Сигурно сликата не е прикачена за самиот пост, туку ископирана е од некој сајт. А потоа тргната е од сајтот и затоа не ја дава ниту во постот.
Незнам,но можам да ви кажам дека додека читав по други форуми забележав дека ги има истиве смајлиња .По повеќето македонски форуми.Можеби македонските форуми имаат заеднички смајлиња.И заедно некој да ги смисли.
Па не се лутам де, само кажувам, што толку си умисли дека се лутам Одговорив затоа што сакав, нема што тука не јасно да ти биде, што има врска што друго прашуваат, не знам што ти е толку смешно. Вообичаено го има целосно знакот, може и да е техничка грешка нешто.
Има многу страници на интернет со најразлични смајлиња што можете да ги преземете. На пример оваа. Имате различни смајлиња овде, еве едно од мене
зошто кога ќе ставам линк од youtube , песната не излага како видео туку како линк во мислењето? како треба да ја поставам за да биде како видео
кога ќе пратам ЛП стои во фолдерот '' Се Испраќаат'' за колку време стигнуваат пораките пошто сабајлево пратив ЛП и сега уште ми вика дека се испраќа
Тоа "се испраќа" всушност значи дека личноста до која си ја пратила пораката сеуште не ја прочитала, кога ќе ја прочита, ќе се премести во "испратени".
^Ја разгледуваат 2 члена кои го имаат скриено тоа кога последен пат го посетиле форумот. (мислам дека ме разбра на што мислам, кај она што пишува Последна посета:пред помалку од минута кај нив пишува Последна посета: -; и тие се сметаат како гости) Ако грешам нека ме поправи некој.
Добив порака нешо за правопис.......ако постои правило за број на тачки......шо е финтата? не знам хех....кој брои тачки....свашта.........
Да не ти пратила некоја изнервирана феминка да не ставаш веќе толку точки? И стварно не ставај. Која е финтата?
Таа феминка што ти пратила порака воопшто не згрешила да ти кажам. И зошто се правиш наудрен? Не знаел кои точки. Ете тие што ти ги болдирав и потцртав. Тие точки нема потреба да ги пишуваш. Доволно е една на крајот од реченицата. Не е правилно, не изгледа прегледно и воопшто не е убаво за читање. Скрати тоа точките и почни да пишуваш нормално. И нека се знае голема, мала буква, точка, запирка, од каде до каде е една реченица, прашалник каде што е потребно, без "хехехе" и такви слични досетки, за искажување емоции имаш емотикони. Ова најдобронамерно ти го пишувам, па сега ти како сакаш прифати го.
A можам и да се согласам дека нема потреба од по 100 прашалници што сум приметила кога некои членки прашуваат, мислам нешто кажуваат па мора ???????? Покрај тоа што боде очи, и не е прегледен постот, која е поентата, зар еден прашалник не може да ви заврши работа Тоа мене ми е исто како кога се употребува capslock да се драматизира
Не е за тука прашањето,но како се правеше да биде насловот на песната напишан,а при негово отворање да се отвори линкот од песната?
вака мислиш?? http://www.youtube.com/watch?v=MmRq9WXYqQE ако мислиш вака тогаш вака треба да направиш httpS://www.youtube.com/watch?v=MmRq9WXYqQE големата S да ја избришиш
Не туку,вака http://forum.femina.mk/muzika/vasiot-hit-na-denot-t394/10910.html#p2083476 . Како на ова мое мислење.