Како да ставам аватар - слика што се движи. Еве на пример сакам да ја ставам оваа слика како аватар, ама кога ја зачувувам на компјутер се зачувува како слика (без мрдање) и кога ќе ја ставам тука исто така не се движи.
Зошто дозволувате да се копираат цели статии и теми од други форуми? Конкретно кај сериите, во последно време се отвараат теми така што се копираат опд други форуми? Па сигурно и овдешните форумџики се доволно способни да смислат пар реченици за некоја серија и да отварат тема за неа. Нели мислите така?
Не гледам што е толку страшно. За Циганки текстот е копиран од Вики, истата членка ја отворила темата за Бурни времиња, значи не ја ископирала. А и другите воведи се ставени или од вики или од телевизијата која дала најава.
Копирани се тие текстови од друг форум, а не од сајтовите на телевизиите. Тоа е проблемот, некој се трудел да ги пишува и отвора на тој форум за некој тукутака да си ги ископира тука.
Не, очигледно дека јас сум таа што ги пишува текстовите на друг форум и би сакала најискрено да забраните да се копираат тие текстови тука.
Не знам дали тука треба да прашам, ама зошто ми е избришано прашањето во Општи Прашања, за тоа дали некој знае колку се дигитроните Кенко, тие со по милион функции? Мислев да не е префрлено, ама не, избришано е..
Јас би рекла во тие теми нема ништо креативно, убаво си рекла Виножитка, тоа се копи пејст од википедија, или па добар превод од некој труски сајт, дека се работи за турски серии. Сум отварала милион теми за странски серии, и што да не мислиш дека сум го измислувала тоа? И да сакам не ни можам сепак мораш да земеш дел од некоја страна каде е кратко објаснета содржината, некоја информација од интернет за да бидат веродостојни сите податоци! Ма дајте не бидете смешни и суетни за вакви работи, секој од некого копира, сепак се работи за увертира, содржина на некоја серија, вовед кој ретко некој сам го пишува. Впечатоците и коментарите поединечни потоа за некој лик или настан се индивидуални. Јас не гледам ништо лошо во тоа, па и нека ти биде мило тогаш и што ги копирале како што викаш ти, значи дека ти се добри, ако гледаме од таа страна.
Може некој да ми каже како се става видео? Пошто кога го ставам со УРЛ и го копирам урл од јутјуб ми го дава само како линк ... но не и цело видео. Однапред благодарам
Долу под последното мислење има копче „означи ја оваа тема како омилена“. И ќе ти ја стави во омилените. А омилените теми, оние кои ќе си ги означиш на овој начин, ќе ги најдеш во Контролен панел/почетна.
^ Upload-ни ја овде и понатаму знаеш најверојатно, линкот што ќе ти го даде под IMG Code for Forums & Message Boards си го ставаш во потпис
во темата brak/soprugot-me-napusti-t8672/60.html по еден мој пост се разви дискусија во сосема друга насока. Дали може да отворите нова тема и мислењата да се префрлат таму? Или доколку има таква тема во неа да се префрлат? мислам дека феминките кои ја посетуваат темата бараат помош и совети како да се справат со тоа што мажот ги напуштил, а не да читаат мислења дали треба мажот да помага дома или не