Најверојатно двапати си кликнала, и мене така често ми се случува, кога ќе кликнеш на назад ќе видиш дека ти стои лајкот што си го ставила.
Контролен панел-->Профил-->Потпис-->Го копираш линкот од сликата и го ставаш помегу img заградите, исто како за во пост.
Секогаш кога сакам да објавам само слика ми пишува дека текстот ми содржи премалку симболи. Како можам да поставам слика на форумот без да пишувам текст? Ви благодарам.
Линкот од сликата ќе го ставиш помеѓу овие загради . А тоа најверојатно ти се случува бидејќи сликите ги прикачуваш од компјутер, па полето за текст останува празно и затоа така ти пишува.
Кога ставаш слика од некој сајт со копирање на веб адресата, тогаш не ти треба текст, но кога прикачуваш слика од твој компјутер, тогаш ти треба текст, макар едно смајли да ставиш. Можеби мислењето кое го лајкнуваш, во меѓувреме додека ти си го отворила, е избришано од тој што го постирал или пак како што веќе ти одговорија, си кликнала два пати на-ми се допаѓа, но за многу кратко време, бидејќи ако притиснеш еднаш на-ми се допаѓа па да помине некое време и пак притиснеш, ќе се избрише дека е допаднато а нема да пријави грешка.
Абе не може феминката што хара по темите со постот за работа од дома на интернер или нешто слично беше да се сопре, пријавував мислења ама неа како член не можам да ја пријавам, лом напраи по темите.
Ако сакаш да прикачиш слика без текст, прикачи ја сликата и кликни „Постави на сред текст“ и испрати го мислењето. Не ти треба ниту текст, ниту смајлиња
Гледав низ темите на скриено катче... и дали јас нешто не сум била во тек или не знам што е работава, ама нејасни ми се некои работи па си реков ај да прашам вака нешто чисто информативно да ме просветли некој ако може: Што е ова со избори на модератори? Кога се бираат? Нешто како еднаш годишно е? Како се бираат? Ние гласаме? Избор на форумџика? Тоа гледам на крај на година е, можно е да се дешаваше лани декемврито а јас појма да немав?
Се поврзано со тој дел од форумот ти е баш Once upon a time . Инаку, колку што јас знам, порано имало избор, така што или доброволно се пријавувале некои членови да бидат модератори на одредени теми или пак биле предлагани од страна на останатите членови. За Форумџика на годината, пак се бира кон крајот на годината, повторно на ист начин, членовите предлагаат (max можат до 3 членови да предложат), и после има една листа од тие што највеќе добиле гласови (односно што највеќе биле предложувани), и повторно следува гласање, се до крај, кога таа што има највеќе гласови се прогласува за Форумџика на годината, а плус добива и награда, најчесто часовник. Но, награда добиваат и другите две што имале највеќе гласови, макар лани имаше само второ место. Инаку лани секако имаше, форумџика на годината беше Трендафилка, и да ти кажам исто како да си испуштила еден пазар, голема фешта, до таму што сите се испокараа, а еве дел од тој резултат е тоа што Трендафилка веќе не пишува на форумот, so you go and figure it out, и иако е смешно што кога така ќе рече човек се испокараа за еден часовник, за да на крајот и двете го добијат истиот, сепак секогаш се работи за нешто повеќе од часовник, а тоа е дали е заслужено или не, за квалитетот на форумџиката.
^ па читав дека фајтови паѓале и затоа се заинтригирав и си се мислев сега како е можно тој период да не знаев јас за изборот, и ај тоа, па ни кавгите не сум ги доловила ...кој знае во кој паралелен свет сум се уклучувала и пишувала тука . Иии баш убаво им текнало и со изборот на форумџука и со изборот на модератори. А богами за овој вториов треба да распишат конкурс и да го обноват во скоро, за да се средат некои теми Ама како што те сфатив, нема за тоа познат термин, и не се избира повеќе на тој начин п.с. Фала на одговор
Ехе Е не знам како си го испуштила, немој некоe Норлево да си пиела Шала на страна, да прилично беше актуелна темата, да беа фајтови, арно ќе беше, абе пазар, пазар, шпанско село better said Инаку во врска со изборот на модераторите, гледаш и самата до каде е темата, штом Билката последен пат одговорила пред една година..yup. Да се согласувам, дека дефинитивно не само темите, општо целиот форум треба да биде посреден, но почнувајќи од фактот дека самите администраторите не го гледаат, натаму нема што да се каже. Секако не може вината да падне на сегашните модератори, но сепак од друга страна гледано, еднаш веќе поставени, добро е да си ја извршуваат функцијата за која се назначени.
Moже некој да ми каже зошто ми е избришано мислењето од темата "Слики од вашите омилени чевли (сандали,штикли,на платформа)" ?
Штом сликите биле твои, мислам од твоите сопствени чевли не би требало тогаш да ти биде избришана. Најдобро прашај ја Реин за ова.
како можам да направам за да не ми идат пораки за ново мислење во некоја тема по емаил гледав баш сега во контролен панел нема такваа опција .. по 600 пораки ми идат + уште едно прашање jaс само сакам да ми идат пораки некој кога ќе ми даде ѕвездичка и кога некој ќе го цитира моето мислење .. во контролен панел ја кладов опцијата на ДА - дека сакам да ме известуваат за некој кога ќе ми даде ѕвездичка и ги зачував промените ама пак опцијата ми се враќа на НЕ 3 пати пробав на ДА да ја ставам и пак ми се враќа на не ??