го мачи, дури знам и да се налутам доколку одбегнува или не сака да ми каже.
    И секогаш се трудам да помогнам, без разлика колку сум немоќна во тие моменти, бидејќи понекогаш зборовите вредат повеќе од сите пари на светов
     
    На senjorita-v, Ivan4e04, ♡BuBaLe♡ и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Атриом

    Атриом Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2018
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Не сме ни самите свесни колку е потребно некогаш на човек само да му го поставиш тоа подзаборавено прашање кај нас...како си?...не сме ни свесни колку тежина и моќ има самото прашање и колку може човек да се осети битен и среќен у моментот! Јас сум човек шо знае да се јави да праша и да даде мн љубов, а некад сум чувствувал многу потреба од тоа да некој ме праша како си?:)
     
    На Ivan4e04, WildMk, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.791
    Допаѓања:
    157.202
    Пол:
    Женски
    Јас па ќе пишев многу луѓе прашват „како си?“ од навика, ние одговараме „арно, еве“, исто, од навика. Не го гледам баш како заборавено прашање, напротив. Ретко кој прашва како си, а вистина да го интересира. Ова е од оние работи каде пробваме да бидиме прекултурни и мора да се интересираме вештачки, и да одговараме лажно за нашите чувства. Према мене мора секогаш да се прашва човек како е најискрено.

    Сепак, едно „како си?“ од личност која ми е важна ми значи многу, исто и пробвам да прашам како се луѓето околу мене зошто ме интересира благосостојбата на луѓето околу мене. Сакам да знам ако не се добро и како би можела да поможам. Ова е особено важно да се праша како при воведното мислење, ако некој близок знае дека си повреден, би ја покажало неговата/ нејзината (не)грижа со прашањето „како си?“, „дали ти треба нешто.?“, „сакаш да збораме?“.
     
    На senjorita-v, Ivan4e04, КикиМаус и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    53.574
    Пол:
    Женски
    Колку само вредно е ова прашање. Луѓето како да заборавиле на неговата вредност. Или воопшто не прашуваат и не ги интересира или онака ради реда ќе прашаат и тоа не очекуваат да им се отвориш. Секоја чест на исклучоци.

    Мене лично апсолутно никој не ме прашува освен дечко ми. Пред да бидеме заедно ако ми било нешто лошо само ќе ми речеа: „Што ти е?“ онака чудно и ако кажев добивав одговор: „Е добро де сите имаат проблеми, не мора да се жалиш.“ Ова е најлошото нешто што може да го слушне човек кој не се чувствува добро и/или е во депресија.
    Имам среќа што го имам барем него што се интересира за мене, како и јас за него. Веднаш ќе забележи ако нешто не е во ред, било да е по зборувањето, по однесувањето и слично. Досега никој толку не се грижел и на никој не сум можела да се отворам и да се искажам. Тој ми е светлина во мрак. Според мене, доволно е да имаш барем една ваква личност.

    Ако имате вакви луѓе, никогаш не земајте ги здраво за готово, бидејќи е премногу тешко да се најдат во овој суров свет каде што секој си гледа за своите проблеми и не се интересира за никој друг.

    [​IMG]
     
    На Glowy, Ivan4e04, КикиМаус и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Атриом

    Атриом Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2018
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    IMG_20180702_145515.png
     
    На Ivan4e04, WildMk, Ники. и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.266
    Пол:
    Машки
    Се изгуби значењето на ова прашање. Се користи често како добар ден, ко по навика. И да не си добар ќе кажеш добар сум. :)
     
    На Glowy, Ivan4e04, КикиМаус и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Атриом

    Атриом Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2018
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Точно така.
    Сеа у задње време има и како си?...еве до продавница
     
    На КикиМаус, EraBon, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.364
    Допаѓања:
    77.727
    Пол:
    Женски
    Мислам дека имаше некоја слична тема. :?:

    Прашањето како си, многу често се поставува само онака ради реда, колку да се каже нешто, да се оствари некаков разговор. Ако сите одговараме искрено на тоа прашање, одговорот не би бил така краток.
    Јас секогаш кога го поставувам прашањето, го поставувам затоа што навистина сакам да го слушнам одговорот, затоа што навистина ме интересира состојбата на личноста која ја прашувам.
    Мене прилично често ми го поставуваат тоа прашање. Порано, тоа прашање, иако навидум обично, ми беше најтешко прашање, затоа што имав тежок период и не бев добро. Го знаете она, полесно е да кажеш дека си добро отколку да објаснуваш зошто не си добро. И секогаш се трудев само да се насмевнам и да кажам добро сум.
    Прашањето, всушност е доста значајно, но како и многу работи денес, така и тоа се промени.
     
    На Ivan4e04, Таа Сум, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Атриом

    Атриом Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2018
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Зависи и на кого сакаш да му одговориш целосно, не секој па и заслужува долг и искрен одговор.Како што многу тежина има во како си?...толку многу добрина и човечност има во тој што сака и ке те слуша до крај.Таквите луѓе се ретки,ама и ги има...ја лично ги имам, ги сакам и никако неможам без нив.
     
    На WildMk, cresa-jagoda, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Прашањето често оди колку да се започне некаков разговор од типот "Еј, Здраво, како си што правиш" . Од направените разговори со личности во текот на денот 85% од лицата, не ги интересира вашето здравје и вашата психичка состојба, а најмалце семејни проблеми.
    Друга работа, кога мене некој лично ме прашува како сум, секогаш одговарам со добра. Зошто? - Прво знам дека не го интересира, а и да почнам да кажувам тој/таа пак ќе сакат да го слушнат само тоа што веќе сами го знаат. Немам право на некој да му го расипувам расположението и да му ја преполовам позитивната енергија.
    Ќе се надоврзам на погорните постови со тоа дека многу малце луѓе од нашето секојдневие ги интересира нашето расположение.
    А, има и такви кои веруваат во нашата лажна насмевка и мислат дека навистина сме среќни. Што друго ни преостанува освен да оставиме да мислат така, подобро отколку да раскажуваш и на крајот ти вика "извини за што збореше ".
     
    На Ivan4e04, WildMk, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.121
    Допаѓања:
    168.387
    Пол:
    Женски
    Ниту секое “како си” е исто вредно, ниту било наменето да е, ниту изгубило на значење.
    “Како си” е дел од основниот стартен муабет меѓу луѓето, и само со одредени луѓе се читаат меѓуредовите на истото.

    Ниту секој навистина го интересира како сме, ниту секој треба да го интересира, а ниту ние треба на секој што не прашал како сме, да откриваме лични детали. Се знае со кои луѓе каков муабет се тера. И сите познаваме по некој, за да си споделиме мака, тага, радост, тајна... и сите ги имаме оние останатите за да им кажеме “еве” секогаш кога ќе не прашаат “како сме?”.
    Вредноста на “како си” се дефинира според личноста што не прашува, односно каков е нашиот однос и близина со таа личност.
    Не знам од каде очекувањата, секој што ќе го сретнете, луѓе на поминување што се вели, да се интересираат за вашето здравје, работа, или што ти ја знам. И баш таквите што се интересираат, а не се блиски, се етикетирани, као “пикаат нос кај што не му е местото/пффф се сака да знае/ се ги интересира”.

    А и секоја планина со своја тежина. Пред да обвините некого, кој според вашите критериуми ве разочарал во поглед на тоа прашање, можеби време е вие да му го поставите прашањето на конкретната личност.
     
    На senjorita-v, Ivan4e04, КикиМаус и 17 други им се допаѓа ова.
  14. Атриом

    Атриом Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2018
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Апсолутно не правиме муабет за случајни минувачи, него за луѓе од нашето секојдневие и блиски и не станува збор за родители. Инаку убаво кажа се согласувам со тебе.:)
     
    На WildMk, Amellie13 и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  15. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    20.890
    Пол:
    Женски
    Нормално дека не очекуваме некој случаен минувач да не прашува како сме, јас од такви ни поздрав не очекувам. Станува збор за луѓе кои што ги сметаме стварно за блиски и очекуваме да се тука за нас во било кој момент исто како што и ние би биле за нив. Во воведот баш имам пишано дека станува збор за подлабоко значење на прашањето, кога човек се наоѓа особено во лоша состојба а не тоа секојдневното како си? -еве. :)
     
    На WildMk, cresa-jagoda, simonka93 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.097
    Допаѓања:
    163.512
    Пол:
    Женски
    Прашањево е влезено во бон-тон и манири како поздрав кој се користи од страна на секој културен човек при средба со познаник на било кое ниво и воопшто со човек со кој треба да влезе во интеракција. И сосема е разбирливо и во ред дека од сите коишто ги прашуваме како се, не очекуваме длабок, искрен и интимен одговор - ниту пак ние би одговориле така на прашањево.
    Проблемот е кога оваа дупка во комуникација, доверба и искреност ја чувствуваме со навистина блиски луѓе - родители, партнери, роднини, пријатели. А нема нешто повредно за психичкото здравје и благосостојба, од луѓе покрај себе кои искрено се интересираат како си (а и ти за нив) и ти влеваат доверба и слобода дека можеш реално да им одговориш без страв, срам, резервираност и чувство дека ги замараш.
     
    На Ivan4e04, theowndemon, WildMk и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.121
    Допаѓања:
    168.387
    Пол:
    Женски
    Дури и кога би се работело и за блиски луѓе. Со текот на времето секој си бира приоритети, си оди по свој пат, или животот го носи во поинаков правец од нашиот и се разединуваме. Не значи дека цел живот ќе ги задржиме истите луѓе во близина. Во текот на целиот живот различни луѓе ќе ни стануваат блиски и далечни, апсолутно не можеме да очекуваме зошто некој крвно или на било кој друг начин сега ни е близок ќе остане таков цело време.

    Ова не е од сега. Секогаш било. На крајот секогаш остануваме со една до две личности во кои имаме целосна доверба. Дали ќе биде мајка, сестра, 3та братучетка, другарка, некогашна познаничка.. небитно.
    Едноставно, нешто секогаш ќе не спојува со одредени личности, не ретко со некои што најмалку сме очекувале.. со други со кои некогаш сме мислеле дека никогаш нема да се разминеме, ќе не раздели. Тоа е тоа. Живот. Мислам дека нема некоја поголема филозофија во тоа.
     
    На WildMk, Joi, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.687
    Допаѓања:
    12.611
    Пол:
    Женски
    Јас имам луѓе до мене кои кога ќе ме прашаат како сум знам дека навистина сакаат да знаат како сум. Со нив секогаш сум отворена. Не се луѓе кои ќе прашаат и ќе ме сослушат од учитивост туку ме прашуваат бидејќи навистина ги интересира. Секогаш знаат после ден-два или пак недела повторно да ме прашат како сум,дали сум ги надминала потешкотиите,да ми дадат совет и сл. Јас пак,прашањето „како си?“ го поставувам само на моите блиски луѓе или пак на луѓе за кои навистина сакам да знам како се чуствуваат и ако можам некако да им помогнам. Сметам дека не е убаво од моја страна да прашам некој како е,ако навистина не сакам да го слушнам одговорот.

    Убаво е да имаш луѓе во животот кои навистина сакаат да знаат како си. Ако ги најдете-чувајте ги.:)
     
    На WildMk, La.loca, Bitter-Sweet и 3 други им се допаѓа ова.
  19. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Јас па неќјам да ме прашуваат:^)
     
    На WildMk и Dust им се допаѓа ова.
  20. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски
    Се почесто ова прашање знае да го губи своето значење кога го прашуваат луѓе кои би биле среќни ако не си во ред.
    Обично се случува да раскажуваш и да не те следат внимателно доколку им зборуваш за твоите проблеми и ја менуваат темата или се префрлуваат на приказната за себе - лелееее и мене вака ми се случи истото, и на крајот пак не кажуваш како си туку мораш да слушаш за нив и често завршува со тешење од твоја страна.
    Дали имам луѓе што често ме прашуваат и искрено го мислат тоа? Освен партнерот и понекогаш родителите, што се е поретко од нивна страна.
    Можам да кажам дека на прсти ги бројам луѓето пред кои можам да кажам навистина како се чувствувам без да ги излажам околу тоа.
     
    На WildMk, Hellobeautiful и cresa-jagoda им се допаѓа ова.