Кога одиш нов одговор,под просторот за твоето мислење треба да ти биде штиклирано само она Прикачи потпис (секако,ако сакаш да ти се гледа потписот) Ако ти е штиклирано она Не ги претварај веб адресите во линкови веднаш да го тргнеш. Имаш слика погоре како треба да изгледа.
Мислење можеш да избришиш само ако нема поминато еден час од испраќањето и ако нема некој после тебе пишано мислење во меѓувреме (редактирај -> штиклирај каде што пишува Веќе избришаните мислења не можат да бидат вратени. и потоа на Испрати )
Или пак до Тие каде што се Ми се допаѓа, Цитирај, Пријави..., првите минути има едно X, на тоа може директно.
ме интересира поради која причина ја избишавте темата.... Муслимански машки и женски имиња "Предлози"
^Најпрвин отиди на некоја од страните за да направите тикер, откако ќе го изготвиш избери BB Code, откако ќе ти се појави BB Code обележи го и copy Потоа врати се на форумот, влези во контра панел, па во профил,па од лево имаш листа - потпис,во делот за текст стискаш paste, и на крај испрати еве неколку линкови каде што можете да креирате сопствен тикер http://daisypath.com/ http://www.magicalkingdoms.com/timers/ http://ticker.7910.org http://distickers.com/ticker/ http://www.ezticker.com/tickers/events.html
Незнам точно дали и друг пат сум го прашала ова, ама дали има начин да ги пребарувам сопствените мислења во дотична тема ? Да видам дали сум пишала претходно и што. Барам полесен начин, освен оној да ги прелистувам страниците во моите мислења во потрага за темата и моето мислење ( ако воопшто го има ) во неа. Помош ?!
Оди кај мислења, копирај го насловот на темата што сакаш да си го прeбараш мислењето, копирај го кај правоаголникот кај твоите мислења пред него што пишува Пребарај во овие резултати и ќе ти искочат сите твои одговори на таа тема.
Немате дозвола да ја читате оваа категорија. Ова ми излегува при опцијата кога ги кликнувате на дадените ѕвездички, за да ја видете, така да ја наречам листата со мислењата кои им се допаднале на другите феминки. Прво напишаното, ми го пишува во едно од тие мислење. Каква е таа категорија во која имам пишано мислење, сум добила ѕвездичка,а немам дозвола да ја читам? Ени уан???Белки немам некој бан за одредена категорија,,,прилично сум културна...барем така си мислам????
^^^ Избришано е мислењето... Јас баш кога пишав мислење во темата во врска со платформата, прво ми се појави во таа листа, а потоа откако се избриша мислењето, се појави тоа дека немам дозвола.
Гледам дека ми ги бришете мислењата или некој ги пријавува? Што ви сметам толку па ми ги пријавувате мислењата, или пак сами се бришат?
Може доколку се несоодветни ти ги бришат или пак ако некој ги пријавил. Ама ако мислиш на бројот на мислењата да ти напоменам мислењата од кафе-муабети и од форумски игри не се бројат. Поздрав и не се нервирај за такви работи или пак ако те интересира нешто детално пиши ЛП кај модераторите.