Ако разгледаш малку ќе видиш дека сум член многу подолго од тебе,и не штанцам мислења за да добијам звездички,цветчиња и што уште не..Културно прашав и добив одговор,и не отидов метеорски да достигнам потребен број мислења,so keep yr opinion to yourself.Благодарам
Да ве прашам:зошто кај некои феминки кај што пишува последна посета има само една цртичка,а кај некои покажува кога тие се вклучиле последен пат?
Не се однесуваше тоа на тебе. Извини ако те навредив. Општо кажав. Ако сме за тоа кој е постар член, јас сум сепак постара. Акаунтот ми се расипа.
Добро, убаво си прашав - не ми одговоривте. Кажете зошто ми ги бришете мислењата (за кои дури и не знам кои се)
пиши му ЛП на некоја од модераторките и таа најдобро ќе ти каже, и мене еднаш така ми излегуваше сега се не ми излегува повеќе така..Можеби е и некоја грешка . Види која модераторка е за таа тема и таа најдобо ќе ти каже
Да ве прашам феминки како ги правите оние сликите како Lella што ја има направено,еднаш и јас направив сега појма си немам.. и Папи како го направи гифтот?Ако може да ми кажете...
Cvetetto,нешто имаше спомнато Папи дека ги правела со screencast-o-matic програмче.Какво е тоа,не знам.
И’ објаснив, ама сепак еве туторијалче за тие што не знаат. Не ви треба screenshot'o'matic Спојлер 1. Одете на страната каде што сакате да сликате. 2. Најдете го копчево на тастатурата и претиснете го. 3. Ако сте од лаптоп, заедно претиснете Ctrl, fn и Prt Scr или ако нема Prt scr - insert: 4. Отворете Пеинт и направете го ова: Тоа на сликата кажува се’!
Мислењето го напишав пред да те прашам во ЛП Добро што вака сликовито објасни на сите ќе им биде појасно
како правите сликата на профилот да ви мрда како што и е на Lella мачето ?? јас пробав уплодирав gif слика што се мрда ама не ми успеа само си стоеше како слика
Јас го користам скринкаст о матик зошто ми требаше за правење на школски проекти, па истражувајќи го открив дека и на тоа се можело да се прават и гифови и видеа со веб камера/без веб камера. Ќе ви покажам некој дем, како се работи на тоа. Инаку, Лела, фала. Нема да си комплицирам да правам такви видеа.
http://www.screencast-o-matic.com/ Има и слободна верзија, но јас го инсталирав. Ако и вас ви треба, инсталирајте го и вие. Еве како се работи на него: Прво (како секогаш) го отавраме програмот: Ни кажува да го рашириме каде што сакаме да снима: Го снимаме делот кој што сме го одредиле да го снимаме: Кога ќе кликнеме done ни го покажува ова: Го прегледуваме видеото ако сакаме да видиме што сме снимиле и ако сме задоволни од тоа кликаме Publish to Video File и ни се покажува ова од истата страна, а ние треба да го одбереме дадените опции за изгледот и формата на видеото. Може да се направи во гиф на првото жолто обоено, а кога сме готови го зачувуваме нашето видео: За да се зачува видеото фаќа 5 минути најмногу (доколку видеото е долго) ако е кратко ќе фати помалку од минута. Се надевам помогнав.