Зависи кога си го напишала, ако е сега брзо можеш да го избришеш или пак да го редактираш Ако поминало времето за бришење на мислењето можеш да прашаш некоја модераторка да ти го избрише И пишувај кирилица!
Девојки ако може хелп,нова сум сум на форумот и некои работи се' уште ги учам . Кога сакам да ставам видео од јутуб кликам на урл и го вметнувам линкот во него и кога го праќам постот песната си стои како линк а не како видео,што треба да направам? Благодарам однапред
Може да ве прашам што се случи со темата Песна која ви ја одбележа 2013?Јас направив друга тема ,но да ги делиме по категории ,а сега.Моето мислење е префрлено ,па корегирано.И е голема збрканица .Сега некој си ги дели по карегории ,некој онака. Ај ве молам средете ја темата
^Веќе имаше претходно отворена тема, твојата беше дупла. Па да не биде во канта, интересен беше предлогот, темите се споени. Сега ако некој сака може да ги дели во категории, или може да си пише која е песната што ја одбележала годината.
Нели некои теми имаат анкети. Епа ме интересира дали ние членките можеме нив да ги направиме,или пак за да има анкета треба да се каже на модераторите па они да ја направат. Благодарам однапред на било каквиот одговор.
Како од преку телефон кога ќе се прикључам да пишувам со македонски фон. на телефонот може само латиница? :geek: Благодарам од напред за одговорот?
Имаш најгоре деснo, каде што пишува „Одјави се“ Каде што има Британско знаме, и пишува EN латиница.. Само стегни на него и ќе се смени фондот на македонски
Често пријавувам мислења кои што се неправилно напишани или нова тема и слично. И пишува дека е испратено на администратор. Ама администраторите ретко се пуштаат и пола од тие мислења и дупли теми сеуште стојат. Знам дека Реин е глобален модератор ама сепак ќе прашам дали кај Реин тие стигнуваат или само кај администраторите?
Друга опција, ако сакаш да имаш кирилична поддршка за генерална употреба на телефонот, инсталирај си апликација за кирилична тастатура (за македонски јазик) на истиот Мислам дека има повеќе вакви апликации, можеш да видиш која најмногу ти одговара.
Дали некој од администраторите ги чита темите и предлозите за форумов или апсолутно имаат кренато раце? Последно се измалтретирав во подфорумот за дом. Човек треба да се измачи за да ги разлиста темите освен ако не знае конкретно што бара па да ја користи опцијата за напредно пребарување. Секоја втора тема е за мачиња, кучиња и останати миленичиња. Толку ли не може да се одвои малку време за тие работи да се разграничат во нов дел од форумот? Глупави се веќе тие оправданија за се и сешто дека се чека новата платформа што очигледно ни нашите внуци нема да ја дочекаат, затоа што стварно е проста работа што може да се заврши само со малку воља од другата страна. Ама јок,а ?