Темата е интересна, и за размислување и за дискутирање, секој имаше свое мислење за конкретното прашање но комуникацијата беше перфектно културна, цивилизирана и сосема коректна и одеднаш темата е под клуч, без никакво објаснување. Пред некој ден ќе се испотепавме на `Бакнување на децата во уста` па остана отворена а сега е заклучена тема каде дискусијата е сосема океј?
Изгледа само дискусии во кои има ниско интелигентни мајки со исклучително високо мислење за себе смеат да пишуваат на теми во кои има спроиставени мислења.
Ме интересира зашто форумов е преплавен од лажни профили? Откаде толку тролови искочија, зарем некој до толку нема шо да прави па зема си прави лажен профил и си трола? Си измислува приказни и као демек ИТНО бара помош?! Ма ајдее
Оти некој не сака да направи опција без 100 мислења да не може да отвори тема... Оти не се прави некој да реши некоја едноставна логичка задачка за да може да се зачлени. Оти не се бара писменост за да се пишува... И се ке беше океј ако знаев дека ова се прави за кликови, ама по тоа што активни и убави теми се затвораат чисто онака, без образложение и причина, навистина не знам што се случува.
Така си е! Какви асални теми кадешто имаше доста за дискусија се заклучија, додека некои други прости и дебилни измислени од тие лажните профили ете ги седат, и у нив можеш да се изначиташ свашта пред се приказни и сценарија од нивниот омилен филм! хааа него отиде форумов у бестрага! Нека ни е наздравје!
Значи алал да им е на админиве, видоа парички и сега рецка не ни маваат. Кај се видело ова, на друг форум го има ли бе ова!? Ќути, ќути, ќути, ама веќе стварно не знам што планирате со овој форум. Кога планирате да видите што се случува. Или дај да се испокараме за да се сетат дека имаат форум. И не знам какво оправдување ќе си измислите следниот пат кога ќе пишете, веројатно, за следната година за феминка на годината, ако воопшто има, пошто знаеме што бидна, а врти-сучи, ваша вина испаѓа. Ако сакате банирајте ме. Ама што е право, право е.
Јасно ви е дека Билката е тука само за Нова Година за подароците за нај форумџика, Михајло иде на престапна година, а за Емилија и Дијана легендата вели дека некогаш постоеле личности зад тие никови? Останатиов персонал се само 3-4, од кои само Реин на своја рака може и мора да решава за илјадници разгракани жени и теми, а другиве 2-3 имаат лимитиран пристап само до одредени категории, што не носи до тоа дека смешно е и нелогично од нив да се бара ангажираност која не можат да ја дадат. Не дека и јас сум нешто задоволна, посебно од Религија која е ко некои членови монолог да си воделе и се расправале сами со себе, ама штом нема админи да си средат персонал, џабе е сето џаболебарење и ги разбирам што работат на принцип боље спречити него лечити. р.ѕ. Прашање на време е и темава кога ќе ја пратат на вечни ловишта. Едит: Сега отворив...како бе сите се на сите категории, а некои уште спаѓаат под „обични“ т.е. локални модератори?
Не веρувам деκа неκој ќе добие бан, пошто потρебен е администρатоρ κој ќе те баниρа, а администρатоρи овде...баш и не гледам. П.С аκо одеднаш се појават и ме баниρаат, , сигуρно имам Пеρде !
^ За банирање не се потребни администратори, бидејќи право на банирање има, односно за тоа е овластена и Реин
Може ќе ми се смеете, ама мене не ми е јасно. Што се уствари тие Google Bot, Yahoo Bot и слично? Постојано ги гледам присутни во одредена категорија, а членови не се, не можеш да кликнеш на името.
Софтверски истражувачи. Служат да собираат информации за да можат да бидат достапни при пребарување. Пр. Google Bot, ги собира информациите од Фемина, за да подоцна истите да бидат достапни на Гугл.
некој кога ќе постави линк на форумов ( било каков линк од твитер, вебсајт итн. ) кога ќе кликнам на линкот вака излага и ништо не се покажува само бело стои , додека сакам да го видам треба copy paste да направам иначе не ми се отвара на клик
кога ти се појавува прозорецот за пишување пост(мислење),доле под копчињата Зачувај,Прегле,Испрати, имаш Опции, и до него Прикачи фајл. Ќе стиснеш на прикачи фајл, ќе ти се појави Choose File, ќе кликнеш на него, ќе ти се појави прозорче од компјутерот, ќе ја најдеш сликата ќе кликнеш на неа,ќе стиснеш Open, и ќе ти се затвори прозорецот. Потоа стискаш на Додај го фајлот, ќе ти се рефрешира цела страна, кликаш со маусот во делот накаде сакаш да ти биде сликата, и потоа доле стискаш на Постави како текст, кога ќе го завршиш постот, по испраќањето би требало да се појави.
Зошто прво ми излегува вака: А кога ќе ја отворам категоријата, вака: Всушност, последното мислење е на zalosna, зошто пишува Anabelle.Amorette?