Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашањето: Како си?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Hellobeautiful, 2 јули 2018.

  1. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.932
    Допаѓања:
    12.444
    Пол:
    Машки
    Не знам, имам многу мислење за *простово прашање*. Имало моменти кога Како си било прашање за дозвола да се истури некој се што има и да не му е гајле дали имам време или јас како сум, а има и такви кои го користат како љубезен поздрав. Ради реда што се вика, пар пати на Како си имам одговорено со Каде одам.. си викам лапсус.. а често ми се дешава. Не сум по љубезности ради реда, ако одам на кафе и назад пешки, ке изгубам време поздравувајќи се со секој познаник. Но, ако ми е блиска личноста и ја знам, и не ми е баш добро, доволно ми е да ме прашаат, и да одговорам *Добро*. Олеснува.
     
    На WildMk, Hellobeautiful и Someonespecial им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.793
    Пол:
    Женски
    Џабе ме прашуваат..
    Ем јас нема да кажам ако не сум ОК
    Ем нив не ги интересира па само ради реда прашуваат..

    Јас прашувам само ако ми делува дека нешто не е ОК... си викам - може ќе сака да си ја олесни душата ...
     
    На SummerGirl, DarkStormm, poi и 8 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Интересни ми се сите ваши одговори. Паметни мои :inlove:

    Најблиска сум со сопругот и ќерка ми, и со нив искрено се прашуваме и си одговараме, дали сме добро и како ни е.
    Мојата најблиска и најблиската фамилија на сопругот... исто. Другарки, многу малку.

    Интересно би било, на некој, не толку близок, да ме праша 'Како си?' и да почнам искрено, отчет да му давам од А, до Ш. Добра идеја, баш ме интересира како би реагирал некој во таква ситуација. :D
     
    На poi, Indiegurl, Mr. Right и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Атриом

    Атриом Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2018
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Па, како сте?:)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Kako si?

    Prasanje , ma ne e nitu prasanje, nacin da se otpocne razgovor.
    Se odgovara kulturno "fala na prasanje, dobro" I se prodolzuva ponataka so drugi temi.
    Nemojte tolku prisno da go svakate, nikoj ne e zainteresiran kako sum Jas ili Vie. Nikoj ne go interesira so sigurnost vi kauvam.
    Neznam sto tolku ste stanale osetlivi.
    Sto god da prasa covek nekoj ima nesto sto mu smeta, pa se nekoj nesto navreden, pa se nekoj na nekogo mu gleda vo dvor,....

    Nema veze, nikoj na nikogo nisto ne mu misli niti nekoj e zainteresiran za necija sostojba.

    Tuka procitav kako trebalo/ moralo da se prasaat pa sega site nie treba da slusame na dolgo I siroko,...
    Eve pr; majka mi, koga tatko mi iznenada pocina verojatno od bolkata sto ja custvuvase , sakase da bide prasana I site nejze da ja slusaat I vo najmala raka da se sozivuvaat. Pa placenje, pa sakase da bide tapsana po ramo,...
    Abe ajde luge koj go interesira (ni sega ni nekogas porano) za tvojata sostojba. Nekoj umrel, umrel. Dosle na pogreb da izrazat socustvo, nekoj I poplakale (za kojznae sto ama za umreniot sigurno ne) I tolku, prikaskata se zavrsi.
    Posle nekoe vreme majka mi klemase deka site rodnini se odalecuvale zosto go nemalo tatko mi.
    Nema veze.
    Koj saka da slusa, ma vo najmala raka nesaka da bide vo kontakt so takvi luge.
    Koj umrel, umrel, drugite treba da ziveeme I da go slavime postoenjeto na zaminatiot.
    Nekolku pati koga se bese taze se obidov da I go objasnam ama toa ne odese taka. I sega posle 20 god otvarame ista tema I mi veli "taka e, taka, da da svativ deka nemase nikakva srska druzbata so lugeto I smrta na tatko ti".
    Fala bogu se vrati vo kolosek.

    Nemozete da ocekuvate drugite luge da se socustvuvaat so vasata bolka, rados, zivot,.....
    Tie si imaat svoj zivot I na kraj kraeva toa e normalno.

    Jas licno nesakam luge koj preraskazuvaat svoj zivoti, luge koj sakaat da bidat prasuvani "kako se", …..
    Obicno lugeto ke gi islusas, tesis,lizni, mazni I na kraj kriv si im. Bas vo toj moment si gi poglednal na levo, si se podnasmeal koga netrebalo, si im dal pogresen sovet,.... Ne si ni mislel da gi omalovazis, si sakal da im pomognes, nakraj I kriv ke im izlezes. Nema blagodarnost.
    Moja parola:
    Koga ke bides OK , Jas sum tuka, za ostanati situacii me nema.
    Ma kolku bilo toa surovo toa e najzdravo za mene "pa ko voli nek izvoli".
     
    На WildMk, poenta и Briar Rose им се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Прашањето Како си? се поставува од куртоазија со цел да се започне разговор при една средба.
    Во таква конотација не очекувам, а и не сакам соговорникот да ме удостои со исповедувачки одговор, ниту да очекува дека освен едно формално добро сум средбата ќе ја претвориме во споделување на животни случки. Не сум тип на личност што ме интересираат туѓи животи до степен да се ставам во улога на помагач или олеснувач на ситуацијата колку и да ми е некој близок, а уште помалку мојот живот да го сервирам за дегустација.
    Она што сакам да ме потсетува на некоја личност е ведрината и насмевката на лицето, па макар нека биде и вештачки изразена. За повеќе од тоа не сум подготвена за разговор. Најлесно е да се шири негатива, ама за убаво расположение и хумор не секој поседува чувство.
    Имаме свој начин и стил на живеење што не подразбира целосно прифаќање на индивидуалните погледи и потреби од страна на другите, а и не треба да се копираат нечии постапки или да се деградираат.
    Различноста на психо-емотивниот склоп продуцира спектар на искуства и патешествија базирани на лична подлога. Секој совет би бил залуден доколку некој не е подготвен сам да си помогне.
     
    На TashSefton, toogood, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Моите родители никогаш не ги прашувам како се. Често преко денот ги гушкам и тоа силно. Посебно мајка ми.

    Инаку, на рандом луѓе прашувам како се од куртоазија, но генерално многу посмешно ми прашањето кога ќе пиеме кафе кое веројатно никогаш нема да се случи :D
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Не ни го слушам веќе прашањево во комуникација, најверојатно и не се користи. Се случува само две личности (максимум) да се заинтересирани како сум. Не ни ме прашуваат во тој стил туку директно со "ај кажи си што ти лежи/мачи, има нешто.."

    Не знам зошто многу малку време се посветува да се запрашаме вистински како ни е, а за некои глупи теми се има повеќе разговор.. буквално.
     
  9. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Ова прашање ми значи само ако е навистина поставено со цел личноста да се интересира како сум, а не само како начин да се дојде до муабет.
    За среќа, уште имам личности во животот кои навистина се интересираат од тоа како сум. Секако, и јас за нив. Можеме да си споделиме се'. И тоа ме прави бескрајно среќна и благодарна.
     
  10. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Ретко кога некој ме прашува "како си".
    А и да ме праша не би кажала како навистина се чуствувам, секогаш велам "добро сум", одам насмеана како ништо да не ми е колку и да ми гори душата.
    Немам некој на кого искрено му верувам, покрај кој се осеќам сигурно за да му ги кажам вистинските чуства.
     
    На poi и minne992 им се допаѓа ова.
  11. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Машки
    Ме прашуваат како сум, чисто формално. :envy:
     
  12. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.884
    Пол:
    Женски
    Никој не ме прашува освен баба ми. И неа морам да ја лажам дека секогаш ми е добро затоа што ќе се грижи.
    Тие што треба да ме прашаат ги нема, а и кога би прашале ако ја кажам вистината изгледа како жалење. Еве не сакам ни да ме прашаат.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.030
    Допаѓања:
    12.408
    Пол:
    Женски
    Една роднина што си ја имав најмногу ме прашуваше и ми почина годинава ненадејно и скоро ич не ја прифатив таа загуба. Многу ретко има такви луѓе, она беше баш цврста жена што се интересираше и ништо не ѝ бегаше.
     
    На hermosa и st-el им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.017
    Пол:
    Женски
    Повеќе јас прашувам отколку што ме прашуваат како сум. :D
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    21.943
    Пол:
    Женски
    Јас многу се нервирам некој кога ќе ме праша АРНА СИ? Значи од такт ме вади, прашај било шо само тоа не
     
  16. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.480
    Допаѓања:
    15.617
    Пол:
    Машки
    Добра си?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Па еве кај нас наместо добра ,арна се користи...


    Ретко ,преретко одговарам како шо треба обично едно кратко Добра користам... или еве на работа ,после ми текнува друго беше прашањето и продолжувам со ,,арно "
     
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.055
    Допаѓања:
    36.093
    Пол:
    Женски
    Ме прашуваат. А и јас прашувам. Ако забележам дека нешто не е во ред, се интересирам да им помогнам ако можам. А ми се случило и по некој ден да ми се јават и да ме прашаат пак Како сум и дали сум го решила проблемот. Ова се однесува на блиски луѓе. Другите ми се тотално небитни. Им одговарам само - Да, добро сум.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.