^ Финтата е да постираме слики од јадења кои самите сме ги приготвиле. Низ темите со рецепти веќе има поставувано еден куп такви слики, ама ете ни и посебна тема
Па искрено и јас мислам дека во насловот треба да пишува точно што се работи во таа тема. А кога ќе го прочиташ насловот на оваа тема немаш претстава за што се работи. Мислам дека треба да се промени насловот.
Инстаграм е социјална мрежа позната по постирањето слики од храна Кога сме веќе кај тоа, еве една статија со најдобрите профили со вакви слики Најдобрите профили за фотографии со храна на Инстаграм
Од кога во темата предлози и идеи за сајтот го имав објавено ова да го променат, но очигледно е, билката не ни „мава“ ни рецка.
Може да се направи тема за тролери? Озбилно, тука има доста, па може таму да им се преместуваат мислењата и да си тролаат на таа тема... меѓусебно да се јадат.
Па како што ги знам, не се баш дружељубиви тие видови на луѓе. Ќе сакаат меѓусебно да се „натпреваруваат“ и таа тема ќе им биде најактивна... а не да лутаат по други теми, да „просат“ за нивна забава (тролање).
^^Е баш затоа што ќе си се погодат исти ,ќе си се здружат ,па така здружени може и нов форум ќе си отворат -форум тролање Никогаш не вели никогаш
Не знам каде да пишам на друго место,па тука пишувам. Не ли може некако да се поправи тоа FEMINA OUT кое го пишува кога ке кликнеш на линк? Ме нервира,најискрено.Не знам што има потреба од тоа(ако е намерно така поставено).
Не сум сигурна дали прашањето е за овде, но не знам каде на друго место да го поставам. Како ставате гифови во потписот? Ако одам за слика вели дека неможе над 160 пиксели, и сега не знам Ај ве молам некој нека каже
^Направи ја големината на gif-от 160х160 (или должината мислам може и поголема да биде), битно висината 160 да е.
Милион пати пробав да се логирам и кликнав ЗАБОРАВЕНА лозинка за да можам да ја сменам, ама на меил ништо не ми стигна, иако на форумов ми излезе дека е пратен меил за промена на лозинка. И од си ноќа наваму се изнамачив да се логирам, ама не може бре. Се изнервирав што морав да правам нов профил, ама си го сакам стариот. Кај да се обратам сега? Не гледам меил негде за пријавување проблеми
^ Провери во Spam или Junk ? Може таму да ти стигнале, а не во inbox. Јас имав таков проблем и така се снајдов.
Зошто некогаш кога гледам некој пост каде има атачирано слика не ми ја отвара сликата туку пишува „слика“?? А гледам дека другите ја гледаат сликата бидејќи ја коментираат сликата.
Дечки има ли тема кај што има дискусија за учењето? Како вие учите? Со музика, без музика, концепти, пишување на материјал.... ?
Една моја другарка сака да направи профил на фемина и уште вчера се регистирала,но уште не е и било стигнато тоа за активација на е-маилот. После колку време стигнува таа порака?