Јас сакам да прашам во врска со Консултации со гинеколози дали одговор ќе добиеме само на прашања поставени во темите кои се отворени од самите доктори или без разкика можеме да поставуваме прешања и во темите кои ги отвориле некои од членките од форумов. Ви благодарам
Ќе видиме, нели имаат можност два пати неделно да одговараат на прашањата. Сигурно ќе одговараат во темите кај што ги отвориле, ама зошто да не и кај другите теми, сепак од нив зависи.
Префрлено е во соодветната тема за изреки и поговорки во литература. Мислам дека се договоривме мислењата да се пишуваат во соодветните теми.
Зошто едно мислење кое го имам пишано дури пред еден месец, сега гледам пишува дека е испратено денес во 00:35, а тоа време воопшто не сум била уклучена, а и тоа мислење си го имаше порано, како сега пак?
Менди тоа беше моја грешка Јас се извинувам што ти направив недоразбирање.. Дека таа тема ја имав јас направено и разгледувајќи ја забележав едно копче Активирај ја темата така нешто беше, и од љубопитност го кликнав Незнаев дека постои вакво нешто и дека последното мислење во таа тема се обновува. Се извинувам и нема да се повтори..
Ајде, кажете ми што треба да направам, каде треба да се обратам за да ми се избришат мислењата од овој форум?
^ И јас, имам пријавено, ама незнам дали ми го избришале, ама искрено и не ме интересира... Ама кога ќе напишеш да те известат за тоа, каде доаѓа нотификацијата, или нема такво?
Па што не направат членовите сами да си редактираат кога веќе не се нафаќаат тие? Јас едноставно не сакам мислењата да ми стојат повеќе на форумот, зошто да ми биде ускратено тоа?
Зошто откако ќе помине 1 час, мислењето повеќе не се редактира? Тоа воопшто не ми се допаѓа...можеби сакаме да поправиме нешто, немора да биде ограничено со време... Или, кога сакаме да избришеме мислење, нека го бриашт кога ќе го пријавиме, или ние самите да имаме таква опција, после одредено време да можеме да ги редактираме и избришиме мислењата? Вака забунки се прават.
^ Како што имам прочитано профилот, односно сите мислења на корисникот не може да бидат избришани, затоа ќе си внимавате што пишувате на форумов. А ако мислите дека некое мислење не ви е соодветно не мора да го пријавувате 10 пати, доволно е еднаш да се пријави, па доколку мислењето не е избришано и милион пати да го пријавите нема да го избришат доколку сметаат дека нема причина, туку само дополнителна работа им правите на модераторите/администраторите што се одговорни за тоа. Glossy-girl порано било неограничено времето на редактирање и бришење мислења, но било многу злоупотребувано и тек тогаш настанувале огромни забуни. Затоа е сменето.
^Сум се збунила. Помешав нешто ама сега видов дека не е така, во темата за анализа на членови што беше дискусијата за пријавување на мислењата ми се увртело во глава дeка било за пријавување на сопствени мислења, ама погрешно сум запомнила
Јас пред некој ден пишував на друга тема за истово, и ме заинтересира. На форумов сум сретнувала мислења кои биле редактирани три дена откако биле испратени. Тоа правилата сега се променети или модераторската функција има некаква врска со тоа? И може да ми објасни некој зошто е тоа така, зошто не смеат да се бришат мислења? Каква функција има форумов, што е толку важно некој ако се откаже? Зошто се нечии постови толку битни за да стојат тука и без негова желба?