1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прашање за казна од полиција

Дискусија во 'Правни совети' започната од Corey5, 23 август 2019.

  1. Corey5

    Corey5 Нов член

    Се зачлени на:
    23 август 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите. Сакам да ве прашам за една случка што ми се деси денеска. Возев скутер на личност со кој сме во роднинска врска. Он ја изгубил сообраќајната, али се води на негово име скутерот. Јас не знаев, ниту па знаев дека сообраќајната на скутерот не е во скутерот. Бев во еден парк со скутерот со друштво и си тргнав порано да си одам, малку подалеку од нив. Во меѓу време дојде полиција во паркот (3 луѓе) и ме прашаа што правам тука и други прашања како на пример дали сум пиела алкохол и за друштвото ме прашуваа дали пиеле и кај се они сеа, кај седат точно и да не сум видела нешто да се случило во паркот. Јас им реков не, бидејки не пиев алкохол, ни јас ни моето друштво. Само седевме и зборевме на клупа. Јас бев на скутерот али го проверував ауспухот, и кога се свртев ги видов нив. И на крај ми збореа за кацигата и демек сум била на зелена површина а нема врска, јас бев на песокот од паркот. Значи не на зелените работи него на песокот од страна, тоа се како улички мали ама сепак е парк, не се улици вака кај што се вози. Скутерот беше во место, не го ни возев, го гледав ауспухот, ама беше запален. Не знам тоа дали има врска. И рекоа ќе ми пишуваат казна за кацига, а тоа за сообраќајната им објаснив и они тоа го игнорираа, мада спомнаа дека требало да ми пишат казна и за тоа ама немало да пишат. Али го пишаа кој е сопственикот на скутерот и регистрација на скутерот. Значи скутерот е на лице, не е без документи, имаше сообраќајна и запишан е кај нив, ама сообраќајната физички е изгубена и не е обновена регистрацијата. Јас ова не го знаев, а не го ни прашав лицето за да го возам скутерот негов, него си го земав сама. Ова не е проблем, ја не му го украдов, океј е така без прашање да го земам, али ете не сум знаела да прашам за сообраќајна и такви работи. Иначе имам Б категорија возачка за кола и не сум возач почетник, има поминато две години од возачката (и повеќе). Тоа све беше океј, али јас одбив да потпишам бидејќи искрено на кварно беше ситуацијава, јас не бев на улица да возам без кацига, јас уште бев во паркот, на песокот и чепкав нешто на скутерот. Не беше фер да ме пишат за кацига кога не сум отишла на улица сеуште. Ги замолив да викнам некој да ме одвози до дома, али они не сакаа и рекоа дека една казна мора да пишат и ќе ја пишат за кацига. И не ја потпишав и рекоа дека ќе ми стигне нешто од суд, ама не заслушнав убаво, нешто спомнаа за 10 дена, али бев уплашена па не слушнав за што точно се однесуваше тоа. Јас не сум имала до сега никакви вакви проблеми, не ми пишале никаква казна од кога возам (има веќе неколку години од како имам возачка) а немам ни поени пишано, ниту сум била на суд. Значи ништо. И сега од ништо нешто испадна.

    Сакам да прашам каква ќе биде сега процедурата со судот и колку би биле тие судски трошоци и дали ќе може некако да се извлечам од казна, бидејќи не бев на улицата и тие мене дојдоа да ме прашуваат прашања општи, па после за кацигата се фатија.. ви благодарам однапред.