За да не ти стигаат пораки од Фемина на мејл одиш: Kонтролен панел--> Прилагодувања--> Може да ме контактираат преку e-mail: штиклираш не. За известувањата кога некој ќе ти даде звездичка, тоа не функционира.
Off topic во превод- надвор од темата. И буквално тоа значи. Офф топик овде е благо кажано кога се забега од темата. Пр. овде во некоја тема кога се води дискусија, за некоја конкретна тема, некој почне да зборува за сосема трето нешто, што нема врска со темата. Офф топик е пр. во темата " Вашето козметичко катче (низ лични фотографии)", некој да праша за одреден производ. Значи, општо, офф топик е се што не е поврзано со насловот на темата и не ги следи нејзините правила.
Оф топик е кога некој зборува за нешто што е надвор од темата. На пример зборуваш за тоа колку Сител ги менува имињата на сериите и дека веќе претерале со турски серии во темата Омилена серија (на пример) :geek: Или пак во оваа тема да пријавиш некој член кој пишува латиница. Или во смешни мислења да зборуваш за тоа дека форумот станал место за навреди што често се случува Се надевам дека ме сфати. Тоа е кога некој пишува нешто во погрешна тема и на тој начин не се вклопува во дискусијаата Едит: Видов дека Самерка ме претркала, ама ај...
Ме интересира дали со тие што ќе ги додадам во непријатели можам да контактирам преку лични пораки бидејќи нели ако го додадам во непријатели тогаш нивните постови не можам да ги гледам исто како да не постојат како форумски членови воопшто и дали од друга страна,пак,тие што сум ги додала во непријатели можат да ги читаат моите постови бидејќи не знаат дека сум ги додала во непријатели?
Па,немам намера со некој што сум го додала во непријатели да контактирам преку лп,но кај пораките во контолниот панел видов таква опција,па тоа не ми беше јасно дали ако не можам да ги читам неговите постови можам преку лп да контактирам.Сепак,благодарам многу за помошта!
Контролен панел-->Профил-->Потпис-->Го копираш линкот од сликата и го ставаш помегу img заградите, исто како за во пост.
Сакам да го избришам мојот профил на femina.mk Девојки дали знаете како се брише проф, на Femina,ако воопшто се брише?
Да престануваш да го користиш, но профилот продолжува да си постои. Евентуално мислам дека може Реин да ти го избрише.
Профилот, воопшто не може да биде избришан, само може членот да не е активен, доколку сака да се откаже од профилот.
Јас пак мислам дека може, оти знам дека тука пред некое време нели дојде некој член што изнапиша во СДК за одредени членки нешто, во стилот на навредлива содржина, и нели пријавен постот, откако кликнав на членот покажуваше дека нема резултати за таков член, бидејќи пред а да биде пријавен му го отворив профилот, за знаејќи точно како беше потпишан пребарав и во Членови и пак не покажа постоечки податок, а истовремено беше избришан и постот.
Кој член? Прашувам оти не сум го приметила, иако мислам немаше таков член пред скоро, оти нема шанси да не сум го приметила, не ми бегат ништо од пред очи, ама ништо чудно и да не сум го видела, ами провери пак, да не бил тука, а не си го забележала.
Е мор, не си единствена, може на прсти да ги избројам кои се видеа, тоа беше постирање и банирање во рок помалку од 10 минути